Регион
Иринеј: Ако треба и на сила ќе го вратиме Косово
Српскиот патријарх Иринеј во вторникот порачал дека сите Срби се должни да кренат глас за заштита на Косово и дека „доколку е потребно, ќе мора и на сила да се врати Косово“, пренесуваат српските медиуми.
„Се надевам дека нема да дојдеме во прилика на тој начин да го браниме, туку дека свеста и совеста на оние кои одлучуваат за нашата судбина ќе проговори на начин на кој треба да говори една разбудена и чиста човечка совест“, рекол Иринеј по повод започнувањето на заседанието на УНЕСКО.
Српскиот патријарх додал дека „сега се работи за тоа да се одземат српските светости и да се прогласат за светости на Косово“. Според Иринеј, на Косово се наоѓаат српските светости, односно „српската историја, култура, почетокот на сето она што е вечно и големо во српската историја и култура“.
„Ние во никој случај не смееме тоа да го дозволиме ниту на себе, ниту на другите, Косово да не му припаѓа на народот за кој од кога се знае за Косово, е српскиот народ“, рекол Иринеј. Тој додал дека српската светост сега треба да му се довери на народ кој за време на целата своја историја „ја горел српската светост и тоа сега не смее да се дозволи“.
Иринеј исто така потсетил дека на Косово се наоѓа резиденцијата на српските патријарши (Пеќката патријаршија), како и најголемите светости на српската историја и култура./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Снимен моментот на земјотресот во Далмација
Снимката од надзорните камери го покажува моментот кога почна земјотресот што ја потресе цела Далмација.
Потресот беше регистриран во 18 часот и 43 минути, со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала.
Земјотресот кој беше почувствуван низ Далмација и Лика, но и во околните земји, Босна и Херцеговина и Италија, е снимен од надзорна камера на островот Зларин.
На снимката се гледа како бродовите во пристаништето се нишаат.
Регион
Трамп му пиша на Вучиќ: Задоволен сум од сè поинтензивната соработка и новите можности за инвестирање
Српскиот претседател Александар Вучиќ на Инстаграм го објви писмото што му го испратил американскиот претседател Доналд Трамп.
„Почитуван претседателе Вучиќ, во име на народот на Соединетите Американски Држави, вам и на граѓаните на Србија ви ги упатувам моите најискрени честитки по повод Денот на државноста“, се вели во писмото од САД.
Трамп посебно и се заблагодари на Србија за нејзината посветеност на мирот ширум светот.
„Со нетрпение очекувам дополнително да го зајакнеме нашето партнерство, надградувајќи се на сè посилните врски меѓу нашите земји, за заеднички да придонесеме за поголема безбедност и просперитет за граѓаните на Србија и на САД. Задоволен сум од нашата сè поинтензивна соработка и новите можности за взаемно инвестирање во важни сектори како што се технологијата и енергијата.
View this post on Instagram
„Ние многу го цениме значајниот придонес на Србија за меѓународната безбедност, без разлика дали тоа е поддршка на народот на Украина во нивната одбрана од руската агресија или придонесот на Србија во бројните мировни мисии ширум светот“, се наведува во писмото.
„Во годината што претстои, со нетрпение очекувам заеднички напори за унапредување на стабилноста и економскиот развој на Западен Балкан. Соединетите Држави целосно ја поддржуваат континуираната интеграција на Србија во евроатлантскиот простор, како и нејзините напори за промовирање на мирни и просперитетни односи со своите соседи и партнери во регионот“, се додава на крајот.
Регион
Србинката осомничена дека го убила сопругот во Грција ќе се појави пред суд, семејството на жртвата верува дека имала соучесник
Србинката (34) осомничена дека го убила својот сопруг Костас Сијамитрас во Лептокарија, Грција, а потоа го закопала во дворот од нивната куќа и тврдела дека го нема пет месеци, денеска ќе се појави на суд.
Истовремено, семејството на убиениот смета дека обвинетата не дејствувала сама и бара да се знаат сите околности во кои е убиен Костас.
„Ќерката на жртвата цврсто верува дека има соучесник, а ако не во извршувањето на злосторството, тогаш секако во обидот да го прикрие пренесувањето и закопувањето на татко ѝ“, вели Димитрис Милонерос, адвокатот на ќерката на убиениот, за „Прототема“.
Во текот на прелиминарната истрага 34-годишната жена тврдела дека по расправијата што ја имала со својот партнер, тој паднал, си ја удрил главата и бил смртно повреден. Потоа сама го носела и го закопала во дворот од нивната куќа. Шокантната информација е дека за сите овие месеци колку што властите трагаа по 58-годишниот, неговиот тригодишен син си играл во дворот од куќата, каде што минатиот четврток бил пронајден закопан, според признанието на жената.
Според информациите, откако ќе заврши распитот на Србинката и во зависност од истражните дејства што ќе бидат наредени, не е исклучено роднините на жртвата да побараат реконструкција на делото.