Свет
Бројката загинати во рускиот рудник се зголеми на 47
Бројката загинати во двете ексолозии што се случија во инервал вод четири часа во саботата кон неделата навечер во сибирскиот рудник за јаглен се зголеми на 47
Во најтешката рударска несреќа последниве три години во Русија, во најголемиот руски рудник за јаглен „Распадскаја“, уште 43 лица се сметаат за исчезнати.Медимуите наведуваат дека рускиот премиер Валдимир Путин пристигнал во Кемеровската област во која се наоѓа рудникот. Портпаролот на риското минситерство за вонредни состојби, Владимир Корчагин во вторник потврди дека заагинале и сите 19 спасители кои во рудникот влегоа веднаш по првата експлозија која се случи во саботата навечер.Во моментот на експлозијата во коридорите на рудникот се наоѓале вкупно 312 луѓе, од кои на површината биле извлечени успешно 137 рудари.Екплозијата се случила во коридорот на важниот блок 4 каде е главната артерија за воздух во копот, од кој се испитани коридорите во должина од 1.700 метри, додека до крајот на овој блок спасувачктие екипи се уште се немаат пробиено. Според правата на компанијата во вентилацискиот систем на рудникот биле вложени околу милијарда евра. Според извори на РИА Новости, втората експлозија била значително посилна од првата и во неа настрадале најголемиот број од рударите и спасувачите.
Компанијата Евраз Груп чиј сопственик е милијардерот Роман Абрамович, одбила да даде коментар за експлозијата, образложувајќи дека таа не се занимава со оперативно управување со рудникот.Отвореното акционерско друштво „Распадскаја“ е формирано во 1973 г. а сега е едно од најголемите компании кои се занимаваат со јаглен во Русија. Евраз Груп има 40 отсто акции во компанијата. „Распадскаја“ има резерви од 40 милиони тони јаглен а рекорддноод него во 2007 г. се извадени 8,9 тони.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Путин разговараше по телефон со Нетанјаху за ситуацијата на Блискиот Исток
Рускиот претседател Владимир Путин разговараше по телефон со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за ситуацијата на Блискиот Исток.
„Беше разговарано за ситуацијата на Блискиот Исток и во Иран. Владимир Путин ги презентираше своите основни пристапи за интензивирање на политичките и дипломатските напори за обезбедување стабилност и безбедност во регионот“, соопшти прес-службата на Кремљ, пренесува РИА Новости.
Како што е наведено, Путин ја потврди подготвеноста на Русија да преземе медијаторски напори за конструктивен дијалог, а двете страни се согласија да продолжат со контактите на различни нивоа, пренесува Танјуг.
Фото: ЕПА
Свет
Италијански метеоролози: Зимата менува брзина, очекувајте „атмосферска револуција“ до крајот на јануари
„Нова атмосферска револуција се очекува кон крајот на јануари и ќе влијае на поголемиот дел од Европа“, најавуваат метеоролозите.
Додека Србија веќе се подготвува за доаѓањето на сибирскиот антициклон, постудено и понестабилно време најавуваат и италијанските метеоролози.
Метеорологот Матија Гусони објави на порталот „iLMeteo“ дека зимата „ја менува брзината“ кон крајот на јануари.
„Нова атмосферска револуција се очекува кон крајот на јануари, со директни последици и за Италија. Вниманието ќе биде особено насочено од 24 до 25 јануари па натаму, кога влегувањето на многу нестабилни и прогресивно постудени воздушни маси од поларно потекло во медитеранскиот басен би можело да доведе до значително влошување на временските услови. Накратко, зимата менува брзина.
Тоа открива дека последиците ќе се манифестираат во зголемена атмосферска нестабилност, широко распространети и локално обилни врнежи, придружени со пад на температурата и посилни ветрови. Сепак, развојот на ситуацијата треба да се следи, „бидејќи малите промени во патеката на воздушните маси можат значително да влијаат на распределбата и интензитетот на овие феномени“.
Тој апелира на внимателност.
„Бидете внимателни, она што се очекува кон крајот на јануари би било вистинска револуција, бидејќи температурите повторно би паднале под просекот, не само во Италија, туку и на поголемиот дел од Стариот континент. Доколку ова се потврди, можеме да очекуваме уште еден многу студен бран, проследен со лошо време: во таква ситуација, покрај дождот, снегот би можел да достигне и многу ниски надморски височини“, забележува тој.
Свет
Планoт за брз влез на Украина во ЕУ предизвика загриженост во Брисел
Брисел разгледува можност за напуштање на досегашниот модел на проширување на Европската Унија и воведување т.н. двослоен модел на членство, со цел побрзо приклучување на Украина, пишува „Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на седум високи европски функционери.
Според нацрт-предлозите, Украина би можела да влезе во ЕУ уште во 2027 година, како дел од можен мировен договор посредуван од САД, иако проценките во Унијата се дека на земјата ѝ се потребни и до десет години реформи за целосно членство.
Таканаречениот „олеснет модел“ би ѝ овозможил на Украина пристап до делови од единствениот пазар и европските фондови, но без целосни гласачки права во првата фаза. Овој пристап би значел радикална промена на правилата утврдени уште во 1993 година.
Иако некои европски дипломати сметаат дека „вонредните времиња бараат вонредни мерки“, други предупредуваат дека ваквиот модел може да го поткопа единството на Унијата и да ја намали вредноста на членството.
„Тоа е замка што ја поставија Путин и Трамп, а ние влегуваме во неа“, изјавил еден европски дипломат.
Процесот на пристапување на Украина во моментов е блокиран од Унгарија, која го користи правото на вето. Во исто време, дел од земјите членки се против секој модел што би создал двослоен систем на членство.
Се предупредува дека ваквото решение би имало последици и за други кандидати.

