Спорт
Утревечер Мекејлеб со Сиена гостува кај Барселона
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/11/bf6612cc-868a-4b12-89fb-829795e6e768.jpeg)
Гостувањето на италијанскиот првак Монтепаски Сиена во Барселона е дерби натпреварот, кој утревечер ќе се одигра во рамките на четвртото коло, во кошаркарската Евролига.
Гостувањето на италијанскиот првак Монтепаски Сиена во Барселона е дерби натпреварот, кој утревечер ќе се одигра во рамките на четвртото коло, во кошаркарската Евролига. Предводник на теренот, на екипата на Монтепаски е македонскиот репрезентативец Лестер Бо Мекејлеб. Натурализираниот Македонец во воведните три евролигашки кола во просек постигнува по 17,7 поени, а зад своето име запишува и 3,7 асистенции, два скока и две украдени топки. Двата тима партиципираат во Д групата, по првите три средби тие имаат максимален ефект. Покрај Мекејлеб, утревечер на паркетот ќе излезе и Владо Илиевски со својот тим Анадолу Ефес. Турскиот преставник во рамките на Ц групата ќе го пречека израелскиот шампион Макаби. Илиевски во трите меча за Ефес има просек од 4,3 поени, 2.3 скока и 3,7 асистенции. Покрај овој меч во Ц групата ќе се одиграат натпреварите Шарлроа-Армани и Партизан-Реал Мадрид. Интересен меч се очекува и во Атина, актуелниот првак во Евролигата, Панатинаикос ќе ја пречека ЦСКА Москва, во Б групата покрај овој меч ќе се одигра и натпреварот Жалгирис-Бамберг. Во единствениот меч во А групата ќе играат Нанси и Каха Лаборал. крај/макфакс/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Спорт
(Видео) Дебитантот Гарсија во 93.минута го однесе Реал во полуфиналето на Купот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/12801484.jpg)
Реал Мадрид победи со 3:2 кај Леганес во четвртфиналето во Купот кралот. Реал имаше 0:2, на крајот во 93.минута с голот на дебтантот Гонзало Гарсија, напаѓач на Б тимот на Реал избори пласман во полуфиналето.
Гостите поведоа преку капитенот Лука Модриќ, кој погоди во 18. минута на асистенција на Родриго. Ова беше трет гол за Модриќ сезонава, а има и пет асистенции. Седум минути подоцна Ендриг ја зголеми предноста на Реал.
Леганес сепак успеа да се врати во мечот. Двоен стрелец беше напаѓачот Хуан Круз. Најпрвин во 39. минута погоди од пенал, а потоа во 59. минута по убав потег го израмни резултатот.
Гонзало Гарсија, напаѓачот на Б тимот му донесе победа на Реал Мадрид во драматичен натпревар. Гарсија со глава на асистенција на Брахим Дијаз во 93. минута го однесе Реал во полуфиналето.
Во вторникот, место во полуфиналето си обезбеди Атлетико Мадрид, со убедливата победа (5:0) над Хетафе.
Утре четвртфиналните натпревари ќе ги одиграат Валенсија и Барселона, односно Осасуна и Реал Сосиедад.
Спорт
(Видео) Њукасл повторно го победи Арсенал – „Страчките“ ќе се борат за пехарот во Лига купот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/12801349.jpg)
Њукасл со вкупен резулта 4:0 го елиминира Арсенал и се пласира во финалето во Лига купот на Англија. По победата во Лондон 2.0, пред еден месец, „страчките“ со идентичен резулта славеа и на домашен терен. „Страчките“ прв пат по 1955 година ќе се борат за трофеј во англискиот фудбал.
И во реваншот Њукасл одигра одличен натпревар. Црно-белите беа агресивни на стратот, а Исак уште еднаш покажа дека е во фантастична форма.
Не постигна гол, но несомнено беше во центарот на вниманието. Најпрво Швеѓанецот во четвртата минута и побегна на одбраната на Арсенал и со прецизен удар од 16 метри го совлада Раја. Судиите потоа долго време ги гледаа снимките од ВАР и цртаа линии кои покажаа дека Исак бил во офсајд.
Сепак, Њукасл поведе во 19. минута, кога Исак повторно лесно ја избегна одбраната на „топчиите“, овојпат шутираше дијагонално од левата страна, ја погоди стативата, топката се одби до Марфи, кој ја испрати одбиената топка во мрежата.
Гостите се бореа, имаа една добра шанса за израмнување, но Тросар не ја искористи во 24. минута Дубравка го одбрани ударот и ја испрати топката во корнер.
Натпреварот дефинитивно беше решен на стартот од вториот дел. Гордон најпрвин имаше шанса по лошата реакција во одбраната на Арсенал, во 49.минута, но не беше прецизен.
Слична ситуација се повтори и три минути подоцна, голема грешка направи голманот Раја, а 23-годишниот напаѓач го казни неговиот кикс.
Њукасл во финалето ќе игра против победникот од второто полуфинале во кое играат Тотенхем и Ливерпул. Во првиот меч во Лондон, Спарс победија со 1:0, реваншот е закажан на „Енфилд“ во четврток од 21 часот.
Спорт
Ракометарите и ракометарките се 19. на најновата листа на ЕХФ
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/475180019_948683097393490_5426593738830848462_n.jpg)
Фото/ facebook.com/rfmofficial
Светското првенство во ракомет што се одржа во Хрватска, Данска и Норвешка заврши во неделата. Данска го освои златото, Хрватска заврши на второто место, додека Франција со триумфот над Португалија го освои третото место.
Македонија имаше добра настап на 29.Светско првенство. Избори пласман во втората фаза, а во главната група го освои четвртото место. Во конечниот поредок Македонија заврши на 15. позиција.
ЕХФ денеска го објави рангирањето на најдобрите европски репрезентации во машка и женска конкуренција. Македонските ракометари и ракометарки се на 19.место.
ЕХФ ги следи резултатите постигнати на Европските и Светските првенства и ги бодува и формира ранг-листата земајќи ги предвид резултатите од изминатите две светски првенства и две европски првенства. Ова важи и за машките и женските национални тимови.
Најдобрите ракометни тимови во Европа:
Мажи:
1. Данска 112 поени
2. Франција 105
3. Германија 82
4. Шведска 79
5. Хрватска73
6. Унгарија 66,5
7. Португалија 65
8. Норвешка 65
9. Исланд 58
10. Шпанија 56
….
19. Македонија 27,75
Жени:
1. Норвешка 116
2. Франција 103
3. Данска 102
4. Шведска 86
5. Холандија 77
6. Германија 74
7. Унгарија 67
8. Црна Гора 66
9. Шпанија 51
10. Словенија 49,5
…
19. Македонија 23.