Регион
Европската аристократија на роденденот на српскиот принц Караѓорѓевиќ

Српскиот принц Александар Втори Караѓорѓевиќ, престолонаследник на последниот владетел на некогашното Кралство Југославија Петар Втори Краѓорѓевиќ, приреди во Белиот дворец во Белград гала вечера по повод својот 70-ти роденден на која присуствуваа повеќе од 500 гости од целиот свет.
Шведскиот крал Густав со кралицата Силвија, принцот Алберт од Монако, шпанската кралица мајка Софија, принцот Никола Петровиќ Његош од Црна Гора, принцот Раад Бин Заид и принцезата Маида Бин Заид од Јордан, како и припадници на други аристократски семејства, од кои најголемиот дел првпат се во Србија, беа некои од гостите кои на својата роденденска прослава ги собра принцот Александар.
Принцот и неговото семејство гостите ги пречекаа со музиката на „Кралските гудачи на сети Ѓорѓи“, детски хор и академското културно-уметничко друштво „Лола“, кои претставија сплет српски традиционални народни песни и игри.
„Постојано вработени во Дворецот сме 25 лица, но ангажиравме уште 40 волонтери и повеќе од 80 келнери“, изјавиле за српските медиуми од протоколот на принцот Александар.
Медиумите коментираат и дека едно од најпрестижните општествени случувања во Србија, била можност и тамошните политичари и деловни луѓе да се сретнат со аристократите чии земји се влијателни во Европската унија./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.