Македонија
УЈП побара стечај за А1 телевизија
Управата за јавни приходи до Основниот суд Скопје 2 Скопје, достави предлог за отворање стечајна постапка против А1 телевизија, потврдија од судот. За привремен стечаен управник е назначен Ацо Петров.
Управата за јавни приходи до Основниот суд Скопје 2 Скопје, достави предлог за отворање стечајна постапка против А1 телевизија, потврдија од судот. За привремен стечаен управник е назначен Ацо Петров. На 26-ти јули е закажано рочиштето кога судот треба да утврди дали А1 телевизија има услови да оди во стечај или ќе ги подмири нејзините долгови кон доверителите. Инаку телевизија должи вкупно 9,5 милиони евра и овие средства треба да ги подмири до средината на август.Во меѓувреме, управителката на телевизијата А2. Жаклина Георгиевска, обвинета во случајот „Пајажина“ чија постапка беше издвоена од целиот предмет поради нејзината здравствена состојба, денеска не даде исказ пред Судскиот совет, како што претходно беше најавено. На барање на нејзините бранители, Судот одлучи на 25-ти август да се произнесе за спојување на нејзината постапка со целиот предмет.И Обвинителството и бранителите на Георгиевска е согласија дека споената постапка ќе биде поекономична.Георгиевска пред судот рече дека се чувствува подобро и дека може да учествува во постапката. Се очекува на 25-ти август таа да ја даде својата одбрана пред сите обвинети во присуство на нејзините бранители. Инаку, во судскиот процес „Пајажина“ кој се води против сопственикот на А1 телевизија, Велија Рамковски и неговите блиски соработници, сите обвинети освен Георгиевска пред Судскиот совет ја дадоа своја одбрана. Сите се изјаснија за невини и се оградија од финансиското работење во фирмите каде што биле управители.Обвинителството во овој случај товари вкупно 23 лица за затајување данок, злоупотреба на службената положба, перење пари и злосторничко здружување./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Битола, Охрид и околината: епицентарот во Албанија
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани и одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 23 часот и 10 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Албанија, на околу 150 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.7
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Битола, Охрид и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
За потребите на сеизмолошките истражувања, доколку сте го почувствувале земјотресот, пополнете го прашалникот за почувствуваност достапен на линкот: https://seismobsko.pmf.ukim.edu.mk/prasalnici или јавете се на 112.
Македонија
Земјотрес во Охрид
Земјотрес со епицентар во Грција е почувствуван во Охрид и околината, вечерва во 19 и 50 часот.
„Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани и одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 19 часот и 50 минути регистрираа земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 100 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.7“, соопшти Сеизмолошката опсерваторија.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Охрид и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
За потребите на сеизмолошките истражувања, доколку сте го почувствувале земјотресот, пополнете го прашалникот за почувствуваност достапен на линкот: https://seismobsko.pmf.ukim.edu.mk/prasalnici или јавете се на 112.
Македонија
Андоновски на состаноци во Стејт департментот: Соработката во областа на сајбер безбедноста и дигитализацијата во фокусот
Во рамки на работната посета во Вашингтон, денеска се реализираат работни средби во Стејт департментот на САД. Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, утринава оствари работна средба со Russ Headlee, Senior Bureau Official (SBO), прв човек на Бирото за Сајбербезбедност и дигитални политики на Стејт Департментот на САД.
„На средбата беше потврдена заедничката определба за унапредување на билатералната соработка меѓу Република Македонија и Соединетите Американски Држави во областа на дигиталната трансформација и сајбер безбедноста. Разговорите се фокусираа на продлабочување на соработката во клучни области: сајбер безбедноста и дигиталните политики; привлекување на инвестиции од САД во областа на дигитализацијата и сајбер безбедноста; доверливо поврзување на институциите и безбедна инфраструктура; отпорност и доверба“, соопштија од Министерството.
Дополнително, во рамки на дискусијата биле опфатени и прашања поврзани со јакнење на капацитетите помеѓу партнерските влади, размена на експертиза, како и јавно-приватна соработка во доменот на сајбер безбедноста, со цел развој на безбедни и доверливи дигитални јавни услуги и заштита на критичната дигитална инфраструктура.
„Дигиталната трансформација мора да оди рака под рака со сајбер безбедноста и довербата во технологијата. Соработката со Стејт департментот и со Бирото за сајбер безбедност и дигитална политика е значаен чекор за зајакнување на нашите капацитети и за побрза модернизација на јавните услуги“, истакна министерот Андоновски.
Во продолжение на работната агенда, заедно со македонската делегација предводена од претседателот на Собранието, Африм Гаши, министерот Андоновски оствари средба и со Daniel J. Lawton, заменик помошник секретар во Стејт департментот.
Според Министерството, оваа средба претставува значаен чекор кон зајакнување на соработката, градење институционални капацитети, размена на експертиза и меѓусебна поддршка помеѓу Македонија и САД.
Средбите завршија со договор за наредни чекори, вклучително и утврдување приоритетни области за соработка и редовна комуникација меѓу тимовите, со цел подготовка и реализација на конкретни активности и проекти во претстојниот период.

