Македонија
Австралија: македонски организации ја осудија Тирана заради пописот
Австралиско – македонскиот комитет за човекови права (АМХРЦ) и Македонското меѓународно движење за човекови права (МХРМИ) го осудуваат малтретирањето на македонското малцинство во Албанија за време не пописот, кое што беше спонзорирано од државата, се вели во соопштението на овие две организации.
Австралиско – македонскиот комитет за човекови права (АМХРЦ) и Македонското меѓународно движење за човекови права (МХРМИ) го осудуваат малтретирањето на македонското малцинство во Албанија за време не пописот, кое што беше спонзорирано од државата, се вели во соопштението на овие две организации.
Во регионот на Голо Брдо во Албанија, се вели во соопштението, инструкторите на пописните комисии отворено изјавувале дека македонскиот јазик ќе биде исклучен како можен одговор на прашањето за јазикот кој се говори дома. Ова подоцна се потврдило и на терен, кога и други извори потврдија дека попишувачите ги прескокнувале прашањата 38 и 39, кои се однесуваат на мајчиниот јазик и на етничката припадност.
„Се чувствуваме како загрозен вид, едноставно не избришаа“, се цитираат во соопштението зборовите на Едмонд Османи, потпретседател на Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ), партија на Македонците во Албанија.
Иако официјално негира, албанската држава спроведува ригидна зонска политика за МАЛЦИНСТВАТА.
„Ако имате зона на малцинство, како што е преспанскиот регион, вие автоматски го губите статусот на Македонец и станувате Албанец“, вели Васил Стерјо од МАЕИ.
Од друга страна, потсетуваат овие две организации во своето соопштение, албанското малцинство во Македонија незаконски го зголемија бројот на припадниците на ова малцинство во земјата, за да биде над 20 проценти од вкупното население и за да можат Албанците да си го задржат привилегираниот статус меѓу македонските малцинства. Теренските извештаи кои ги добиле овие две организации посочуваат дека во република Македонија се одвиваат два пописа: еден во западните делови на земјата, каде што живеат Албанците и другиот во остатокот од државата. Во западна Македонија се применувале методи за идентификација кои се во целосна спротивност на меѓународните регулативи од оваа област.
АМХРЦ и МХРМИ ја осудуваат албанската влада поради нејзиното одбивање да ја промени својата политика кон малцинствата и одбивањето да ја разгледа заедничката декларација потпишана од сите малцинства во Албанија.
„Ние ги повикуваме ЕУ, ОБСЕ и другите релевантни институции да ја потврдат неправилноста на пописот во Албанија и огромните нерегуларности во Македонија и да преземат чекори кои ќе овозможат правилна имплементација на пописот“, се вели во соопштението на овие две македонски организации од Австралија.
АМХРЦ е невладина организација основана во 1984 година, чија цел е да ги информира и да се залага пред меѓународните институции, владите и другите организации за се во врска со борбата против расизмот и промовирањето на човековите права. Нивна основна цел е да помогнат македонските заедници, но и другите исклучени социјални групи ширум светот да бидат признаени, почитувани и да добиваат пригоден третман.
МХРМИ е организација која од 1986 година години е активна во областа на заштита на човековите и националните права на Македонците, но и на другите експлоатирани народи и етнички групи. /крај/со/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Угинат балкански рис најден на патот Ресен – Охрид, постојат само 50-тина единки од овој вид
Угинат рис денеска е пронајден на патот Ресен – Охрид. Од Македонското еколошко друштво (МЕД) велат дека ваквиот случај не треба да нè остави рамнодушни, особено ако се земе предвид дека постојат уште само 50-ина единки на балканскиот рис.
„По дојава од Здружението на ловци „Преспа-Ресен“, денеска на терен констатиравме дека е угинат рис на патот Ресен-Охрид. Во тек е координирана акција со Министерството за животна средина и просторно планирање, Државниот инспекторат за животна средина, Агенцијата за храна и ветеринарство и Македонското еколошко друштво со цел земање примероци за анализа и транспортирање на угинатото животно на Факултетот за ветеринарна медицина при УКИМ – Скопје заради обдукција“, велат од МЕД.
Од таму велат дека за зачувување на загрозените видови потребно е да се изградат зелени мостови.
„Ваквите случаи не нè оставаат рамнодушни, особено ако се земе предвид дека постојат уште само 50-на единки на балканскиот рис. Истовремено, се јасен показател дека ако сакаме да ги зачуваме загрозените видови, мора да се планираат и градат зелени мостови преку кои животните ќе можат безбедно да се движат и да ги надминуваат пречките создадени од човекот“, велат од МЕД.
фото/Facebook/Македонско еколошко друштво
Македонија
Ѓорѓиевски на ифтарска вечера: Ваквите моменти нè потсетуваат дека различностите се наше богатство
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на покана на поглаварот на Исламската верска заедница, присуствуваше на ифтарска вечера.

„Таму каде што почитта нè обединува! Вечерва, на покана на поглаварот на Исламската верска заедница, Реис ул-Улема, присуствував на традиционалната ифтарска вечера со нашите браќа и сестри од исламска вероисповед. Во духот на меѓусебната почит, разбирање и искрена човечка блискост, вечерта помина во пријатна и топла атмосфера, испраќајќи силна порака за соживот, толеранција и заедништво. Токму ваквите моменти нè потсетуваат дека различностите се наше богатство, а почитта, наш заеднички темел“, напиша Ѓорѓиевски.

Додаде дека рамазанските денови се денови на духовна сила, добрина, солидарност и обединување, денови кога се отвораат срцата, кога се помага на ближниот и кога уште повеќе се зацврстуваат врските меѓу луѓето.
„Да продолжиме да се почитуваме, да се поддржуваме и да останеме сплотени, за заедно да ја оствариме нашата мисија – силно и модерно Скопје и просперитетна Македонија“, напиша градоначалникот.
Македонија
Предлогот за минимална плата од 600 евра не помина на Комисија во Собрание
Предлогот минималната плата да се зголеми на 36.960 денари (600 евра) од март, денеска не помина на седницата на собраниската Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика, откако официјално беше поднесен од пратеничката група на СДСМ.
Од опозицијата обвинија дека власта освен предлогот за јавна расправа го одбила и разговорот меѓу синдикатите, работодавачите и Владата.
„Предлогот за изменување и дополнување на Законот за минималната плата, поднесен од пратениците на СДСМ денеска не беше прифатен на собраниската Комисија за економски прашања. За законот дебатираа само пратениците од опозицијата. Власта го одби и предлогот за јавна расправа, одби разговор меѓу синдикатите, работодавачите и Владата. Одбија решение за работниците. Одбија 600 евра минимална плата“, велат од СДСМ.
Според нив, власта има пари за луксузирање, за мебел, чанти, авион ама нема за поголеми плати за раотниците.
„Парите за авионот не е исфрлени, нема реабаланс на Буџетот, затоа што немаат намера да се откажат. Гледаме координирана кампања на 40% од медиумите кои ги држат во сопственост преку Орбан, со наратив дека „потребен е авион“. Не запираат. Има за авион. Има за мебел. Нема за плати. Дефокус не го полни фрижидерот. Со дефокус не можете да ја оттурнете главната тема и да ги оставите работниците без леб. Мислите дека со дефокус ќе се избрише сеќавањето на авионот, часовниците од 65.000 евра, чантите од 30.000 долари?“, прашуваат од СДСМ.

