Скопје
Училиштата во Ѓорче подготвени за првото ѕвонче
Сите шест училишта во општината Ѓорче Петров се целосно подготвено за почетокот на новата учебна 2014-2015 година, велат од Општината.
„Уредени се сите училишни дворови, училници, пристапни патишта и патеки. Пред сè ќе се презвемаат вонредни мерки за покачување на нивото на хигиента во училиштата . Општината во соработка со полициската станица Ѓорче Петров на први септември ќе го зголеми и надзорот над сообраќајот на улиците кои водат кон училиштата заради поголема безбедност на учениците. Оваа акција ќе трае една недела“, се вели во соопштението.
Општината апелира до граѓаните да не ги паркираат своите возила на тротоарите за да можат децата непречено да се движат кон своите училишта, да внимаат и да ги почитуваат поставените сообраќајни знаци посебно оние кои означуваат близина на училишта.крај/мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар и Сарај в понеделник без вода
Од ЈП Водовод и Канализација, известуваат дека зафатот кој беше најавен за денеска поради одредени технички пречки се одложува за понеделник.
Поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул. Христо Смирненски 13, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица, поточно потегот од Зур – Маркет до бул. Партизански Одреди, во општина Центар.
Исто така во понеделник ќе се изврши редовно чистење на резервоарот за питка вода во село Рашче. За време на активностите во периодот од 09:00 – 13:00 часот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Рашче Копаница и Бојане, општина Сарај.
Македонија
Без струја денеска дел од Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од улиците Китка, Солунска Глава, Сердарот покрај каналот и Јустинијан Први, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 до 00.00 часот.

