Македонија
Утре без струја дел од Скопските села и објекти
Објектот на Бетоњера Марков Манастир Беровиќ – село Љубошво утре во време од 09.00 до 11.00 часот, ќе остане без струја
Од 09.00 до 15.00 часот, без струја ќе останат дел од потрошувачите во населба Радишани, на улица „Радишанска“, објектот на ПТТ, детската градинка, трговскиот центар, основното училиште во овој дел од населбата, како и останатите стопански и нестопански објекти во овој реон.На 27 декември годинава во време од 08.00 до 10.00 часот, без струја ќе остане објектот на Техничкиот факултет – Градежен факултет на улица „Партизански Одреди“, а од 09.00 до 12.00 часот без струја ќе остане објектот на малцинскиот театар, во Стара Чаршија.Од 09.00 до 11.00 часот, без струја ќе остане објектот Златна Рака во село Љубош, а во време од 10.00 до 12.00 часот, објектот на ЗИК Скопско Поле во реонот Момин Поток.Во време од 12.00 до 14.00 часот, без струја ќе остане објектот на Офсет МК на улица „Првомајска”.На 28 декември годинава од 10.00 до 12.00 часот, без струја ќе останат дел од станбените објекти на улица „Христо Смирненски“ број 54.Овие прекини на напојувањето со електрична енергија се заради реализација на инвестиционите зафати за подобрување на квалитетот во снабдување со електрична енергија на потрошувачите во реонот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

