Економија
Заем од 47 млн. евра за изградба на Скопје Сити Мол

Балфин МК, компанијата која стои зад проектот вреден 70 милиони евра ‐ Скопје Сити Мол, ја обезбеди втората половина од финансиите потребни да се догради досега најголемиот трговски центар во регионот.
Балфин МК, компанијата која стои зад проектот вреден 70 милиони евра ‐ Скопје Сити Мол, ја обезбеди втората половина од финансиите потребни да се догради досега најголемиот трговски центар во регионот.За таа цел денеска во Скопје беше објавено дека компанијата ќе добие заем од 46,9 милиони евра, од кои 20 ќе бидат обезбедени од Раифајзен банка Албанија, Европската банка за обнова и развој одобри заем од 18,9 милиони евра, а Комерцијална банка Ад Скопје учествува со осум милиони евра заемСредствата од заемот ќе се искористат за ко-финансирање на подготовката, градењето и работењето на трговскиот центар Скопје Сити Мол. Скопје Сити Мол, лоциран три километри западно од центарот на Скопје со поволни транспортни врски.Трговскиот центар ќе биде изграден со најновите технологии за заштеда на енергијата, вклучувајќи напредно ниво на термална изолација, заштеда на енергија при осветлување, висок степен на ефикасност при обновување на топлината и интегриран градежен систем на управување. Ова ќе овозможи трговскиот центар да ја намали емисијата на јаглероден диоксид за 27 проценти, во споредба со моменталните градежни стандарди во Република Македонија. Скопје Сити Мол со вкупна површина од 86.000 метри квадратни ќе се состои од 150 продавници на три нивоа, со хипермаркет од 4.600 метри квадратни на најдолниот кат и повеќекратен подземен паркинг со 1.300 места. Се очекува да биде завршен до крајот на 2012 година.Со голем број познати светски трговски фирми за малопродажба кои веќе закупија простор во новиот центар, овој проект ќе привлече нови брендови во Македонија, со што значително ќе се подобри искуството за купување во Скопје и во околниот регион. „Со задоволство го поддржуваме Балфин МК во развојот на овој значаен проект за Скопје во период кога комерцијалното кредитно задолжување е многу ограничено. Новиот трговски центар ќе ја задоволи значително неисполнетата побарувачка за модерен простор на продавници во македонскиот главен град, применувајќи притоа високи стандарди на енергетска ефикасност“, рече Клаудио Виецоли, Директор за Западен Балкан во ЕБОР. “Во текот на 2011 година се покажа дека Комерцијална банка и дел од другите банки воМакедонија можат да остварат заедничка соработка и финансирање на определенирелативно помали инфраструктурни проекти. Во случајот со Скопје Сити Мол, за нас воКомерцијална банка е задоволство што успеавме да покажеме дека е можна и заедничкасоработка и финансирање на еден поголем проект со такви институции како што се ЕБРД и Раифајсен Банк. На инвеститорите им посакувам успешна реализација на проектот во овие турбулентни времиња во светската економија, со кој градот Скопје ќе добие најмодерентрговски центар“, изјави директорот на Комерцијална банка Хари Костов. „Балфин МК е почестен од обезбедената поддршка на ЕБОР заедно со Рајфајзен банка и Комерцијална банка. Довербата на банките при инвестирањето на значителни финансиски средства ја потврдува единствената можност Скопје Сити Мол да биде присутен на значително неснабдениот пазар. Новиот најсовремен трговски центар од 70 милиони евра ќе стане симбол на просперитет и ново обележје, со кое ќе се воспостави патот на идните домашни и странски инвестиции и ќе се промовира довербата во економската иднина и просперитет на Република Македонија која што се развива“ рече Питер Варден, Главен извршен директор на Балфин МК. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Мицкоски: Имаме раст на извозот, градежништвото и туризмот гарантираат раст на БДП и подобар стандард на граѓаните

Во одговор на новинарско прашање, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, истакна дека увозот е многу помал за околу 8% во евра, или за 12-13% во долари, додека пак извозот е во пораст во евра 23%, додека пак во долари е 28%.
„Ако ги споредите првите два месеци април и мај од оваа година, со првите два месеци април и мај од 2024 година, длабоки анализи правиме, ќе видите дека за 80 милиони долари е намален трговскиот дефицит, а тоа е цели 13% и тоа ќе учествува во БДП. Ако на тоа се додаде растот на индустриското производство коешто е во просек за април и мај, првите два месеци од вториот квартал 5,5%, а само во мај 9,4%’’, истакна Мицкоски.
Мицкоски додаде дека растот на туризмот и градежништвото, ќе доведат до зголемување на животниот стандард на граѓаните, но и зголемување на бруто домашниот производ.
„Растот на туризмот повеќе од 20%, инвестициската активност повеќе од 15%, растот и бумот во градежниот сектор, сето тоа нас ни гарантира еден успешен резултат за БДП во вториот квартал којшто очекувам да продолжи и во третиот и четвртиот квартал’’, заклучи Мицкоски.
Економија
Македонската „Green Machines“ ја зацврстува дистрибутивната мрежа во САД

Green Machines на БРАКО, познат по своите иновативни еколошки возила за чистење на јавни површини, бележи сериозен раст на американскиот пазар со мрежа на реномирани дистрибутери низ повеќе од 30 американски сојузни држави.
Најнов партнер е компанијата Mar-co Equipment од регионот на Лос Анџелес, која стана ексклузивен дистрибутер за Јужна Калифорнија.
Моментално, Green Machines има дистрибутери во следниве американски држави:
Owen Equipment – Вашингтон, Орегон, Северна Калифорнија, Невада, Ајдахо, Монтана, Јута, Колорадо, Ново Мексико
Industrial Disposal Supply – Тексас
Mar-co Equipment – Јужна Калифорнија
United Rentals – достапен низ сите држави и територии на САД
Grainger – достапен низ целата територија на САД
Equipment Depot – Луизијана, Мисисипи, Кентаки, Индијана, Охајо, Пенсилванија, Масачусетс, Конектикат, Њу Џерси, Мејн, Вирџинија, Милвоки, Висконсин, Флорида, Орегон, Вашингтон
Van Keppel – Канзас, Арканзас, Илиноис, Висконсин, Ајова
Овој успех претставува уште еден доказ за конкурентноста на македонскиот индустриски производ и неговата технолошка супериорност. Со новите дистрибутерски партнери, Green Machines продолжува да ја шири својата глобална визија за почисти, поеколошки и поефикасни урбани средини.
ПР текст
Економија
Муцунски: Владините политики за извоз даваат резултати – раст од 23,44 отсто во мај

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утрово на социјалните мрежи сподели податоци за кои рече дека го потврдуваат ефектот од економските политики на Владата, при чија реализација значајна улога има и Министерството што го предводи. Статистиката покажува стабилни и позитивни трендови во извозот, дури и во услови на стагнација на европскиот пазар.
Според објавените податоци, македонскиот извоз во мај 2025 бележи раст од 23,44 проценти, додека за првите пет месеци од годината порастот изнесува 3,15 отсто. Во истиот период, увозот е зголемен за само 1 отсто, што упатува на стабилен трговски биланс и позитивно салдо.
„Податоците укажуваат на значително поголем извоз од увоз – што значи повеќе свеж капитал во државата, зајакната девизна позиција и дополнителен поттик за економски раст. Зголемениот извоз отвора нови работни места, го зајакнува домашното производство и ја зголемува конкурентноста на македонските производи“, напиша министерот Муцунски.