Свет
„Хјуман рајтс воч“ ја критикува политиката на хунтата во Мјанмар
Ослободувањето на дисидентката Аун Сан Су Чи е циничен маневар за пренасочување на вниманието по изборите кои се случија минатата неделата во Мјанмар( поранешна Бурма) и победи воената хунта.
Ова го објави организацијата за човекови права „Хјуман рајтс воч“.
„Ослободувањето е циничен маневар на воената влада за да се одврати вниманието на меѓународната заедница од нелегалните избори, изјави Елејн Пирсон, претставник на НВО за Азија.
Ако бурманската хунта сака навистина да го прошири политичкото простор по изборите, тоа мора да го ослободи сите политички затвореници, смета Хјуман рајтс воч. Околу 2.000 политички затвореници се наоѓаат во затворите на Мјанмар.
Лауреатот на Нобеловата награда за мир за 1991 година Аун Сан Су Чи помина 20 години од својот живот во затвор, од нив 15 и во домашен притвор. /крај/бе/ит
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Петмина загинати и повеќе од 100 повредени во торнадо во Бразил
Најмалку пет лица загинаа, а 130 се повредени во торнадо кое синоќа опустоши дел од село во јужен Бразил, во сојузната држава Парана, соопштија локалните власти.
– Цивилната заштита на Парана со жалење објавува дека веќе се потврдени пет смртни случаи по торнадото што ја погоди општината Рио Бонито до Игуасу, се вели во соопштението.
Свет
(Фото) Русите пак ја нападнаа Украина, има загинати
Украина пријави нов руски напад врз нејзината енергетска инфраструктура во текот на ноќта, во кој едно лице загина, а неколку региони останаа без струја. На пат кон освојување на важниот логистички центар Покровск на исток, руската војска ги интензивира и воздушните напади врз гасните и енергетските постројки низ цела Украина, зголемувајќи ги стравувањата од сурова зима за цивилите со падот на температурите.
„Непријателот повторно започнува масовен напад врз енергетската инфраструктура на Украина. Затоа се воведени вонредни прекини на електричната енергија во голем број региони“, изјави министерката за енергетика Свитлана Гринчук на Фејсбук.
🤬 Russians massively attacked Dnipro and its suburbs with kamikaze drones. One of the drones punched through a residential block, collapsing several floors.
Eyewitnesses have shared photos of the aftermath. pic.twitter.com/6vIC0HsbYY
— Denys from Kharkiv (@GlushkoDenys) November 7, 2025
Свет
Руската воздушна одбрана соборила 79 украински дронови
Руската воздушна одбрана соборила 79 украински дронови во текот на ноќта, соопшти руското Министерство за одбрана.
– Во текот на изминатата ноќ, силите на воздушната одбрана на должност пресретнаа и уништија 79 украински беспилотни летала од авионски тип. Вкупно 36 беа над територијата на Ростовскиот регион, 10 над територијата на Брјанскиот регион, 9 над територијата на Курскиот регион, се вели во соопштението на министерството.

