Регион
Унгарската војска започна со подигнувањето на ограда долж границата со Србија

Унгарската војска во понеделникот утрото започнала да ја подигнува оградата долж границата со Србија, со цел да се спрели приливот на нелегалните мигранти, јавува агенцијата АР.
Првите работи се изведуваат кај градот Морахалом, каде војската со булдожери го подготвува теренот за оградата висока четири метри. Како што пренесуваат унгарските медиуми, оградата најпрво ќе биде изгррадена на „осум до десет гранични места, кои трпат најголем притисок од имигрантите“.
Според истражувањето на организацијата „Публикус интезет“ пак, повеќето Унгарци не сметаат дека со подигтнувањето на контроверзната ограда ќе се реши имигрантската криза. Истражувањето покажало дека унгарското општество е поделено на оние кои ја одбиваат имиграцијата и на оние кои мислат дека во овој момент најважна е солидарноста.
Како резултат на владината кампања, 44 проценти од испитаниците сметаат дека имиграцијата е проблем за Унгарија, што е значаен раст во однос на 23 проценти во мај минатата година. Помал е пак бројот на оние кои имиграцијата ја гледаат како клучен проблем – сега има 42 отсто, во однос на 57 отсто минатата година.
Како што се наведува, кампањата влијаела на гласачите на владеачката партија Фидеш и радикалното десничарско движење Јобик.
„Меѓутоа, иако се повеќе луѓе ја препознаваат имиграцијата како проблем, 67 отсто изјавиле дека не се согласуваат изградбата на ѕид на границата со Србија, 46 проценти пак рекле дека тоа решение не е адекватно, додека 21 процент сметаат решението воглавно е неадекватно. Само четири отсто сметаат дека решението во целост е добро, а преостанатите 19 отсто смтаат дека тоа повеќе е добро, отколку лошо“, наведува сајтот „Унгарија денес“.
Како што беше најавено во јуни, Унгарија поради приливот на имигранти, долж границата со Србија ќе изгради ограда висока четири метри и долга 175 километри./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Додик предлага трет ентитет за Хрватите во Босна и Херцеговина

Лидерот на владејачката партија во Република Српска, Милорад Додик, предизвика лавина критики од бошњачката страна со својот предлог за формирање трет ентитет во БиХ со цел заштита на политичките права на Хрватите, јавуваат медиумите во Босна и Херцеговина.
Додик со години се залага за реорганизација на БиХ преку формирање трет ентитет и тврди дека тоа е она што го сакаат повеќето Хрвати и нивните политички претставници, но не се осмелуваат отворено да се залагаат за тоа.
Тој го повтори ова во понеделник по средбата со претседателот на ХДЗ БиХ, Драган Човиќ, во Бања Лука.
„Веруваме дека трајно решение би било Босна и Херцеговина да биде организирана на таков начин што ќе има три ентитети“, рече Додик во име на неговиот Сојуз на независни социјалдемократи (СНСД), партијата што е столб на владејачката коалиција во РС, а е и дел од владата на државно ниво.
Тој рече дека Федерацијата на БиХ треба да се подели на бошњачки и хрватски ентитет, кои би станале изборни единици, за да не може никој да се меша во изборните одлуки на членовите на еден од двата конститутивни народи.
фото: принтскрин
Регион
Сакаат да го воведат најдолгиот работен ден во Европа, Грците повторно на штрајк

Грчките бродови останаа во пристаништето, а железничкиот сообраќај беше запрен откако работниците утрово ја напуштија работата во знак на протест против планираните реформи на трудовото право, кои вклучуваат продолжување на работното време на 13 часа во приватниот сектор.
Штрајкот, втор овој месец од најголемите синдикати во јавниот и приватниот сектор во Грција, беше темпиран да се совпадне со парламентарната дебата и гласање оваа недела за законот за реформи на владата.
Се очекува работниците, вклучувајќи болнички лекари и новинари од јавните медиуми, да маршираат до парламентот напладне со други демонстранти.
Контроверзни реформи во трудовото право
Нацрт-законот им овозможува на работодавачите да го продолжат работното време, им дава поголема флексибилност во краткорочното вработување и ги менува правилата за годишен одмор во приватниот сектор.
Владата вели дека законот ќе создаде поефикасен и пофлексибилен пазар на трудот и ќе ги заштити работниците од отпуштање доколку одбијат да работат прекувремено.
Но, синдикатите велат дека законот ги поткопува правата на работниците, го укинува осумчасовниот работен ден и им ја одзема преговарачката моќ во земја каде што просечните плати се сè уште ниски во споредба со другите земји од ЕУ, и покрај зголемувањето на платите и помалата невработеност по осакатувачката должничка криза од 2009 до 2018 година.
Куповната моќ на Грците е меѓу најниските во блокот на Европската унија, според податоците на Евростат.
„Наместо да ги зголемува приходите на работниците и да ги зајакнува јавните услуги, владата се одлучува за закон кој е во корист на работодавачите и исцрпувачкото работно време“, се вели во соопштението на главните синдикати во јавниот и приватниот сектор во Грција, ADEDY и GSEE.
фото: принтскрин
Регион
Русија ѝ се заблагодарува на Србија за донацијата од речиси 6 милиони долари: „Посебна симболика“

Според соопштението на руското Министерство за надворешни работи, Србија обезбедила „финансиска хуманитарна помош во вредност од 472 милиони рубли (околу 5,8 милиони американски долари)“ за регионот Курск.
Руското министерство во соопштението наведува дека, според нивните тврдења, српската влада го доделила наведениот износ како хуманитарна помош.
„Средствата се исплатени на Фондот за развој на регионот Курск, кој спроведува проекти за поддршка на најранливите групи на населението погодени од криминалните активности на режимот во Киев“, се вели во соопштението на министерството.
Москва ѝ се заблагодари на „пријателска Србија“ за „вниманието и сочувството, грижата за судбината на руските граѓани“, истакнувајќи дека овој чин носи „посебна симболика што го одразува вековното братство и блиските врски на двете земји и народи“.
Досега, официјален Белград не потврди дека е испратена каква било помош во Русија.
Србија претходно ѝ обезбеди хуманитарна помош на Украина, вклучително и откако Русија ја сруши хидроелектричната брана Каховка.
Српскиот претседател, Александар Вучиќ, исто така, изјави дека неговата земја е подготвена да учествува во обновата на еден или два украински региони.
Фото: ЕПА