Црна хроника
Тешко повредено 2-годишно дете во сообраќајка кај Лозово

Едно двегодишно дете е тешко повредено во сообраќајка што се случила во саботата околу пладне,на магистралниот пат во близина на Лозово, во правец од Велес-Штип.
Сообраќајката се случила кога Ч.Ц.(72) од Скопје управувајќи автомобил „Тојота Јарис“ со скопски регистарски ознаки излетал од коловозот и удрил во бетонски столб.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобило дете сопатник на возраст од две години, кое по укажаната лекарска помош во Клиничкиот центар во Штип е префрлено во Ургентниот центар во Скопје.
Увид на местото на настанот извршила екипа од полициската станица во Свети Николе и се работи на целосно расчистување на случајот./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.