Европа
Сијарто: ЕУ да стави крај на агресивната миграциска политика

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто ја повика Европската унија да стави крај на „агресивната“ миграциска политика, којашто, според неговата оцена, е „спротивна на волјата на Европејците“.
„Брисел мора да биде сопрен“, изјави шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто во интервјуто за јавното радио Kossuth во неделата.
Тврди дека европските политичари ги занемаруваат мислењата на јавноста и постапуваат противно на нејзините желби, а тоа може „до крајност“ да ја ослаби заедницата.
„Неразборитата миграциска политика претставува закана за единството, влијаеше врз британскиот референдум кој заврши со непосакуван резултат и го шокираше континентот“, порачува Сијарто во интервјуто.
За скорешниот референдум за бегалските квоти коишто ги наметнува Брисел, шефот на унгарската дипломатија вели дека тоа е толку важно прашање што за него мора да се изјаснат унгарските избирачи.
И Сијарто, како и неговиот премиер Виктор Орабан, е вчудовиден од повиците на американскиот берзански шпекулант од унгарско потекло Џорџ Сорос „институциите на ЕУ да ги укинат финансирањата за Европејците, во прв ред за земјите од централна Европа за со тие пари да ги финансираат илегалните доселеници во Европската унија“.
Кога таквите предлози би биле спроведени, Унгарија би загубила милијарди евра, смета Сијарто.
„Не, благодариме“, вели унгарскиот дипломат и порачува дека централна Европа нема да прифати предлог парите коишто ѝ следуваат да се насочат на „финансирањето на илегалните имигранти“./крај/мф/сн
Извор: MTI
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Русија: Полјаците не ни доставија никакви докази дека дроновите се од наше потекло

Москва тврди дека Полска не доставила никакви докази што покажуваат дека беспилотните летала што биле соборени во Полска се од руско производство.
Вршителот на должноста амбасадор на Русија во Полска, Андреј Ордаш, потврди за новинската агенција „РИА новости“ дека бил повикан од полското Министерство за надворешни работи по инцидентот.
Ова е првиот коментар на Русија по инцидентот, кој се случи преку ноќ.
Европа
Објавена фотографија од руски дрон во Полска

Порталот Defence24 објавува дека руски дрон е пронајден во градот Чешники, во близина на Замошќ и на 40-ина километри од границата со Украина.
Читател ја испратил фотографијата од леталото до редакцијата, а според неофицијални информации, станува збор за дрон од типот „Гербер“, кој Русија го користи за преоптоварување на украинската воздушна одбрана.
Во текот на ноќта Русија изврши масовен напад врз Украина, а повеќе од десет дрона влегоа во полскиот воздушен простор. Полската војска потврди дека оние што претставуваа директна закана биле соборени. Бројот и начинот на движење на леталото, според Defence24, укажуваат на намерна руска провокација.
фото: принтскрин
Европа
Објавена мапа од синоќешниот руски напад врз Украина: прикажани и дроновите што влегле во Полска

Украинските медиуми објавија мапа на која се прикажани беспилотните летала што учествуваа во синоќешните руски напади врз Украина. Главни цели беа Донбас и регионите Ивано-Франкивск, Лавов, Луцк, Одеса, Виница и Житомир. Некои од беспилотните летала го напуштија украинскиот воздушен простор и влегоа во Полска. Според украински извори, дури 14 руски беспилотни летала влегоа во Полска.
Полска потврди дека повеќе од десетина беспилотни летала влегле во нејзиниот воздушен простор за време на нападот врз Украина. Оние што претставуваа непосредна закана беа соборени, а во акцијата учествуваа и неколку холандски борбени авиони „Ф-35“.
Во Полска, во регионот Лублин, беспилотно летало удри во куќа, но немаше повредени. Во источна Полска, во градот Вирики, беспилотно летало или објект сличен на беспилотно летало удри во станбена куќа – покривот беше оштетен, но исто така немаше повредени.
Полскиот премиер Доналд Туск го опиша инцидентот како чин на агресија и нагласи дека НАТО реагирал активно вклучувајќи распоредување холандски борбени авиони и привремено затворање на аеродромите, вклучувајќи го и тој во Варшава.
фото: принтскрин