Контакт

Свет

„Со песни за Раиса“ Горбачов собира пари за болните деца

Објавено пред

Продавајќи го единствениот примерок од дискот, фондацијата „Раиса Горбачова“ одржа аукција собирајќи пари за децата заболени од рак

dobivaj vesti na viber

Две децении откако беше најзаслужен за паѓањето на Железната завеса меѓу двата воени блока и за демонтирањето на комунистичкиот систем, Михаил Сергеевич Горбачов сними компакт диск на кој сам пее а тое е единствениот примерок. Анонимен британски филантроп и колекционер, за уникатниот примерок дал 164.940 долари, кои ги уплатил на сметката на фондацијата која го носи името на покојната сопруга на последниот советски претседател. „Овој диск ги содржи седумте романтични песни кои мојата Раиса ги обожаваше“, изјавил 78-годишниот Михаил Горбачов при почнувањето на гала ајуцијата во Лондон, организирана во полза на неговата фондација која им помага на децата болни од карцином. Раиса Максимовна Горбачова, беше високобразована жена, за која се сметаше дека има големо и решавачко влијание врз нејзиниот сопруг, кој и сега докажува дека ја обожувал. Раиса почина од леукемија во 1999 г. Добитникот на Нобеловата награда за мир, претходно а по смртта на сопругата во нејзино име е многу хуманитарно ангажиран. Покрај оваа фондација, Михаил Горбачов ја основал и организацијата „Зелен крст“, која дејстува за спасување на екосистемите на Земјата.На уакцијата на која присустувала и Џ.К. Роулинг, авторката на сериајта романи за Хари Потер и Сара Браун, сопругата на актуелнито британски премиер, Горбачов испела во живо една од песните кои се наоѓаат на дискот.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

(Видео) Малку лево, па десно – коментари за начинот на кој Трамп чекореше на црвениот килим

Објавено пред

Средбата меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин во Алјаска привлече големо внимание. Покрај фактот дека речиси сите очекуваа одлука во врска со Украина, светската јавност не пропушти ниту еден момент на црвениот тепих, кога Трамп ја изгуби насоката при одење.

dobivaj vesti na viber

Трамп се сретна со Путин во петокот во Алјаска, а главна тема беше војната во Украина.

Нивната средба се одржа во формат три на три и траеше речиси три часа, но сепак, и покрај големите очекувања, не е постигнат конкретен договор.

Потоа корисниците на социјалните мрежи се фокусираа на деталите, како што е прошетката на Трамп по црвениот тепих.

Американскиот претседател излезе од авионот и отиде да се сретне со рускиот лидер. Тој одеше по црвениот тепих до точката означена за нивниот состанок, но во еден момент почна да оди лево-десно, како да го изгубил правецот.

Многумина коментираа дека изгледал како да „се мачи да оди“, од причини што сè уште не се познати.

На Трамп претходно му беше дијагностицирана хронична венска инсуфициенција, нарушување на циркулацијата на крвта, во јули откако забележа „благ оток во долните екстремитети“, изјави портпаролката на Белата куќа Каролин Левит.

 

Прикажи повеќе...

Свет

И Макрон оди во Вашингтон со Зеленски, потврдено и пристигнувањето на шефот на НАТО и Мерц

Објавено пред

Францускиот претседател Емануел Макрон и финскиот претседател Александар Стаб потврдија дека утре ќе бидат во Вашингтон на состанок меѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и американскиот претседател Доналд Трамп.

dobivaj vesti na viber

Потврдено е дека ќе им се придружи и генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.

Претходно беше објавено дека на состанокот ќе се приклучат германскиот канцелар Фридрих Мерц, италијанската премиерка Џорџа Мелони и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Прикажи повеќе...

Свет

Русите: Уништивме 300 дронови и погодивме складишта со моќни ракети

Објавено пред

Руските сили собориле 300 украински дронови и погодиле складишта со ракети „Сапсан“, додека во регионот Донецк се водат жестоки борби во кои украинските сили се обидуваат да го запрат руското напредување, тврди руското министерство за одбрана, а известуваат и воени блогери, пренесува „Ројтерс“.

dobivaj vesti na viber

Руското министерство за одбрана навело дека руските сили зазеле поволни позиции во близина на населеното место Золотиј Колодјаз во регионот Донецк, иако проукраинските карти покажале дека украинските сили успеале да го сопрат рускиот продор.

Според соопштението на министерството, воените авиони, дронови и ракети биле користени за напади врз украинските складишта со ракети Сапсан низ целата земја.

„Четири воздушни бомби и 300 беспилотни летала биле соборени од системите за противвоздушна одбрана“, стои во соопштението на министерството.

Украина неодамна воведе во употреба сопствен балистички систем „Сапсан“ (познат и како „Хрим-2“), развиен за да ги замени советските ракети и да ја зајакне домашната одбрана. Станува збор за проектили со дострел до околу 300 километри, со боева глава тешка речиси половина тон, кои можат да летаат со брзина поголема од 5 Мах.

Таквите карактеристики го ставаат во ранг на рускиот „Искандер“ и го прават исклучително тежок за пресретнување со постоечките системи за противвоздушна одбрана.

Според украинските и западните извори, „Сапсан“ првпат бил употребен во борба во мај оваа година, а по успешното тестирање започнала и сериската продукција. Ракетата е наменета за прецизни удари по стратешки цели како командни центри, складишта за муниција, логистички јазли и воздушни бази, а домашното производство ѝ дава на Украина дополнителна стратешка автономија и го намалува ослонувањето на сојузничките испораки.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ2 часа

Млада жена со перница се обиде да ја убие бабата на сопругот – ужас во Ѓорче

Скопското Обвинителство донесе наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишна жена осомничена за обид за убиство. Пред два дена, во...

Свет3 часа

„Ројтерс“ со детали за планот за ставање крај на војната во Украина

Русија би се откажала од помали делови од Украина, а Киев би препуштил поголеми делови од истокот на земјата  –...

Македонија3 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Фрчкоски добил 200 илјади евра од Еразмус+, наместо младите

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека пари од програмата Еразмус+, наменети за образовни проекти за младите, завршувале кај поединци блиски до СДСМ. Во...

Македонија3 часа

Влен: Османи 20 години гради кариера, без проекти за Чаир

Коалицијата „Влен“ го критикуваше Бујар Османи, наведувајќи дека во изминатите 20 години тој градел лична политичка кариера, но не реализирал...

Македонија5 часа

Повеќето пожари изгаснати, под контрола еден – ‘Јасен’ сè уште гори

До 8 часот утринава регистрирани се вкупно 27 пожари на отворен простор, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од...

Регион6 часа

Запален штаб, солзавец, шок бомби – масовни протести во Србија

Синоќа имаше смасовни протести во повеќе градови низ Србија, меѓу кои Белград, Ваљево, Милановац, Книќ и Нови Сад. Пред седиштето...

Македонија19 часа

(Вознемирувачко видео) Полицијата на раце носи жена што се обиде да се самоубие скокајќи во Вардар

Денеска (16.08.2025) околу 14 часот во СВР Скопје е пријавено дека во реката Вардар во Скопје, под мостот на ул....

Македонија21 час

Собранието не ги донесе измените и дополнувањата на Изборниот законик

Собранието денеска во рамки на 66. седница не ги донесе измените и дополнувањата на Изборниот законик со кои требаше да...

Македонија1 ден

Собранието одлучи по скратена постапка да бидат донесени измените и дополнувањата на Изборниот законик

Собранието денеска одлучи по скратена постапка да бидат донесени измените и дополнувањата на Изборниот законик, кои, меѓудругото, го регуралираат учеството...

Македонија1 ден

Им побарал 10.000 евра за да им среди во постапки во Кривичен и Апелационен суд во Скопје

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донел Наредба за спроведување истражна постапка против...

Македонија1 ден

Левица: Штрајкот во пералната на Клинички центар е аларм за распад на јавното здравство

Штрајкот на вработените во пералната на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ е аларм за целосен распад на јавното здравство, предупредуваат од...

Македонија1 ден

(Видео) Кога во пожар не може пинцгауер, гранка му е мајката: Ангелов со малку шега го покажа херојство на четата на Цветко од Рогачево

Со лопати, стапови, гранки во рацете и светилки на главите седуммина доброволци од Рогачево заедно со екипите на Дирекцијата за...

Македонија1 ден

Лажна дојава за бомба ноќеска на скопскиот аеродром

Ноќеска во 02:41 часот, на телефонскиот број за итни случаи 112 е добиена пријава за поставена бомба во авион кој...

Свет1 ден

Владимир Путин доби писмо од Меланија Трамп за киднапираните деца за време на војната во Украина

Сопругата на американскиот претседател Доналд Трамп, Меланија, го покрена прашањето за тешката положба на децата во Украина и Русија во...

Свет1 ден

Трамп и Путин се ракуваа, а во Украина се огласија сирени за воздушен напад преку руските беспилотни летала

Во Анкориџ, Алјаска, со надлетувања на борбени авиони, црвен тепих и слоганот „Стремеж за мир“, американскиот претседател Доналд Трамп го...

Свет1 ден

Трамп и Путин не постигнаа договор за прекин на војната во Украина

Претседателите на САД и Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин, не постигнаа договор за прекин на војната во Украина по...

Свет2 дена

(Видео) Прашањето за цивилите, возењето во лимузината и ракоплескањето во фокус во јавноста по стартот на средбата меѓу Трамп и Путин

За време на средбата во Алјаска, американскиот и рускиот претседател, Доналд Трамп и Владимир Путин, позираа пред собраните фоторепортери. Во...

Свет2 дена

(Видео) Трамп и Путин на историска средба во Алјаска, состанокот би можел да трае со часови

Претседателите на САД и Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин се сретнаа во Алјаска. Откако се поздравија, се ракуваа и...

Свет2 дена

Трамп: Европа нема да ми каже што да правам, ако состанокот со Путин не е добар – ќе си заминам

Американскиот претседател Доналд Трамп е на пат кон Алјаска каде што ќе има историска средба со рускиот лидер Владимир Путин....

Македонија2 дена

Поднесена кривична пријава против ексдиректорката од Демир Хисар за криење службени печати

Полицијата поднесе кривична пријава против поранешна директорка на средно училиште во Демир Хисар поради одземање или уништување службен печат или...