Свет
Кејн ги отфрла обвинувањата за сексуално вознемирување

Водечкиот кандидат за републикански кандидат на американските претседателски избори, Херман Кејн во понеделникот потврди дека во текот на 1990-те бил обвинет за сексуално вознемирување, но додал дека тие обвиненија биел без основа.
Водечкиот кандидат за републикански кандидат на американските претседателски избори, Херман Кејн во понеделникот потврди дека во текот на 1990-те бил обвинет за сексуално вознемирување, но додал дека тие обвиненија биел без основа. Сите обвинија за сексуално вознемирување се лажни, изјави денеска републиканецот Кејн, соочен со најтешкиот предизвик откако ја почна кампањата за здобивање номинација од неговата партија за претседателските избори. Во моментите кога во анкетите тој е на првото место меѓу потенцијалните претседателски кандидати на републиканците, на информативниот портал Politico беа објавени обвиненијата на две службенички за наводното негово сексуално сугестивно однесување во периодот која го предводел Националното здружение на ресторани. Во интервјуто за телевизијата Fox News, поранешниот претседател на управат на компанијата „Godfather Pizza“, изјави „Никогаш никого сексуално не сум вознемирувал. Да, бев лажно обвинет додека го водев Националното здружение на рестораните“.„Херман Кејн никогаш никого сексуално не вознемирувал. Точка. Крај на приказната“, изјави за телeвизиската мрежа MSNBC, шефот на неговата канцеларија Марк Блок. Во американските медиуми се смета дека овие обвинувања може да му наштетат на рејтингот на Кејн како републикански кандидат кој ќе му се спротистави на актуелниот американски претседател од редовите на демократите, Барак Обама, на изборите во ноември 2012 година. Во трката за претседателската номинација на републиканците, Хемран Кејн го мина Мит Ромни во последната национална анкета на CBS News и New York Times објавена во вторникот, со што се потврди дека Кејн се наоѓа во залет за американските избори во 2012 година, а гувернерот на Тексас кој до неодамна беше сметан за еден од главните фаворити, Рик Пери, заврши на петтото место.Првите републикански внатрепартиски предизбори ќе се одржат на 3-јануари 2012 година во сојузната држава Ајова./крај/ро/хи/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Свет
Кина го поддржува 30-дневното примирје предложено од Украина, Европа и од САД

Кина го поддржува 30-дневното примирје предложено од Украина, Европа и од САД, изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Лин Џијан.
Кинеското Министерство за надворешни работи соопшти: „Ги поддржуваме сите напори што придонесуваат за мир и се надеваме дека релевантните страни ќе продолжат да го решаваат проблемот преку дијалог и преговори“ повикувајќи на обврзувачки мировен договор што ќе биде прифатлив за сите страни.
Европа
Полска пронајде докази за подметнатиот пожар во трговскиот центар во Варшава, го затвори рускиот конзулат; Русија бесна

Полска ќе го затвори рускиот конзулат во Краков откога пронајде докази дека Москва е одговорна за големиот пожар, кој речиси целосно уништи трговски центар во Варшава во мај 2024 година, изјави денес полскиот министер за надворешни работи.
❗🔥🇵🇱 – A huge fire hit the “Marywilska 44” shopping center in Warsaw, consuming almost all of its 1,400 commercial units, including kiosks.
The shopping mall, one of the largest in the city, belonged to Mirbud and is practically destroyed.
Authorities are fighting the fire,… pic.twitter.com/7Z34ZGyBzQ
— 🔥🗞The Informant (@theinformant_x) May 12, 2024
Веќе напнатите односи меѓу Варшава и Москва достигнаа нови височини со руската инвазија на Украина во 2022 година. Полска тврди дека нејзината улога како еден од најважните бедеми на Киев ја направила цел на руски саботажи, сајбер-напади и дезинформациски кампањи, што Москва го негира.
Вчера, премиерот Доналд Туск изјави дека Полска со сигурност знаела дека руските тајни служби стојат зад големиот пожар на улицата Меривилска во главниот град.
„Поради доказите дека руските специјални служби извршиле неприфатлив чин на саботажа против трговскиот центар на улицата Меривилска, решив да ја повлечам мојата согласност за работа на Конзулатот на Руската Федерација во Краков“, напиша министерот за надворешни работи, Радослав Сикорски на „Икс“.
Како одговор, руското Министерство за надворешни работи објави дека Полска намерно ги прекинува врските со Москва, објави државната новинска агенција РИА.
„Варшава продолжува намерно да ги уништува односите дејствувајќи против интересите на своите граѓани“, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, цитирана од државната новинска агенција РИА. Таа додаде дека Русија набргу ќе даде соодветен одговор.