Скопје
Со ’Илинденски етно фест’ заокружено одбележувањето на Денот на Општина Илинден
Со општонароден собир под мотото „Со Илинден традицијата продолжува“ и „Илинденски етно фест“, Општина Илинден го заокружи одбележувањето на Денот на Општината – Илинден 2-ри август и националниот празник на македонскиот народ.
Со општонароден собир под мотото „Со Илинден традицијата продолжува“ и „Илинденски етно фест“, Општина Илинден го заокружи одбележувањето на Денот на Општината – Илинден 2-ри август и националниот празник на македонскиот народ.
Централната манифестација по повод патрониот празник и годинава Општина Илинден со поддршка на Македонската православна црква ја организираше во манастирскиот комплекс „Свети Ѓорѓија“, во Дељадровци.
Првпат во рамките на одбележувањето на Денот на Општината беше организиран „Илинденски етно фест“, фестивал на традиционални македонски песни со нови аранжмани во исполнение на ѕвездите на македонската естрада.
Неколку илјади граѓани имаа ретка можност да уживаат во прекрасниот амбиент и звуците на изворната македонска песна интерпретирана од Виолета Томовска, Атина Апостолова, Сузана Спасовска, Круме Спасовски, Мишко Крстевски…или, вкупно 16 реномирани естрадни уметници чиј настап беше проследен со бурни аплаузи.
Централната манифестација почна со положување свежо цвеќе на гробот на владиката полошко-кумановски г. Кирил кој е погребан токму во овој манастирски комплекс. Веднаш потоа следуваше обраќање до присутните на градоначалникот Жика Стојановски и претседателот на Советот, Марјан Молошевски.
Градоначалникот Стојановски истакна дека Општина Илинден стана успешна инвеститорска дестинација која со секој нов ден создава услови за влез на нови инвестиции, благодарејќи на кои е намалена невработеноста во општината далеку под 20 проценти.
Во знак на благодарност за учеството на првиот „Илинденски етно фест“, за кој постои огромна желба да прерасне во традиција, градоначалникот Стојановски на сите учесници на фестивалот им додели посебни плакети./крај/мф/сд
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Паркингот во Центар денеска е бесплатен
По повод Македонските претседателски и парламентарни избори, од ЈП Паркинзи на општина Центар известуваат дека денеска паркиралиштата со кои стопанисува јавното претпријатие ќе бидат без наплата за сите граѓани.
Дирекцијата на ЈП Паркинзи на Општина Центар во катната гаража „Судска палата“ нема да работи, а сите услуги можат да се користат електронски на www.poc.mk.
Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и работењето на дирекцијата ќе продолжат од утре со вообичаено работно време.
Скопје
Извршена ларвицидна дезинсекција во општина Илинден
Во согласност со програмата за спроведување општи мерки за заштита на населението од заразни болести за 2024 година, Општина Илинден во координација со екипите на ДТУ ТОКСИ ВЕТ – Скопје, реализира прскање против ларви од комарци на целата територија на општината.
Во согласност со елаборатот за спроведување на превентивна дезинсекција за спречување и искоренување вектор преносливи заболувања, во овој период се врши ларвицидна дезинсекција на водни површини за уништување ларви од комарци.
Со третирањето се опфатени сите водни површини на отворените одводни канали (главни, секундарни и терцијални), речното корито на Сува Река и вештачката акумулација во Бучинци, на вкупна површина од 50 хектари.
Дезинсекција се врши со еколошко средство, кое е безопасно за здравјето на луѓето, одобрено и пуштено во промет од Бирото за лекови.
Скопје
Оваа сабота во „Јавна соба“: базар на втора рака облека, накит, книги и детски играчки
Трендот во големите градови и културата е рециклирање и рекреирање веќе на постојното. Колку понапредни општествата, толку повеќе се рециклира, се води сметка за животната околина и сè погласна и популарна е second hand модата.
Скопје полека ја прегрнува оваа нова филозофија, но колку е поголема и подобра понудата – толку повеќе ќе има интерес од страна на потрошувачите и ќе има поголем успех.
Оваа сабота (11 мај) во „Јавна соба“, под слоганот „Second hand е подобро од ново“, почнува базарот, каде што посетителите може да си набават добро сочувано парче гардероба, чевли, накит, книга или можеби некоја играчка. Ќе има многубројни штандови со разноразни парчиња, кои дефинитивно заслужуваат втора шанса.
И сето тоа во еден забавен, опуштен и пријателски амбиент, еве неколку причини зошто е подобро да купувате работи од втора рака:
– заштеда на пари;
– помагање на животната средина и зачувување на природните ресурси;
– поддржувате локален и мал бизнис;
– развивате уникатен стил;
– имате чувство како да сте во потрага по богатство.