Контакт

Надворешна политика

САД: Реформите ќе создадат подобра политичка клима и посилни институции

Објавено пред

Им честитаме на лидерите на власта и на опозицијата поради тоа што ги оставија своите разлики на страна и се согласија за конкретни мерки со кои ќе се осврнат на предизвиците со кои се соочува земјата, порачаа од амбасада на САД во средата, коментирајќи ги разговорите кои ден претходно се водеа помеѓу лидерите на најголемите политички партии во земјата, Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети и Мендух Тачи во Скопје, со посредство на еврокомесарот за соседска политика и пристапни преговори Јоханес Хан.
 

dobivaj vesti na viber

Им честитаме на лидерите на власта и на опозицијата поради тоа што ги оставија своите разлики на страна и се согласија за конкретни мерки со кои ќе се осврнат на предизвиците со кои се соочува земјата, порачаа од амбасада на САД во средата, коментирајќи ги разговорите кои ден претходно се водеа помеѓу лидерите на најголемите политички партии во земјата, Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети и Мендух Тачи во Скопје, со посредство на еврокомесарот за соседска политика и пристапни преговори Јоханес Хан.

 

„Четворицата лидери вчера се согласија за значењето од зајакнувањето на институциите во Македонија. Тие исто така ја потврдија својата посветеност кон евроатланските процеси и принципи, потоа зајакнувањето на меѓуетничките односи и подобрувањето на добрососедските односи“, се вели во соопштението од американската амбасада.

„Патот напред повикува на значајни реформи кои ќе ја подобрат демократијата во Македонија. Сите учесници во разговорите се согласија дека овие реформи, кои ќе бидат потпомогнати од Европската унија и САД, ќе создадат подобра политичка клима во Македонија. Патот нема да биде лесен. Останува уште многу напорна работа која ќе бара постојана соработка од сите македонски лидери, во најдобар интерес на земјата“, заклучуваат од амбасадата на САД./крај/мф/бс

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

(Видео) Таравари: Оптимист сум за уставните измени, нема потреба за предвремени парламентарни избори

Алијансата на Албанците на Арбен Таравари денеска во Тетово одржува вонреден конгрес под мотото „Промената продолжува“. Партискиот лидер Таравари вели...

Свет8 часа

(Фото+видео) Драма на небото откако се запали авион, патниците во паника

Десниот мотор на Боинг 787-9 Дримлајнер со кој управува кинеската авиокомпанија „Хаинан ерлајнс“ се запали утринава веднаш по полетувањето од...

Економија11 часа

(Видео) Тренчевска: Власта најавува нова кошничка што ќе ги намали цените за 0.1%, ова е навредувачки и потценувачки за граѓаните

Цените на основните производи растат, куповната моќ опаѓа, а многу семејства едвај врзуваат крај со крај, кажа на прес-конференција Јована...

Македонија12 часа

(Видео) Петрушевски: ДЗР утврдила недоволна искористеност на апаратите за магнетна резонанца во време на СДС и ДУИ

Власта на СДС и ДУИ систематски го уништувала здравството, што поради неспособност, што поради криминал, кажа на прес-конференција Бране Петрушевски,...

Свет13 часа

(Видео) Новогодишната елка стигна во Њујорк: висока е над 22 метри, а за да се накити се потребни 8 километри сијалички

Новогодишната елка од Центарот Рокфелер пристигна во Њујорк, означувајќи го почетокот на празничната сезона во Големото јаболко. Норвешката смрека од...

Свет15 часа

(Фото+видео) Над 130.000 Шпанци на протест поради лошата реакција на катастрофалната поплава

Над 130 илјади Шпанци протестираа синоќа во Валенсија барајќи оставка од регионалниот претседател Карлос Мазон поради лошата реакција на минатонеделните...

Наука1 ден

Седум милиони луѓе во светот годишно умираат како последица на загадениот воздух – што не смее да правите?

Дури седум милиони луѓе во светот, односно двојно повеќе од алкохолизам и пет пати повеќе од сообраќајни несреќи, годишно умираат...

Економија1 ден

„Зимата ќе биде предизвикувачка“ – Мицкоски нема информации за можно поскапување на струјата

Премиерот Христијан Мицкоски рече дека до овој момент нема информација за евентуално поскапување на струјата. Состојбата ја оцени како стабилна...

Македонија1 ден

Мицкоски: Ја разбирам Кос, требаше да го помине „хирингот“ на кој гласаат и европратеници од нашиот источен сосед

Премиерот Христијан Мицкоски денеска се осврна на изјавата на еврокомесарката Марта Кос, која побара Македонија да ги спроведе уставните измени,...

Македонија1 ден

(Видео) Петрушевски: Клиниката за очни болести оштетена за 3.9 милиони од раководството од СДС и ДУИ

ДЗР констатирал нерегуларности во финансиското работење и на Клиниката за очни болести во време на СДС и ДУИ, кажа денеска...

Топ1 ден

Запленети 6,2 килограми марихуана, 442 таблети екстази, пиштол, куршуми – едно лице е уапсено, друго во бегство

Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција, во координација со Единицата за недозволена трговија и ЕУМНА при СВР Скопје, презедоа...

Македонија2 дена

Три нови случаи на голема кашлица во Македонија

Три нови случаи на голема кашлица се регистрирани во периодот од 01-07.11.2024 година, објави Институт за јавно здравје. Пријавени се...

Култура2 дена

Вредни археолошки предмети стари речиси 2 илјади и петстотини години ископани во Охридско-струшкиот Регион

Вредни археолошки предмет, стари речиси 2 илјади и петстотини години се пронајдени во охридско-струшкиот регион. На прес-конференција, на која ексклузивно...

Македонија2 дена

(Видео) Со академија за јавна администрација Минчев ќе ги доквалификува неквалитетните административци

Владата бара законски решенија за обука на некомпетентните административци. Министерот за јавна администрација Горан Минчев објави дека се залага за...

Македонија2 дена

Вработен во „Национални шуми“ барал пари од лице од Струмичко шест години, и тоа секој месец, за дозвола за сеча на дрва, поднесена кривична

СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против Б.К.(39) од Струмица поради постоење на сомнение дека сторил...

Македонија3 дена

(Видео) Мазут со многу нечистотии доставуван во ТЕЦ „Неготино“, а раководството на АД ЕСМ од СДС и ДУИ му правеле и анекси на доставувачот, вели Петрушевски

„ДЗР во ревизија на работењето на АД ЕСМ за период од 2019 до 2022 утврдил низа нерегуларности. Раководството на претпријатието...

Македонија3 дена

Полициска потера по гостиварец: при обидот да избега од „мерцедесот“ фрлил автоматската пушка со вграден бајонет, се спроведува истрага, побаран е притвор

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка поради основано сомнение за едно лице дека сторило кривично дело...

Македонија3 дена

Вицепремиерот Фетаи добил закани за животот на електронската пошта

Вицепремиерот за добро владеење и транспарентност Арбен Фетаи на службениот имејл добил порака со закана за животот. Фетаи ја објави...

Македонија3 дена

Почина поранешниот функционер Тахир Хани

На 63-годишна возраст по кратко боледување почина поранешниот функционер од редовите на ДУИ и пратеник, Тахир Хани. Веста за неговата...

Македонија3 дена

Мицкоски по средбите во Будимпешта: Оптимист сум дека мора да нѐ биде и ќе нѐ биде

Нашето место е и заслужуваме да сме во Европската Унија, мора да успееме. Ова го истакна премиерот Христијан Мицкоски од...