Контакт

Берзи

Падот на американските резерви ја поттикна цената на нафтата

Објавено пред

Цената на нафтата порасна во средата на светските берзи, поттикната од намалените ризици и зголемените активности на преработката во САД, иако аналитичарите проценуваат дека во претстојниот период цената ќе ја кочи прекумерната понуда.
 

dobivaj vesti na viber

Цената на нафтата порасна во средата на светските берзи, поттикната од намалените ризици и зголемените активности на преработката во САД, иако аналитичарите проценуваат дека во претстојниот период цената ќе ја кочи прекумерната понуда.

 

На лондонската берза цената на барелот порасна 1,06 долари во однос на претходното затворање и изнесуваше 44,63 долари. Вчера тргувањето го заклучи во минус 99 центи. На американскиот пазар со барелот се тргува по 75 центи повисока цена, од 41,42 долари.

Американскиот институт за нафта (API) во вторникот извести дека американските залихи на сирова нафта паднале во минатата недела за 482 илјади барели, делумно поради зголеменото рафинериско производство. Аналитичарите кои ги анкетираше Reuters во просек очекуваа раст за 1,9 милиони барели.

Официјалните податоци на американската влада ќе бидат објавени во текот на денот.

И покрај денешниот раст на цената повеќето аналитичари очекуваат дека таа ќе се задржи на ниско ниво до крајот на годината, како и дека во 2016 година производството ќе ја надмине побарувачката.

„Падот на резервите претставува сигнал за макротрговците дека цената ќе расте. Но, доколку го занемариме движењето на дневна база, темелните податоци укажуваат на пад на цената“, толкува Виренда Чаухан од Energy Aspects, посочувајќи го примерот со складирањето.

Складиштата на копно веќе се преполни, а складирањето во танкери е поскапо од цените на оние за испораки во краток рок. Моментно цените за испорака во јануари 2017 година се за шест долари повисоки од оние за испорака во јануари наредната година, што не е доволно за оправданост за складирање во танкери, со оглед дека во сметката треба да се вклучат и трошоците за превоз.

Оценките за прекумерната снабденост денеска ги потврди и официјалниот податок дека Саудиска Арабија во септември го зголемила извозот за 113.000 барели дневно, на 7,111 милиони барел дневно. /крај/мф/ап

Извор: Reuters

Берзи

„Волстрит“ падна – ни САД ни Кина не попушта

Објавено пред

На Волстрит цените на акциите нагло паднаа, губејќи дел од добивките од претходниот ден, бидејќи царинската војна меѓу Вашингтон и Пекинг не покажува крај.

dobivaj vesti na viber

Индексот Dow Jones падна за 2,50 отсто, на 39.593 поени, додека S&P 500 потона за 3,46 отсто, на 5.268 поени, а индексот Nasdaq за 4,31 отсто, на 16.387 поени.

Така, индексите загубија дел од добивките од претходниот ден, кога S&P 500 скокна за историски 9,5 отсто, а Nasdaq повеќе од 12 отсто.

По големите промени во последниве денови, S&P 500 сè уште е во пад од околу 7 отсто од средината на минатата недела, кога американскиот претседател Доналд Трамп најави дополнителни, реципрочни царини за американскиот увоз.

Откако Трамп во средата ја одложи примената на тие царини за 90 дена, многу земји вчера изјавија дека се подготвени да преговараат. Меѓу другите и Европската унија, која ги одложи своите контрамерки против царините на Трамп.

Но, царинската војна меѓу Вашингтон и Пекинг продолжува бидејќи Трамп ја зголеми вкупната царинска стапка за увоз на кинески стоки на 145 отсто, 125 отсто реципрочни царини и претходните 20 отсто поврзани со кризата со фентанил.

Кина, пак, од вчера применува царина од 84 отсто за увоз на американски стоки, покрај претходните 20 отсто на одредена група производи и вели дека нема да отстапи.

„Тешко е за инвеститорите да одлучат да купат акции со ваква нестабилност и неизвесност. Тие се загрижени за тарифите бидејќи е тешко да се процени како тоа ќе влијае на економиите“, рече Пол Нолте, аналитичар во Марфи и Силвест.

Затоа инвеститорите вчера не ги охрабрија подобрите од очекуваните податоци за ублажувањето на инфлацијата во САД во март. Се проценува дека инфлацијата најверојатно ќе се зголеми во наредните месеци поради воведувањето царини, додека челниците на американската централна банка велат дека нема да брзаат со намалување на каматните стапки, туку чекаат податоци кои ќе покажат како царините влијаеле на економскиот раст и на инфлацијата.

На европските берзи вчера пораснаа акциите. Лондонски FTSE индекс зајакна 3,04 отсто, на 7.913 поени, додека франкфуртски DAX скокна за 4,53 отсто, на 20.562 поени, а париски CAC зајакна 3,83 отсто, на 7.126 поени.

Прикажи повеќе...

Берзи

Доларот нагло падна, еврото зајакна

Објавено пред

На девизните пазари вредноста на доларот во однос на кошницата валути драстично падна минатата недела, бидејќи инвеститорите сметаат дека поради забавувањето на инфлацијата во САД заврши циклусот на зголемување на каматните стапки од страна на американската централна банка. Индексот на доларот, кој ја следи вредноста на САД во однос на шесте најважни светски валути, потона минатата недела за 1,9 отсто, на 103,81 поен, што е најниско ниво од почетокот на септември.

dobivaj vesti na viber

Истовремено, доларот падна за 2,1 отсто во однос на европската валута, па цената на еврото достигна 1,0910 долари. Остриот пад на курсот на доларот уследи по објавувањето во вторникот дека стапката на инфлација во САД се лизна на 3,2 отсто во октомври, од 3,7 отсто во септември.

И низа други извештаи потврдија дека инфлацијата се намалува, што ја поддржа тезата дека ФЕД нема да има потреба дополнително да ја заостри монетарната политика. Од март минатата година, ФЕД ги зголеми клучните каматни стапки за 5,25 процентни поени за да ја ограничи инфлацијата.

Сепак, на последните две седници челниците на ФЕД ги оставија каматните стапки непроменети, па инвеститорите сметаат дека циклусот на зголемување на цената на парите е завршен, иако од ФЕД велат дека е можно дополнително заострување на монетарната политика.

Во наредниот период, движењата на пазарот ќе зависат главно од шпекулациите за тоа кога ФЕД би можел да започне со намалување на каматните стапки. На пазарот на пари се проценува дека првото намалување на каматните стапки на ФЕД би можело да се случи во мај следната година, а до крајот на следната година каматните стапки би можеле да се намалат вкупно за еден процентен поен.

Прикажи повеќе...

Берзи

Светските берзи драстично паѓаат, можно е дополнително зголемување на каматите

Објавено пред

На светските берзи цените на акциите нагло паднаа минатата недела поради растот на приносите на обврзниците и пораката на претседателот на ФЕД Џером Пауел дека централната банка може дополнително да ги зголеми каматните стапки. На Волстрит, Доу Џонс индексот минатата недела падна за 1,6 отсто, на 33.127 поени, додека S&P 500 се лизна за 2,4 отсто, на 4.224 поени, а индексот Nasdaq се намали за 3,2 отсто, на 12.983 поени.

dobivaj vesti na viber

На берзата негативно влијаеше растот на приносите на американските државни обврзници. Во петокот приносите на 10-годишните обврзници се пробија над нивото од 5 отсто за прв пат по 16 години. Ова може да влијае на каматите на хипотеките и автомобилските заеми, каматите на кредитните картички… Покрај тоа, повисоките приноси на обврзниците ја намалуваат привлечноста на акциите бидејќи на инвеститорите им нудат добри приноси без никаков ризик.

Во такви околности, инвеститорите се повлекуваат од поризични инвестиции, како што се акциите, и бараат засолниште за својот капитал во инвестиции кои се сметаат за побезбедни во несигурни времиња, како што е златото. Како резултат на тоа, цената на унца злато се движи близу највисокото ниво во последните два месеци, околу 1.980 долари.

Поради сето ова, инвеститорите не беа охрабрени ниту од кварталните деловни резултати, иако поголемиот дел од компаниите од индексот S&P 500, кои досега објавуваа извештаи, остварија поголема заработка од очекуваната.

И на европските берзи цените на акциите драстично паднаа минатата недела. Лондонскиот FTSE индекс се лизна за 2,6 отсто, на 7.402 поени, додека франкфуртски DAX потона за 2,5 отсто, на 14.798 поени, а париски CAC 2,7 отсто, на 6.816 поени.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ6 часа

11-годишно дете и маж се тешко повредени откако возилото излетало низ дупка во оградата кај Прилеп

11-годишно дете и маж се здобиле со тешки телесни повреди, откако попладнево нивниот автомобил излетал од експресниот пат Прилеп–Градско и...

Македонија8 часа

Границите во колапс, по еден час се чека на Табановце и на Богородица

Зголемена фреквенција на возила и чекање од околу еден час се евидентирани на граничните премини Табановце и Богородица, информира Авто-Мото...

Свет9 часа

Зеленски: 1.800 дронови и 1.200 бомби врз Украина за една недела, Русија го засилува теророт

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Русија за ескалација на теророт врз цивилното население, откривајќи дека во последната недела врз...

Топ10 часа

Охриѓанка тешко повредена откако ја удрило комбе додека била на велосипед

56-годишна жена од Охрид се здобила со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила во саботата рано наутро,...

Македонија10 часа

Младите на „Галичка свадба“ добија подарок од претседателката Сиљановска Давкова

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, и годинава беше дел од манифестацијата „Галичка свадба“, каде што одблизу ги проследи свадбарските обичаи...

Македонија12 часа

Полицијата откри што точно се случувало со тројното убиство во Прилеп

Тројца загинати, меѓу кои и 13-годишно дете, е исходот од трагичниот настан што се случи на 12 јули 2025 година...

Економија12 часа

Пуштени во употреба првите 20 километри од автопатот Кичево-Охрид

Првите 20 километри од автопатот Кичево – Охрид, на потегот од Врбјани до Ботун, денеска се пуштени во употреба. Овој...

Македонија14 часа

Петрушевски: Приведени осомничени за подметнување пожари, дел поврзани со опозицијата

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски вели дека последните пожари што ја зафатија околината на Скопје, според досегашните информации, не биле...

Македонија17 часа

МВР потврдува: Роднината убил две лица, фрлил бомба и пукал кон полицијата, па се самоубил

Тешка трагедија го потресе Прилеп, откако тројца членови на едно семејство, меѓу кои и 13-годишно дете, беа пронајдени мртви со...

Македонија17 часа

ОЈО со детали за грозоморното убиство во Прилеп: Ги убил внукот и неговиот 11-годишен правук, па се самоубил

Обвинителството откри детали од вчерашната трагедија во Прилеп. Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп извршил увид во куќа...

Култура17 часа

(Видео) Охридското лето се отвори, и уметноста прозборе – музиката и мајчинството во хармонија на Античкиот театар

Под ѕвезденото небо на Античкиот театар во Охрид, синоќа величествено беше отворено јубилејното 65. издание на фестивалот „Охридско лето“ со...

Топ18 часа

Семејна драма во Прилеп, убиени малолетно дете и неговиот татко, напаѓачот си пресудил сам

Во семејна трагедија што се случи синоќа во прилепската населба Точила, животот го загубија три лица, меѓу кои и едно...

Македонија19 часа

Македонија под топлотен бран, температурите до 38 степени

Македонија денеска е под влијание на топол воздушен бран што носи високи температури и претежно сончево време. Според Управата за...

Македонија1 ден

Ангелов: Најсериозен е пожарот во дојранското село Николиќ во близина на границата со Грција

Во моментов најсериозен е пожарот во дојранското село Николиќ во близина на границата со Грција. Тоа е пожар кој гори...

Македонија2 дена

Обезбедување од МВР ќе ја чува Данела Арсовска 24 часа

Министерството за внатрешни работи информира дека по вчерашниот инцидент во Општина Чаир, врз основа на оперативни сознанија и безбедносна проценка...

Македонија2 дена

ОЈО сомничи двајца за насилство врз градоначалничката Арсовска

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против две лица за кривично дело „насилство“. Првоосомничениот вчера се заканувал и физички ја...

Македонија2 дена

ФЗО ќе покрива шест, наместо досегашните три ин витра за семејствата кои се обидуваат да имаат потомство

Вкупно шест наместо три обиди за биомедицинско потпомогнато оплодување (БПО) ќе бидат овозможени на товор на Фондот за здравствено осигурување...

Македонија2 дена

Пожарникарите се бореа со огнови на 38 места во државава, 30 се изгаснати

Во текот на изминатото деноноќие се евидентирани вкупно 38 пожари од кои три активни, пет ставени под контрола и 30...

Македонија2 дена

Во Кочани нема да има концерт за Петровден, Крстевски го откажа на барање на родителите на загинатите деца во „Пулс“

Откажан е музичко забавниот дел од програмата за одбележување на Петровден, празникот на градот Кочани. Ваква одлука вчера донесе в.д....

Македонија2 дена

„Ќе глумиме дека не сме виделе?! Ќе чекаме некој да биде убиен за да се освестиме?!“, праша Јакимовски

Градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски се огласи на социјалните мрежи, по нападот врз градоначалничката Данела Арсовска. „Она што ѝ...