Надворешна политика
Министерот за одбрана Јолевски во посета на Турција
Министерот за одбрана Зоран Јолевски присуствува на Меѓународниот саем за одбранбена индустрија „ИДЕФ 15“ во Истанбул, кој се одржува под покровителство и поддршка од турското Министерство за национална одбрана.
Посетата ќе биде искористена за средби со министерот за национална одбрана на Турција, Исмет Јилмаз, началникот на турските воени сили, генерал Неџдет Озел, посета на Командата на воените академии на Турција, како и за средби со други министри и високи гости кои ќе присуствуваат на саемот.
Во рамки на неговата посета на Турција, министерот за одбрана во понеделникот ги посети Воените академии на Република Турција при што оствари средба со командантот на Воените академии, армискиот генерал Абдулах Реџеп.
За време на средбата се разговараше за развојот на образованието меѓу високо образовните школи односно за унапредување на соработката особено во делот на втор и трет циклус на студии.
Јолевски изрази благодарност за континуираната обука и школување на офицери, подофицери, професионални војници и питомци во Воените академии на Турција и додаде дека оваа обука е многу значајна за развојот на нашите припадници на Армијата на Република Македонија.
„Образованието на идните офицери на АРМ, како и перманентната обука на офицерскиот и подофицерскиот кадар е високо на мојата агенда, при што искуствата од турските воени школи високо ги ценам“, порача Јолевски.
„Нашите народи имаат историска поврзаност и истата е причината за нашата поддршка за членство на Република Македонија во НАТО“, истакна командантот на воените академии, армискиот генерал Абдулах Реџеп.
Со цел поголемо ниво на размена на студенти, Јолевски пренесе дека од идната година на Воената академија ќе има постдипломски студии на англиски јазик и предложи дека е добро да се разгледа можноста за размена на професорски кадар кои би предавале на Воените академии во Македонија и Турција. Воедно стана збор за заеднички истражувања на докторанти од третиот циклус на студии.
Јолевски во понеделникот го посети и Центарот за компјутерски воени симулации кој е еден од најсовремените Центри помеѓу НАТО земјите и договори размена на искуства од оваа област./крај/мф/бс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.
Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.
Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.
Македонија
Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.
Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.
„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.
Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.