Компании
Продолжи 130 години долгата традиција на закројување на лозјата во „Тиквеш“
Со закројување на лозјата, винарската визба „Тиквеш“ ја продолжи традицијата која во најголемата македонска винарница трае веќе 130 години.
Чинот на закројување во чест на Св. Трифун, заштитникот на лозарите и винарите, го извршија министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков, претседателот на управниот одбор Светозар Јаневски и генералниот директор Игор Илиевски, во присуство на вработени во винарницата, нејзини партнери – лозари и гости.
„Закројувањето на лозјата е многу повеќе од традиција. Тоа ја покажува посветеноста и желбата на лозарите и винарите да произведат квалитетно грозје и врвни вина. Министерството за земјоделство и во иднина ќе продолжи интензивно да ги поддржува во тоа, со цел македонската винска индустрија да може да го искористи својот голем потенцијал со што треба да се обезбеди поголем пробив на македонското висококвалитетно вино на светските пазари“, изјави министерот Цветков.
Повеќе од една деценија ВВ „Тиквеш“ интензивно работи на реализацијата на стратегијата која го фаворизира квалитетот наспроти квантитетот во производството на вино. Во реализацијата на ваквата стратегија досега се инвестирани над 30 милиони евра. Овие средства се вложени во сите клучни сегменти кои овозможуваат производство и пласман на висококвалитетно вино во шишиња, вклучувајќи го и производството на грозје преку примена на најсовремени агро-технички мерки со кои се обезбедува висок квалитет на грозјето.
„За винарската визба „Тиквеш“ годинешното одбележување на Св. Трифун има и дополнително значење. Годинава „Тиквеш“ прославува 130 години постоење, јубилеј што го отсликува богатото наследство во производството на вино со исклучителен квалитет. Бидејќи квалитетното вино се создава уште на лозовите насади, токму закројувањето на лозјата е првиот чекор кој го означува новиот циклус на производство на врвно вино. Со гордост можам да кажам дека нашите вина достојно ја промовираат винската индустрија на Македонија во светот и верувам дека и оваа винска година ќе биде успешна и ќе го продолжиме овој тренд“, изјави Игор Илиевски, генерален директор на ВВ „Тиквеш“.
Паралелно со инвестициите во сопствените лозови насади, кои овозможуваат комплетна контрола врз квалитетот на грозјето и производство на уникатни врвни вина, ВВ „Тиквеш“, со голема упорност и енергија, преку едукација и соработка, гради долгорочни односи со лозарите, создавајќи партнери во долгорочниот заеднички успех. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Новата мачка во градот“ – Ексклузивна февруарска понуда за новата Ford Puma Hybrid
Овој февруари, во духот на „месецот на мачките“, Гранд Ауто ја претставува специјалната продажна кампања „Новата мачка во градот“, посветена на новата Ford Puma Hybrid – модел кој комбинира впечатлив дизајн, динамични перформанси и напредна хибридна технологија. Кампањата носи ексклузивни попусти достапни само во текот на февруари, за верзиите со мануелен и автоматски менувач.
Во ограничен временски период, купувачите имаат можност да го добијат овој атрактивен компактен SUV по специјални цени:
Ford Puma Hybrid – мануелен менувач: од 21.500 €
Ford Puma Hybrid – автоматски менувач: од 23.500 €
Понудата важи само до крајот на февруари 2026 година и се однесува на возила од залиха.
Со својата агилност, карактер и урбана енергија, Ford Puma совршено го оправдува слоганот „Новата мачка во градот“ – автомобил создаден за возачи кои сакаат стил, технологија и возбудливо возачко искуство во едно.
Повеќе информации за кампањата и достапните модели: https://ford.mk/puma-hybrid-nova-macka
(ПР)
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)

