Македонија
Младенов:Пријателство со договор не се прави – потребна е доверба
Пријателство со договор не се прави. Пријателство се прави со доверба. Кога имаме доверба, тогаш имаме вистинско стратешко партнерство, изјави денеска бугарскиот министер за надворешни работи Николај Младенов, на заедничка прес конференција со македонскиот колега Никола Попоски.
Пријателство со договор не се прави. Пријателство се прави со доверба. Кога имаме доверба, тогаш имаме вистинско стратешко партнерство, изјави денеска бугарскиот министер за надворешни работи Николај Младенов, на заедничка прес конференција со македонскиот колега Никола Попоски.Двајцата министри потпишаа меморандум за соработка во областа на европската и евроатланската интеграција, јави Бгнес.Министерот Младенов подвлече дека Бугарија и Македонија се двете најблиски држави на Балканот, кои ги сврзува заедничкото минато и заедничката иднина. Тој нагласи дека Софија има морална обврска да им помогне на своите соседи да ги постигнат неопходните стандарди, кои ќе им помогнат да се присоединат кон Европската унија(ЕУ) и НАТО. Тој потсети дека сегашните македонско-бугарски односи се темелат на декларацијата потпишана од тогашниот бугарски премиер Иван Костов и неговиот тогашен колега Љубчо Георгиевски во 1999 година.„Важно е да нема отстапување од таа декларација, но и да ја надградуваме“, рече Младенов.Според него, Бугарија нема да ги сокрива проблемите меѓу двете земји, нагласувајќи дека последните неколку години односите меѓу Бугарија и Македонија не се баш најдобри.Софија се надева дека официјално Скопје ќе направи напори за надминување на негативната реторика и предрасудите кон Бугарија. Бугарската страна е за заедничко чествување на заеднички за двете држави историски датуми и личности, што според бугарските власти, ќе придонесе за подобро развивање на двостраните контакти.Македонскиот министер Никола Попоски се осврна на можностите што ги нуди потпишаниот меморандум. Тој, според агенцијата Бгнес, признал дека нема податоци дека во Бугарија живеат 700.000 Македонци, како што пишувал весникот „Дневник“. /крај/бгнес/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Бесплатен интернет во новиот парк-плоштад во Марино
Општина Илинден во соработка со Германската агенција за меѓународна соработка (ГИЗ) започна со реализација на активностите за поставување бесплатна јавна WiFi мрежа на новиот парк-плоштад во Марино.
„Проектот е дел од иницијативите за унапредување на дигиталната поврзаност во регионот на Западен Балкан и претставува значаен чекор кон модернизација на јавните простори и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните. Со имплементацијата на оваа услуга, посетителите на парк-плоштадот ќе имаат можност за бесплатно и неограничено користење на интернет, овозможувајќи полесна комуникација, пристап до информации и дигитални услуги додека уживаат во погодностите на овој урбан простор“, велат од Општината.
Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, истакна дека дигитализацијата на локално ниво претставува стратешки приоритет на општината, при што нагласи дека континуираното вложување во паметни и иновативни решенија е насочено кон создавање модерна, функционална и урбана средина, која одговара на потребите на граѓаните и на современите општествени текови.
Македонија
Општина Битола објави повик за доделување финансиски средства на спортски клубови, спортски здруженија и спортисти
Општина Битола го објави јавниот повик за доделување на финансиски средства од буџетот на општина Битола на спортски клубови, спортски здруженија и спортисти за 2026 година.
Право на учество на јавниот повик ќе имаат спортски клубови, спортски здруженија, спортисти во сениорски и младински категории, како и другите физички и правни лица од областа на спортот чиешто регистрирано седиште, односно живеалиште се наоѓа на подрачјето на Општина Битола.
Пријавите треба да се достават до Општина Битола преку пошта на адреса; Општина Битола, Булевар 1 –ви Мај број 61, 7000 Битола или да се достават во архивата на Општина Битола од 07:30 часот заклучно со 15:30 часот до последниот ден од Јавниот оглас.
Рокот за поднесување на пријавите започнува од 25.02.2026 година и трае заклучно со 11.03.2026 година.
Пријавите од јавниот повик ги разгледува Комисијата за млади и спорт од Советот на Општина Битола и согласно критериумите ја одбрува висината на финансиската поддршка. Финансиската поддршка согласно програмата за активностите во областа на спортот и младите во Општината Битола за 2026 изнесува 2.000.000,00 денари за спортски клубови/спортски здруженија и 1.000.000,00 денари за индивидуални спортисти.
Повеќе за јавниот повик на следниот линк: https://www.bitola.gov.mk/sportski-klubovi-zdruzenija-i-sportisti/
фото/ Depositphotos
Македонија
Заев поднесе тужби против Бране Петрушевски и Жан Митрев
Поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев поднел тужби против Бране Петрушевски и Жан Митрев за како што вели, клевета и нарушување на чест и углед.
„Поднесени се тужбите против Бране Петрушевски и Жан Митрев за клевета и нарушување на чест и углед.
Не постои никаква дилема дека ќе се докаже лагата и на двајцата.
Надоместокот од добиените тужби ќе оди за децата без родители и лицата со посебни потреби“, објави Заев на социјалните мрежи.

