Македонија
Кривични пријави за двајца велешани за ископ на минерали
Двајца велешани заработија кривични пријави зошто без концесија вршеле ископ и експлоатација на минерални суровини.
Едниот од обвинетите четириесет и седум годишниот велешанец Т. Д. од страна на инспектори од одделот за економски криминал при СВР Велес, во ноември годинава бил затекнат како со машина натоварал кварц во две товарни моторни возила во близина на фудбалското игралиште кај селото Извор.
Тој бил вработен во фирмата „Пела Констракшн Инкорпорејтед“ и без дозвола неколкупати од местото ископувал кварц и го складирал во близина на фудбалското игралиште во селото.
Откако собрал поголема количина се договорил со фирмата во која бил вработен да и го продаде кварцот за што добил одредена сума на пари. Второобвинетиот педесет и две годишниот М. Ѓ бил одговорен во фирмата „Пела“, па затоа кривична заработил и тој и фирмата како правно лице.
Еден месец претходно инспектори од СВР Велес затекнале уште три лица како незаконски вршат ископ на минералот кај атарот на село Оравдол во општина Чашка.
Откако инспекторите ја провериле документацијата утврдиле дека фирмата „Пела Констракшн Инкорпорејтед“ е одговорна за криминалот.
Вработени во фирмата ископот го вршеле надвор од местото за кое таа имала концесија, приближно на 1.300 метри воздушна линија.
Против двајцата велешани СВР Велес до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „незаконска експлоатација на минерали“, а од фирмата инволвирана во криминалот одзеде една работна машина./крај/лисица
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

