Спорт
Заради проститутки осум суспендирани фудбалери на Мексико

Федерацијата на Мексико суспендира осум фудбалски репрезентативци, поради користење на услуги на проститутки.
Федерацијата на Мексико суспендира осум фудбалски репрезентативци, поради користење на услуги на проститутки. Шестмесечна забрана за играње во репрезентативниот дрес добија Исраел Хименез, Нестор Видрио, Марко Фабијано, Хорхе Хернандез, Хавиер Кортез, Давид Кабрера и Несто Калдерон.Овие осуммина фудбалери за време на пријателскиот меч со Еквадор, пријавиле дека во Еквадор во хотелот биле ограбени. Во федерацијата на Мексико стигнаа снимки од сигурносните камери на хотелот каде се гледа дека овие осуммина во своите соби довеле проститутки кои подоцна ги „олесниле“.Мексиканската репрезентација тукушто се врати од настапите на Голд Купот во Америка, а ја очекува учество на Копа Америка од 1 до 24 јули. На нивно место повикани се Едгар Пачеко, Алан Пулдио, Алварез, Емилио Орантиа, Антонио Гаљардо, Улисес Давиља, Диего Де Буен и Освалдо Аланис. крај/макфакс/м.н.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Центарот на Макаби се сели во НБА?

Кошаркарот на Макаби Тел Авив, Роман Соркин, би можел да ја продолжи кариерата во НБА откако неколку тима покажаа интерес за него.
Соркин импресионираше на Евробаскетот за Израел, со просек од 16,5 поени и 6 скока по натпревар.
Израел го заврши учеството во осминафиналето, со поразот од Грција. Интерес за Соркин покажале Мајами Хит, Њујорк Никс и Портланд Треил Блејзерс, тврди новинарот Иан Бегли.
Инаку, Соркин се пријави на драфтото во 2018 година, но не беше избран.
Минатата сезона, играјќи за Макаби Тел Авив во Евролигата, тој имаше просек од 12,9 поени и 4,1 скока по натпревар, шутирајќи 50,9 проценти од поле.
Спорт
Куртоа си купи ноќен клуб

Тибо Куртоа одлучи да развие бизнис надвор од фудбалскиот терен.
Според белгиските медиуми, искусниот голман одлучил да го купи ноќниот клуб „Версуз“ во Хаселт, на северот од Белгија.
Беше затворен минатиот мај, но сега Куртоа сака да му вдахне нов живот.
Планот е целосно да се реновира, за гостите да имаат максимална атмосфера во форма на удобност, музика…
Капацитетот треба да биде околу 4 илјади луѓе.
Спорт
Проблем за Гвардиола – Мармуш се повреди играјќи за Египет

Лоши вести пристигнаа на „Етихад“ од Африка бидејќи Омар Мармуш ги повреди лигаментите на коленото.
Сериозноста на повредата на египетскиот напаѓач ќе ја утврдат специјалистите во Каиро, а потоа и лекарите и специјалистите од Манчестер Сити на прегледот кога ќе се врати во Англија.
Во четвртата минута од дуелот против Буркина Фасо, Мармуш доби силен удар во коленото. По помошта, тој остана на теренот уште неколку минути и побара измена.
Како што стојат работите сега, Мармуш ќе го пропушти градското дерби против Манчестер Јунајтед во недела.
Foto/ „X“