Свет
Ми наредија да рикам како лав
Триесетгодишниот битолчанец Сашо Ралевски, професионален војник под договор во АРМ, неможејќи да ги оствари своите права од Договорот за работа, поднесе три тужби пред Основниот суд во Битола против Министерството за одбрана на РМ.
ПРОФЕСИОНАЛЕН ВОЈНИК ПОД ДОГОВОР ВО АРМ ГО ТУЖИ МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА
Триесетгодишниот битолчанец Сашо Ралевски, професионален војник под договор во АРМ, неможејќи да ги оствари своите права од Договорот за работа, поднесе три тужби пред Основниот суд во Битола против Министерството за одбрана на РМ. Тој тужи за неисплатени плати и придонеси за 10 месеци, за неиспластување надомест на штета од повреда на работно место и против решението за престанок на работниот однос. Тој никогаш нема да го заборави и малтретирањето од претпоставените во караулата ,,Свети Наум’’.
“Ни наредуваа да ги гушкаме и да ги бацуваме граничните камења, а водникот Игор ни нареди да рикаме како лавови. И на караулата ,,Три шилци’’ доживеавме малтретирања. Моравме да пешачиме по 6-7 километри, оти не сакаа да ни дозволат да користиме возило”. – вели Ралевски.
,,На работа во АРМ бев примен на 23. април 2003 година, како поранешен припадник на единицата за брзи интервенции “Лавови” и до пред една недела, како професионален војник под договор, извршував задачи во единицата ,,Леопарди’’ во Охрид. Од декември 2004 година, заклучно со септември 2005 година, намам добиено ниту плата, ниту хранарина и патни трошоци, ниту пак ми биле исплатувани придонесите од вработувањето’’- вели Ралевски.
,, На 26.јуни 2003 година, при извршувањето на службени задачи, доживеав несреќа во која тешко бев повреден. Во костозглобната болница ,,Свети Еразмо’’ во Охрид ми беше констатирана тешка повреда на Ахиловата тетива и ногата ми беше ставена во гипсена чизма. Лекарите ми одредија боледување. Но моите претпоставените старешини не го прифатија боледувањето и не сакаа ниту да ми ја признаат повредата како повреда на работно место’’ – раскажува Ралевски.
,, На 28.март, годинава добив решение за престанок на работниот однос, со образложение дека не сум задоволувал за најмалку еден критериум при оценувањето. Против решението поднесов жалба до второстепената комисија при Владата на РМ. По неполни 5 месеци од донесувањето на решението за престанок на работниот однос, на 16. август Министерството за одбрана со мене склучи Анекс-договор за правата и обврските, потпишано лично од генерал-мајорот Мирослав Стојановски, а 5-ти септември добив решение со кое мојата жалба против решението за престанок на работниот однос се одбива како неоснована од страна на второстепената владина комисија’’ – вели Ралевски.
,, До пред една недела, секојдневно од Битола патував на работа во Охрид, иако не добивав пари ниту за патните трошоци. Но, бев упорен, како што бев упорен и во одбраната на Македонија уште од самиот почеток на воениот конфликт од 2001 година. Како доброволец, на 17 март 2001 година се пријавив во битолската касарна, од каде бев распореден во касарната во Кичево, а потоа на караулата ,,Попова шапка’’, како патрола во воената гранична полиција’’ – раскажува Ралевски. ” Прво бев во единицата ,,Црвени беретки’’, која подоцна се преименува во единица за брзи интервенции ,,Лавови’’ и во неа останав се до нејзиното расформирање. На обуката, што ја изведуваа ,,Волците’’ и ,,Тигрите’’ постигнав највисоки резултати и бев распореден на терените: Приљубиште, Јегуновце, Жилче и Ратае’’ – вели Ралевски.
,, По завршувањето на воениот конфликт како професионален војник под договор бев распореден на караулата ,,Свети Наум’’ од каде што по извесно време бев прекомандуван на караулата ,,Три шилци’’ во обезбедувањето на државната граница. Боледувањето не ми го признаваа, а од годишниот одмор едвај успеав да искористам само половина’’ – вели Ралевски и додава дека правдата ќе ја бара и пред меѓународните институции.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Захарова: САД ги користат вештачко поттикнатите немири во Иран како изговор за повторување на нападите врз земјата
Руското Министерство за надворешни работи остро ги критикуваше САД за „заканите за нови воени напади“ врз Иран, а заканата на американскиот претседател Трамп за воведување трговски царини ја нарече „уцена“.
Портпаролката на министерството, Марија Захарова, изјави дека заканите на САД за напади врз Иран се „категорично неприфатливи“. Таа ги предупреди САД да не ги користат немирите во Иран како „изговор“ за повторување на нападите врз земјата, откако американските воздухопловни сили нападнаа три нуклеарни објекти во јуни минатата година.
Според неа, таквата акција би имала „катастрофални последици“ на Блискиот Исток, „како и за глобалната меѓународна безбедност“.
„Исто така, цврсто ги отфрламе бесрамните обиди за уценување на странските партнери на Иран со зголемување на трговските царини“, рече таа, осврнувајќи се на најавата на Трамп за царина од 25 проценти на американскиот увоз за трговските партнери на Иран.
Коментирајќи ги антивладините демонстрации во Иран, таа рече дека „вештачки предизвиканите протести“ се смируваат, што дава надеж за „постепена стабилизација на ситуацијата“.
Европа
Зеленски се обиде да го назначи поранешниот премиер за министер за енергетика, парламентот го одби
Украинските пратеници го отфрлија назначувањето на министерот за одбрана во заминување Денис Шмихал за министер за енергетика, што е ретка критика кон претседателот Володимир Зеленски додека се обидува да ги реорганизира клучните сектори во критичен момент од војната со Русија.
Шмихал, кој беше премиер пет години пред да биде преместен во Министерството за одбрана минатата година, беше назначен од Зеленски да го води енергетскиот сектор потресен од обвинувања за корупција и руски напади врз инфраструктурата.
Последната постојана министерка за енергетика беше отпуштена минатата година поради корупциски скандал во кој беше вклучен нејзиниот претходник.
За номинацијата на Шмихал беа потребни 226 гласови за да биде одобрена. 210 гласаа „за“, а три опозициски партии беа воздржани.
Шмихал беше номиниран како дел од големата реконструкција на кабинетот, додека Киев се соочува со растечки руски притисок во војната што влегува во својата петта година следниот месец.
Свет
Поранешниот јужнокорејски претседател се соочува со смртна казна
Јужнокорејски обвинител денес побара смртна казна за поранешниот претседател Јун Сук-Јол по обвинение за бунт откако земјата накратко прогласи вонредна состојба во декември 2024 година.
Јун е обвинет за заговор за бунт, кривично дело кое носи строга казна според јужнокорејскиот закон, вклучително и смртна казна доколку биде осуден, иако Јужна Кореја не ја извршува смртната казна со децении.
Во своите завршни зборови пред Окружниот суд во Сеул, обвинителот рече дека истражителите потврдиле дека постоел план, наводно предводен од Јун и неговиот поранешен министер за одбрана Ким Јонг-хјун, кој датира од октомври 2023 година и е дизајниран да му овозможи на Јун да остане на власт.
Јун, 65, ги негира обвиненијата. Тој рече дека имал овластување да прогласи вонредна состојба како претседател во тоа време и дека потегот имал за цел да предупреди дека опозициските партии се обидуваат да ја опструираат владата. Се очекува судот во Сеул да донесе одлука во февруари.

