Свет
Две бебиња починале во Германија од погрешна инфузија
Две новороденчиња починале, а пет се наоѓаат во критична состојба во германскиот град Мајнц, откако примиле инфузија контаминирана од засега непозната бактерија.
Две новороденчиња починале, а пет се наоѓаат во критична состојба во германскиот град Мајнц, откако примиле инфузија контаминирана од засега непозната бактерија.
Лекарите во универзитетската клиника во Мајнц очајнички се обидуваат да го откријат изворот на инфекцијата, стравувајќи за животите на петте заразени бебиња.
Вкупно 11 бебиња ја примиле инфузијата, а двете бебиња кои што починаа, биле веќе со претходно нарушено здравје. Станува збор за бебиња родени пред време, кои се наоѓале на одделот за интензивна нега, каде што требале да примат трансфузија.
„Шокирани сме, настојуваме на сите начини да ја најдеме причината за инфекцијата“, изјави управителот на болницата, Норберт Фајфер, изразувајќи притоа сочувство до семејствата на починатите бебиња. /крај/дхр/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Невреме во Црна Гора: урагански ветрови и снег во Улцињ
Црвено-портокалова метеоролошка тревога е на сила во Црна Гора поради предвидените силни налети на ветер.
Утринава во Улцињ се забележани најсилни налети слични на урагани со над 100 километри на час, додека во Подгорица дува ветер со интензитет од 95 до 100 километри на час.
Во некои делови од градот отежнато е снабдувањето со електрична енергија.
Ветерот урна дрво на мостот на браќата Златичани во Подгорица и ја оштети оградата на мостот, а надлежните служби на главниот град го отстранија дрвото и обезбедија непречено функционирање.
Службата за заштита и спасување на главниот град апелира до граѓаните што помалку да ги напуштаат домовите при силни налети на ветер.
Европа
(Фото) Од вечерва голем штрајк во Белгија: голем број летови се откажани или одложени
Во Белгија од вечерва во 22 часот до утревечер е закажан 24-часовен генерален штрајк на работниците поради плановите за реформа на пензискиот систем, јавија белгиските медиуми.
Синдикатите кои ги претставуваат работниците во транспортот, образованието, Националната затворска служба и други области повикаа на генерален штрајк поради пензиската реформа која најверојатно ќе ја спроведе идната влада.
Голем број летови ќе бидат откажани или одложени, како и повеќето поаѓања на возови, а јавниот градски превоз во Брисел значително ќе биде намален, објави „Brussels Times“.
Општинските служби утре нема да го собираат сметот во Брисел.
Во штрајкот ќе учествуваат и над 20 илјади наставници.
Свет
(Видео) Огнено торнадо снимено во Лос Анџелес
Огнено торнадо е забележано во долината Сан Фернандо во Лос Анџелес, феномен предизвикан од силните ветрови во област која веќе пет дена е загрозена од големи пожари.
Катастрофалните пожари веќе однесоа животи на најмалку 16 луѓе и уништија повеќе од 10.000 згради.
Феноменот е снимен недалеку од елитната населба Пацифик Палисадес, една од најтешко погодените од пожарите, објави Дејли Меил.
Иако денеска состојбата на терен е нешто поповолна, уште најмалку три пожари не се ставени под контрола. Најновата снимка покажува огнено торнадо кое се формира додека пламените јазици се приближуваат до долината Сан Фернандо.
Sky5 was overhead of two #FireTornados along the northern flank of the #PalisadesFire. pic.twitter.com/byBTw0Pexm
— KTLA (@KTLA) January 11, 2025
Огненото торнадо е ретка појава која се јавува кога пожар со турбулентни ветрови создава огнен вител, придружен со пепел и чад.
Владата сè уште не објави проценки за штетите, но приватните фирми проценуваат дека таа ќе се искачи на десетици милијарди долари.
Јавното здравство на округот Лос Анџелес издаде наредба за јавно здравје, во која се наведува дека пожарите „сериозно го нарушиле квалитетот на воздухот и претставуваат непосреден и долгорочен ризик за јавното здравје“.