Економија
Најмалку работни места за педагозите и економистите

Идните студенти при избор на образование да одбегнуваат да учат за педагози, економисти и правници, бидејќи најмногу невработени лица има токму во овие професии.
Идните студенти при избор на образование да одбегнуваат да учат за педагози, економисти и правници, бидејќи најмногу невработени лица има токму во овие професии.
Според податоците на Агенцијата за вработување, најмногу невработени лица има кај оние кои се образувале да бидат педагози и андрагози или околу 4.132, финансиски работници и економисти 3.990, правници 2.889 и 2.238 невработени лица од општествените науки.
Од Министерството за образовани велат дека на пазарот на трудот има недостиг од стручни лица од областа техничките и природно-математчките науки.
Како што покажуваат податоците на Агнецијата, во последните пет месеци за градежен инженер има објавено конкурси за вработување на 558 лица, а пријавени се 256, што значи дека во овој момет има 302 слободни места.
Недостиг има и ода електроинженери или 128 слободни места од објавени 335 конкурси за вработување, за машински инженери од 395 работни места се пријавиле 226 стручни работници, додека кај програмерите и информатичари има 438 слободни места од 938 огласи за вработување.
И во делот на средно стручно образование има професии кои се целосно непополнети, како што се техничар за компјутерска подршка каде има објавено 2.126 понуди за вработување, од кои само 1.000 се поплнети, надостиг од работници има и во делот на техничар за машинство, техничари во телекомуникации и градежни и геодетски техничари.
„Клучно е дека голем број студенти не се раководат од податоците за потребата од професионален кадар при изборот на своето идно занимање, потоа се случува сериозен дисбаланс на пазарот на трудот и овозможува една ваква ситуација, бидејќи од една страна имаме голем број невработени а од друга страна има голем број непополнети работни места“, истакна Никола Тодоров, министер за образование.
Директорот на агенцијата за вработување, Влатко Поповски, истакна дека оваа тенденција на недостиг од стручни лица во теничките струки се случува неколку години наназад.
„Во последните четири години овие струки постојано се барани на пазарот на трудот, а има многу слаба понуда и обратно, кај правниците, економистите, педагозите има значителна поголема понуда во однос на побарувачката на трудот“, појасни Поповски.
На државните факултети за 2010/2011 година има поголем интерес за општествените науки или 10.000 запишани студенти, додека на техничките и природно-математичките науки се запишале 5.256 студенти. /крај/мт
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Mint Visa не е само картичка, тоа е „да“ кога другите ти велат „подоцна“

Во свет каде што сè е итно, а парите секогаш „на пат“, Mint Visa е тука – веднаш.
Со неа не чекаш зелено светло. Го стартуваш сам.
🔓 Од 3.000 до 300.000 денари – достапни кога ќе ти затребаат.
📲 Цел процес дигитален, преку One ID. Без шалтери. Без нервоза.
🧾 Без непотребни документи. Со јасни услови.
Со Mint Visa, не прашуваш дали можеш – знаеш дека можеш.
• Купуваш онлајн без нервоза.
• Резервираш патување без дилема.
• Плаќаш било каде – без објаснувања.
Во Mint Credit не глумиме магија.
Ние сме тука да направиме парите да работат за тебе – не обратно.
Mint Visa е нашиот најнов начин да ти кажеме:
Животот не треба да се одложува. Ни твоите планови.
Аплицирај денес. Јави се на 📞 15 107, или директно преку платформата на Mint Credit.
ПР
Економија
Исплатени 177.533.000 денари кон 1.636 лица за предадени јагне и јаре

Денеска се исплатија 177.533.000 денари кон 1.636 лица, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за развојот на сточарството во Македонија.
Реализирана е исплата на дополнителни директни плаќања од подмерки 2.8 и 2.10 за предадено јагне и/или јаре од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.
Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства одгледувачи на овци и кози и се корисници од подмерка 2.8 и 2.10 кои имаат предадено јагне и/или јаре во регистриран кланичен капацитет во период од 26 декември 2023 година до 25 декември 2024 година.
Економија
Николоски потпиша договор за грант-средства со Европската банка за обнова во висина од 350 илјaди евра

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски го потпиша Договорот за грант средства со Европската банка за обнова и развој во висина од 350 илјaди евра наменети за техничка помош за изработка на Национална стратегија за полнење електрични возила и инфраструктура, извести Министерството за транспорт.
„Националната стратегија за полнење на електрични возила и инфраструктура, прва од овој вид во Македонија, ќе овозможи стратешки пристап кон развојот на патната инфраструктура за поддршка на воведувањето на електрични возила во патната мрежа.
Во овој момент во тек е постапката за избор на Консултант (се очекува крај на јули, почеток на август да се избере) кој ќе има задача во две фази да креира:
Подготовка на Стратегија за електрични возила; Акциски план со приоритетни активности и рокови кои треба да бидат одобрени од Владата, преку Министерството за транспорт и Европската банка за обнова и развој.
Покрај Консултанот, во изработката на Статегијата и Акцискиот план ќе бидат вклучени домашни и меѓународни експерти од области на експертиза за електрични возила, енергетската ефикасност, транспортот и екологијата“, се додава во соопштението.