Свет
Катастрофален земјотрес на Хаити од 7,3 степени
Амбасадорот на Хаити во САД изјавил дека неговите информации говорат за разорен земјотрес кој го погодил главниот град Порт-о-пренс
Амбасадорот Рејмонд Аклсид Џосеф изјавил дека од претседателскиот кабинет му кажале дека многу згради се урнати.Што се однесува до жртвите, амбасадорот изјавил дека се’ уште хуманитарната органзиација Ворлд визион не може да даде приближна бројка, туку известила дека бројката загинати и повредени е голема. Џозеф рекол дека само му кажале дека ова ќе биде катастрофа.Силниот земјотрес со магнитуда од 7,3 степени по Рихтер утринава околу 1.30 часот по полноќ по македонско време (16.30 по локално) ги погоди Хаити. Епицентарот бил 15 километри западно од главниот град Порт-о-пренс, на длабочина од само осум километри. Според последните агенциски информации тешко е оштетена и болницата во главниот град. И Обединетите нации информираа дека и зградата на нивната мисија е тешко оштетена. Исто така, прогласена е опасност од цунами.Се’ уште нема податоци за мртвите и за штетите, но од Американскиот геолошки институт тврдат дека бројката на загинати и повредени ќе биде многу голема. По првиот силен земјотрес, следеле уште две тресења на почвата со магнитуди од 5,9 и 5,6 степени, а геолозите оечкуваат земјата да продолжи да се тресе и натаму. Според американскиот геолог Дејл Грант, ова е најсилниот земјотрес кој се случил на ова подрачје, по оној од 1984 г. кој имаше магнитуда до 6,7 степени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Нов аларм во Лос Анџелес: „Ова ќе биде најстрашната катастрофа во нашата историја“
Силни ветрови се очекува да продолжат да дуваат низ Лос Анџелес денеска, што потенцијално ќе ги загрозат напорите за гаснење на двата шумски пожари кои опустошија цели населби и убија најмалку дваесет луѓе. Сувите ветрови од Санта Ана со брзина од 80 до 112 километри на час се очекува да продолжат да дуваат до среда, соопшти Националната метеоролошка служба, издавајќи црвено предупредување за „особено опасна ситуација“.
Гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, изјави дека во текот на викендот државата претходно распоредила пожарникари во најзагрозените области, вклучувајќи ги и оние околу пожарите Палисадес и Итон, два од најголемите што избувнале во Јужна Калифорнија. Најмалку 24 лица загинаа во пожарите што избувнаа минатиот вторник.
Пожарот претвори цели населби во урнатини кои тлееа, оставајќи зад себе апокалиптичен пејзаж. Официјални лица тврдат дека најмалку 12.300 згради биле уништени или оштетени. Њусом рече дека огнената бура може да биде најразорната природна катастрофа во американската историја, имајќи предвид дека уништи илјадници домови и доведе до евакуација на десетици илјади жители. AccuWeather, приватна метеоролошка организација, ја процени штетата меѓу 135 и 150 милијарди американски долари.
Враќањето на силниот ветер го загрозува тешко постигнатиот напредок на противпожарните бригади во локализирањето на пожарот. Во текот на викендот, пожарникарите на земја и од воздух успеаја да го задржат пожарот Палисадес додека се приближуваше до луксузната населба Брентвуд и напредуваше кон густо населената долина Сан Фернандо на север.
Во пожарот во Итон во подножјето источно од Лос Анџелес изгореа 57 квадратни километри, но пожарникарите контролираа 33 отсто од пожарот.
Северно од градот, пожарникарите го ставија пожарот во Херст 89 отсто под контрола и целосно задржаа три други пожари што ги погодија другите делови на државата, соопшти Калифорниското биро за шумарство и противпожарна заштита.
Очекувајќи враќање на силните ветрови, властите го предупредија целото население на округот Лос Анџелес од речиси 10 милиони да биде подготвено за евакуација. Повеќе од 100.000 луѓе беа под наредба за евакуација од неделата попладне, што е помалку од 150.000 претходно.
Припадниците на вооружените сили се подготвени да помогнат во борбата против пожарот, рече Дин Крисвел од Федералната агенција за управување со катастрофи (ФЕМА) во серија телевизиски интервјуа во неделата, повикувајќи ги жителите да почнат да аплицираат за помош при катастрофи.
Пожарникарите од седум држави, Канада и Мексико веќе пристигнаа во областа на Лос Анџелес за да им помогнат на противпожарните станици во Калифорнија.
Свет
Скандал во Финска: Во парламентот пронајдени траги од дрога
Финскиот јавен сервис Yle пронашол остатоци од дрога во три различни тоалети во финскиот парламент, пренесуваат медиумите во регионот.
Врз основа на резултатите од тестирањето на тоалетот за време на традиционалната годишна божиќна забава, биле пронајдени траги од амфетамин, екстази или МДМА и кокаин.
Покрај пратениците, меѓу гостите имало и вработени во пратеничките групи, помошници на министри и новинари, меѓу кои и новинари од Yle, според написите во медиумите од регионот.
Кале Лагерблом, оперативен директор на лабораторијата Мезурлабс, кој ги толкуваше резултатите, процени дека количината на остатоци од дрога е мала.
„Резултатите може да се сметаат за сосема безбедни. Остатоците се навистина мали, но очигледно има остатоци“, посочи тој.
Остатоци од дрога биле пронајдени само во тоалетите, на подот каде се одржувала божиќната веселба, додека во двата тоалета на третиот кат немало остатоци.
Со оглед на тоа што употребата на дрога е се почеста појава во Финска, јавниот сервис сакаше да открие дали трагите од употреба на дрога во Финска стигнуваат до просториите на парламентот, односно таму каде што пратениците донесуваат закони за дроги.
Според анкетите во Финска, се повеќе луѓе имаат пробано дрога.
Процентот на луѓе кои пробале и користеле дроги континуирано се зголемува од 1990-тите до 2020-тите, според извештаите од Институтот за здравје и благосостојба (THL), пренесуваат медиумите.
Околу милион луѓе во Финска пробале канабис, додека во 2023 година од оваа дрога починале рекорден број луѓе, вкупно 310 лица.
Свет
Два земјотреси со јачина од 4,9 и 5 степени го погодија тибетскиот округ Тингри
Два земјотреси со јачина од 4,9 и 5,0 степени според Рихтеровата скала денеска го погодија округот Тингри во Тибет, соопшти Кинескиот центар за земјотресни мрежи.
Во моментов нема информации за евентуални жртви или материјална штета, пренесе Ројтерс.
Тибет минатата недела беше погоден од земјотрес со јачина од 6,8 степени според Рихтер, при што загинаа 126 лица, а 337 беа повредени.