Црна хроника
Идентификувани убиениот и повредените во струшко

Дваесет и тригодишниот Фитим И. од струшкото село Долна Белица е убиен во пукањето што се случи во неделата вечерта околу 22.30 часот на патот Струга-Долна Белица.
Осумнаесетгодишно момче од истото село е тешко повредено и од специјалната болница „Свети Еразмо“ во Охрид е пренесено во Ургентниот центар во Скопје, а четириесет и петгодишен жител на струшкото село Велешта е опериран во Општата болница во Струга и е задржан на лекување.Струшката полиција интензивно трага по лицата кои пукаа. Според истрагата на струшкото Јавно обвинителство неколку лица од возило пукале кон група лица меѓу кои биле убиените и повредените. Причина за пукањето биле меѓусебни нерасчистени односи.На местото на настанот извршен е криминалистичко-технички увид предводен од Јавен обвинител при Основното јавно обвинителство Струга во содејство со полициски екипи. Притоа, пронајдени се и подигнати чаури од пиштолска муниција и чаури од автоматска пушка како и други предмети кои ќе се вештачат во Министерството за внатрешни работи во Скопје. Секторот за внатрешни работи Охрид и полициската станица од Струга презема и други дополнителни мерки за утврдување на сторителот на кривичните дела. /крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Крадци го разбиле катанецот и украле сандаци со пчели и мед во Штип

Вчера во СВР Штип, Г.Г. (47) пријавил дека во периодот од 12 до 16 август, со употреба на сила, бил отстранет катанец од метална врата на ограден простор под магистралниот пат Штип-Радовиш.
Според пријавата, одземени се сандаци од пчелни семејства, мед и други предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Бабата алармира: мајка физички го малтретирала тримесечното бебе во Струмица

Вчера во СВР Струмица, 40-годишна жена пријавила дека нејзиното тримесечно внуче било физички малтретирано од мајка му, сопруга на нејзиниот син.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.
Топ
Две лица тешко повредени во групна тепачка во Скопје, полицијата апсеше од тинејџери до 50-годишни

Вчера на улицата Славеј планина во Скопје дошло до групна тепачка помеѓу неколку лица на возраст од 18 до 56 години.
По пријава во Полициската станица Бит Пазар, биле приведени С.Д. (50), С.С. (56), А.А. (19), С.Џ. (18), Џ.Р. (21), А.Д. (25), С.Д. (18) и Д.Д. (31), сите од Скопје.
Во тепачката биле користени разни тврди и остри предмети, а со тешки телесни повреди се здобиле С.Д. (33) и А.Д. (27). Уште неколку лица се здобиле со полесни повреди.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.