Македонија
??????? ?? ??????? ??????? ????????????????? ?? ?????????
Судскиот совет во средата треба да одржи седница на која ќе бира повеќе од дваесет судии за судовите низ државата. Ќе се бира еден судија за Врховен суд и петмина за Апелација
Советот треба да констатира и дека на неколкумина судии им завршува кариерата и тоа на дел заради пензионирање, но и заради нестручно работење. Според бројот на поднесени кандидатури најголем интерес има за Апелациониот суд во Скопје. За овој суд кандидатури поднеле најмногу судии од основен суд 1 од кои неколкумина од одделот за организиран криминал. Ним не им е првпат да конкурираат, но до сега ниту биле предложени од некој од членовите ниту се гласало за нив. Судиите ја поминаа и најновата анонимна анкета кога беа оценувани од вработените за нивната способност ажурност и човечки интегритет на работното место и надвор од судот. Исто така Советот е и пред предизвик да избере 15 судии за новиот Виш управен суд за кој исто така има голем интерес, но не само од судии туку адвокати и други правници од УЈП или други државни институции. Но нивниот избор го проблематизира Уставниот суд кој интервенираше во дел од правилата за избор на судии за овој суд. Според уставен за Виш суд може да конкурираат само судии од Управниот суд но не и надворешни правници.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

