Контакт

Свет

Протестираат жртвите од поплавите во Пакистан

Објавено пред

Преживеани од поплавите во Пакистан блокираа автопат во знак на протест поради многу бавната достава на хуманитарната помош, додека силните дождови кои ги уништија и нивните импровизирани живеалишта ја носат заканата за нови поплави , јавува Асошиејтед прес.

dobivaj vesti na viber

Најлошите поплави запишани во историјата на Пакистан започнаа пред повеќе од две недели во планинските предели на северозападот на земјата и се проширија низ целата земја. Околу 20 милиони луѓе и 160.000 квадратни километри земја, една петтина од вкупната површина на Пакистан, се погодени од поплавите. Илјадници бесни жртви на поплавите го блокираа главниот патен правец во близина на областа Сукур, во знак на протест поради тоа што, како што велат, биле третирани полошо од животните. Тие тврдат дека државните функционери доаѓаат да делат храна само кога се присутни медиумите. „Тие ни ги фрлаат пакетите со храна како да сме кучиња. Со тоа не тераат да се тепаме за храната, исто како кучиња“, вели еден од протестантите. Министерот за наводнување на провинцијата Синд, која е една од најпогодените, Џам Саифула Дареџо, вели дека наредните неколку дена ќе бидат клучни поради тоа што надојдените води од реката Инд, кои  се слеваат во густо населеното земјоделско подрачје на Пакистан ќе ја тестираат издржливоста на локалната брана во Сукур до крајни граници. Во неделата погодените области во Пакистан ги посети и генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, при што изјави дека никогаш во животот не видел такво уништување. И тој  апелираше до меѓународната заедница да ја забрза помошта.  Светското тело побара достава на првична помош од околу 460 милиони долари, од која 60 проценти се веќе доставени. Најновите поплави предизвикани од силните дождови во текот на викендот најжестоко го погодија сиромашниот предел на границата меѓу провинциите Синд и Балучистан. Според локалните власти, соопшти дека околу 25.000 семејства останале без своите домови, однесени од водата која на места била длабока и до 2,5 метри. Преку 4.000 мали села се или отсечени или целосно збришани од поплавите. Кога ќе се повлечат поплавите, на Пакистан ќе му бидат потребни милијарди долари за ги обнови уништените подрачја и да ги обнови работните места во и онака пресиромашната држава со население од околу 170 милиони луѓе. ММФ веќе предупреди дека поплавите сериозно ќе му наштетат на економскиот раст на Пакистан и ќе поттикнат силна инфлација. Иако многу од жртвите добија помош преку разните хуманитарни организации, уште милиони луѓе се оставени со минимална или никаква помош. ОН предупреди на можна појава на заразни болести во пренатрупаните кампови.Пред два дена во некои засегнати области се појавија случаи на колера. крај/ап/ссе/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Кинески астронаути заробени во вселената откога беа погодени од вселенски отпад

Објавено пред

Тројца кинески астронаути – Ванг Џие, Чен Жонгруи и Чен Донг – ќе мора да го продолжат својот престој на вселенската станица Тјангонг откако нивниот модул за враќање беше погоден од сомнително парче вселенски отпад, соопшти Кинеската вселенска агенција (CMSA).

dobivaj vesti na viber

Инцидентот се случил само неколку часа пред закажаното враќање на Земјата, што довело до одложување на мисијата Шенжоу-20. Засега не е познато колку е оштетена капсулата или кога екипажот ќе може да се врати.

Астронаутите кои престојуваат во Тјангонг од 24 април успешно ги предадоа должностите на новиот екипаж на Шенжоу-21, кој пристигна на 31 октомври. CMSA изјави дека во моментов се спроведува детална анализа на влијанието и проценка на ризикот за да се обезбеди безбедноста на сите шест астронаути на станицата.

Досега, кинеските власти не објавија никакви дополнителни информации за обемот на штетата или новиот датум на враќање.

Фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Свет

ЕУ постигна договор за поврзување на Киев со Европскиот фонд за одбрана

Објавено пред

Украина ќе биде поврзана со Европскиот фонд за одбрана – ова е вклучено во привремениот договор постигнат меѓу Советот на ЕУ и Европскиот парламент за мерки за стимулирање на инвестициите во одбраната во тековниот буџет на ЕУ со планот „Вооружете ја Европа“.

dobivaj vesti na viber

Одлуката ја нагласува континуираната посветеност на ЕУ кон безбедноста, отпорноста и постепената интеграција на Украина во европската одбранбена индустриска база.

За таа цел, двете институции се согласија да ја прошират финансиската поддршка на ЕУ во рамките на Хоризонт Европа за претпријатија со двојна намена и претпријатија поврзани со одбраната.

Договорот мора повторно да биде одобрен од Советот и Европскиот парламент пред официјално да стапи во сила.

Прикажи повеќе...

Свет

Полска и Романија воведуваат нов систем на оружје за одбрана од руски беспилотни летала

Објавено пред

Полска и Романија воведуваат нов систем на оружје за одбрана од руски беспилотни летала, по серијата повреди на воздушниот простор на земјите-членки на НАТО во последните неколку месеци.

dobivaj vesti na viber

Системот „Меропс“ со седиште во САД, доволно мал за да се смести во задниот дел на пикап со средна големина, може да идентификува беспилотни летала и да им се приближи, користејќи вештачка интелигенција за навигација кога сателитските и електронските комуникации се прекинати, објавува АП.

Покрај распоредувањето во Полска и Романија, „Меропс“ ќе го користи и Данска, изјавија воени претставници на НАТО, истакнувајќи дека одлуката е донесена како дел од напорите за зајакнување на одбраната на источниот дел на алијансата.

Целта е границата со Русија да биде толку полна со оружје што Русија дури и да не помисли на инвазија, од Норвешка на север до Турција на југ, изјавија претставници. Потребата за ваков вид технологија стана очигледна откако околу 20 руски беспилотни летала влегоа во полскиот воздушен простор на почетокот на септември.

Авиони од повеќе милиони долари мораа да одговорат на беспилотни летала вредни десетици илјади долари.

Подоцна, Романија се соочи и со упад на беспилотни летала, додека аеродромите во Копенхаген, Минхен, Берлин и Брисел беа привремено затворени поради беспилотни летала.

Беспилотни летала се забележани и во близина на воени бази во Белгија и Данска, според написите.

Фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија45 минути

(Видео) Мицкоски ќе ја реконструира партијата, па потоа Владата: Фокусирани сме на партискиот конгрес на 6 декември

Реконструкција на Владата нема да има пред партискиот конгрес на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, кој е закажан за 6 декември. Премиерот...

Топ52 минути

Бомба најдена во автомобил во гаража во Скопје, сопственикот на возилото добил заканувачка порака, МВР влегло во објектот

Ноќеска, околу 1 часот по полноќ, непознато лице влегло во гаража од семејна куќа во скопската населба Бит-пазар, во сопственост...

Македонија1 час

„Скопје го менуваме од корен“: Ѓорѓиевски го презеде раководењето со Градот

Новиот градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска го прими уверението и најави дека од вечерва почнува акцијата за чистење на...

Македонија1 час

(Видео) Николоски: Го потпишавме договорот за изградба на заедничкиот пограничен тунел со Бугарија, железничкиот Коридор 8 има стратешко, економско и безбедносно значење за Балканот и Европа

Железничкиот Коридор 8 е еден од најважните трансевропски транспортни коридори, кој има стратешко, економско и геополитичко значење за целиот Балкан...

Македонија2 часа

(Видео) ДИК ги објави конечните резултати од вториот круг на локалните избори

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница ги објави конечните резултати од вториот круг на локалните избори 2025 година за...

Македонија4 часа

АХВ заплени небезбедна храна со непознато потекло по спроведен вонреден инспекциски надзор

По добиена пријава, со интервенција од Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје, Агенцијата за храна и ветеринарство...

Регион5 часа

Црна Гора сè поблиску до Европската Унија: познат е можниот датум за влез

Црна Гора го доби својот најповолен извештај за напредокот во европската интеграција откако ги започна преговорите за пристапување со Европската...

Македонија5 часа

Пронајдено безживотно тело на млада жена во Тетово, Обвинителството изврши увид

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово вчера изврши увид на лице место на локацијата каде беше пронајдено безживотно...

Европа6 часа

(Видео) Украина нападна клучна рафинерија длабоко во Русија, се шират снимки

Украинските војници наводно нападнале и оштетиле руска рафинерија за нафта во Волгоград преку ноќ, додека експлозии потресле неколку други енергетски...

Свет6 часа

Израелски заложник за држењето во Газа: Бев гол, само му се молите на Бога да престане

Ром Браславски, неодамна ослободен израелски заложник, тврди дека бил подложен на „ужасна“ и понижувачка сексуална злоупотреба додека бил во заробеништво...

Европа7 часа

Итен состанок во Белгија за беспилотните летала: „Тие се видени над воени бази“

Советот за национална безбедност на Белгија денес ќе одржи итен состанок откако мистериозни дронови предизвикаа хаос во воздушниот сообраќај и...

Свет8 часа

САД во ОН ја претстави нацрт-резолуцијата за планот на Трамп за Газа

САД им претставија на своите партнери во Советот за безбедност на ОН нацрт-резолуција со која се обидуваат да го поддржат...

Свет8 часа

Хамас предаде уште едно тело на Црвениот крст во Појасот Газа

Хамас ги предаде останките на уште еден заложник на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Појасот Газа. Според Хамас, останките...

Европа8 часа

Летовите привремено запрени во Хановер по забележување дрон

Летовите на аеродромот во Хановер беа привремено прекинати синоќа откако беше забележан дрон во близина на аеродромот, потврди полицијата. Аеродромот...

Свет8 часа

Путин: Она што Трамп го објави е сериозно, принудени сме да реагираме

Русија ја има најсовремената нуклеарна тријада во светот, изјави во среда портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Тој нагласи дека е...

Македонија23 часа

(Видео) Филипче: ВМРО-ДПМНЕ успеа за една и пол година да нѐ стави во групата со Косово, БиХ, Молдавија и со Украина

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешната прес-конференција порача дека Извештајот на Европската комисија за напредокот на...

Македонија1 ден

Со 205 милиони евра од Британците изградбата на болниците во Штип, Тетово и во Кичево ќе почне најдоцна на почетокот на следната година

Градежните активности за изградба на болниците во Штип, Тетово и во Кичево ќе почнат до крајот на оваа или најдоцна...

Топ1 ден

Загинатите во тешката сообраќајна незгода кај Плетвар се од Кавадарци, објавен идентитетот на учесниците во несреќата

МВР објави информации за лицата кои загинаа и повредените во сообраќајната несреќа на патот Градско-Прилеп, во близина на Плетвар. При судир...

Македонија1 ден

До ДИК поднесени приговори за резултатите во Брвеница, Шуто Оризари и Карпош

До претпладнево, во Државната изборна комисија (ДИК) се поднесени вкупно 16 приговори во врска со постапката за сумирање и утврдување...

Регион1 ден

Еден кат подолу од пеколот: фотографот зборуваше за човекот покрај прозорецот во домот во Тузла

Eдинаесет лица загинаа во пожарот што го зафати пензионерскиот дом во Тузла, а дополнително 35 побарале медицинска помош во Универзитетскиот...