Контакт

Надворешна политика

Груевски – Ал Мактум: Продлабочување на економската соработка меѓу Македонија и ОАЕ

Објавено пред

Премиерот Никола Груевски во понеделникот во Дубаи оствари средба со премиерот на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), Шеик Мохамед бин Рашид Ал Мактум, со кого разговараа околу унапредување на севкупните односи во сите сфери од взаемен интерес.

dobivaj vesti na viber

Двете страни потенцираа дека помеѓу двете земји нема отворени прашања и ја констатираа потребата за интензивирање на политичкиот дијалог преку средби на високо ниво, што би придонело и за интензивирање на соработката на економски, културен, образовен план. Соговорниците особено ја истакнаа потребата и интересот за унапредување на економската соработка.

Беше констатирано дека постои голем простор и потенцијал за зголемување на надворешно трговската размена помеѓу двете земји. Премиерот Груевски потенцираше дека македонското стопанство поседува потенцијал за производство на производи кои може да се пласираат на пазарот во ОАЕ, особено во делот на земјоделството. Особен акцент беше ставен на можностите за унапредување на соработката на полето на инвестициите.

Груевски истакна дека Македонија овозможува услови за водење на бизнис, за што има креирано пакет на ниски трошоци за економските субјекти, и дека Обединетите Арапски Емирати може да ја користат нашата земја како порта за реализација на економски операции во Европа. Стана збор и за опциите за соработка на економски план на меѓудржавно ниво.

Македонскиот премиер истакна и конкретни можности за соработка на ова поле, претставувајќи ги проектите за инвестиции во енeргетскиот сектор со осврт на гасификацијата на земјата и можностите за изградба на хидроцентрали, инвестициите во туризмот преку туристичките слободни зони и инвестирањето во недвижности и градба на хотели, инвестициите во земјоделството и производството на храна и други проекти кои би можеле да бидат предмет на интерес на Емиратите.

Груевски го покани Шеикот Ал Мактум да ја посети Република Македонија, со што би се продолжил дијалогот на високо ниво и би се конкретизирале можностите за потенцијална економска соработка.

Шеикот Ал Мактум даде позитивна оценка за економските политики на нашата земја и го изрази интересот во следниот период да ја разгледа можноста за посета на нашата земја. Во рамки на средбата беше потпишан и Договорот за одбегнување на двојното оданочување помеѓу Македонија и ОАЕ кој ја дава основата и ги зголемува капацитетите за продлабочување на економската соработка.

Беше договорено во идниот период претставници на двете страни да работат на финализирање на Договорот за заштита на инвестициите кој би претставувал основа и би ги обезбедил правците за конкретна соработка на полето на инвестициите. Соговорниците разговараа и за политиките кои ги реализираат двете земји во образовната сфера, додавајќи дека образованието е најдобра основа за обезбедување на економскиот раст и развој на земјите.

Обединетите Арапски Емирати е значaјна држава во регионот на Заливот, која се карактеризира со висок економски раст и развој. Според проценетиот раст на БДП се наоѓа на 7-то место во светот оваа година. Емиратот Дубаи, покрај Абу Даби е еден од двата главни емирати во земјата. Се карактеризира со економски раст базиран на инвестиции, на услуги и има позитивен раст во сите економски сфери.

Груевски во рамки на посетата на Обединетите Арапски Емирати ќе оствари средби со политички и економски претставници и субјекти од земјата домаќин. Покрај посетата на Емиратот Дубаи, премиерот Груевски ќе го посети и Емиратот Абу Даби./крај/мф/бс

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет59 минути

(Видео) Автобус со повеќе од 50 туристи излета од пат во САД, има загинати и повредени

Тешка сообраќајна несреќа се случи во американската држава Њујорк. Туристички автобус кој се враќал од Нијагарините водопади кон Њујорк излетал...

Свет1 час

(Фото) Трамп: Путин сака да дојде на Светското првенство во САД

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека рускиот претседател Владимир Путин би можел да присуствува на Светското првенство во фудбал...

Топ4 часа

Пронајден возачот кој со автомобил удри во девојчиња на тротинет и побегна од местото на несреќата

Денеска во СВР Скопје бил извршен службен разговор со Ф.Б. од село Света Петка, скопско. На 21.08.2025 во 14:30 часот...

Европа5 часа

Лавров за средбата Зеленски-Путин: Зеленски рече „не“ на сè

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Русија прави сè што може за да спречи средба меѓу него и рускиот...

Македонија8 часа

Дојранското Езеро пак ќе се полни: со соларни панели Владата ќе ги намалува трошоците за струја од 2,5 милиона евра годишно на хидросистемот „Ѓавато“

По неколкугодишен прекин, Дојранското Езеро повторно ќе се полни со свежа вода преку хидросистемот „Ѓавато“. Премиерот Христијан Мицкоски денес од...

Топ9 часа

Згаснаа животите на две девојчиња од Кичевско, се возеле со четирицикл и излетале од патот

Синоќа на локален пат во селото Колибари, Кичевско, се случи трагична несреќа со четирицикл. 15-годишно девојче од Колибари, управувајќи го...

Македонија10 часа

Документацијата за Стоматолошката комора стигна во рацете на Обвинителството

Министерството за здравство соопшти дека целокупната документација и наодите од извештаите на комисиите што вршеле надзор над работата на Стоматолошката...

Македонија12 часа

Поместени границите во ортопедската трансплантација – извршена најсложената трансплантација на коска на Клиниката за ортопедија

На Универзитетската клиника за ортопедија успешно е изведена најсложената трансплантација досега, со што се поместени границите на современата ортопедска хирургија...

Македонија13 часа

(Видео) По десет дена борба, дождот го изгасна пожарот кај Јасен

Дождот кој заврна пред 7.00 часот утрово и врнеше нешто повеќе од два часа на подрачјето на ловиштето Јасен, помогна...

Топ14 часа

Отворена истрага: уапсен 27-годишен скопјанец за детска порнографија

Секторот за компјутерски криминал при МВР до обвинителството поднесе кривична пријава против Ф.М.(27) од Скопје, за сторено кривично дело „Производство...

Свет14 часа

Ким Џонг-ун на колена: првпат призна дека војници на Северна Кореја загинале во Русија

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун им оддаде почит на војниците кои загинаа борејќи се на страната на Русија во војната...

Свет15 часа

Зеленски: Мора да се изврши притисок врз Путин, тој не разбира ништо, освен сила

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека мора да се изврши притисок врз рускиот претседател Владимир Путин да ја заврши војната....

Македонија15 часа

Предлогот на Мицкоски за повереници е најава за враќање на авторитаризмот на Груевски, смета ДОМ

Демократска обнова на Македонија (ДОМ) реагира, како што велат, со огромна загриженост на вчерашната изјава на премиерот Христијан Мицкоски дека,...

Култура16 часа

Свечено отворени 64. Струшки вечери на поезијата

Со палење на фестивалскиот оган и читање на Константиновата Т`га за југ вчера вечер во Домот на поезијата во Струга...

Македонија1 ден

(Видео) Силниот ветер ја влоши состојбата со пожарот во „Јасен“

Состојбата со пожарот во ловиштето „Јасен“ попладнево значително се влоши поради силниот ветер, информира директорот на Дирекцијата за заштита и...

Македонија1 ден

Министерството за здравство формира независна меѓународна комисија по изјавата на Кедев за непотребни кардиолошки интервенции

Министерот за здравство, Азир Алиу, најави формирање комисија со експерти од три различни земји за проверка на работењето во приватните...

Македонија1 ден

Тошковски го суспендирал, а Чадиева го вратила на работа командирот кој пукаше со калашников – ВМРО-ДПМНЕ го објави решението по прозивките на СДСМ

Командирот од Ропотово кој пукаше со калашников од балкон и беше суспендиран, повторно е на работа. СДСМ денес го критикуваше...

Македонија1 ден

Кривична за поранешни директори на Пошта поради незаконски набавки и штета од 32.500 евра

Полицијата поднесе кривична пријава против В.С. и Б.А. – поранешни генерални директори на АД Пошта, поради сомнение за несовесно работење...

Македонија1 ден

Лажни налози и злоупотреба на печат – пријавен раководител од Шуто Оризари за измама од 3,6 милиони денари

Полицијата расчисти случај во врска со измама во службата, при што поднесе кривична пријава против Д.А. (51) вработен како раководител...

Македонија1 ден

Можно е гласачкото ливче да биде седум-осум метри, ама ако изборниот процес е неуспешен, Владата именува повереници, предупреди Мицкоски

Одлуката на Државната изборна комисија независните кандидати да може да поднесат кандидатури за локалните избори со само два потписа од...