Контакт

Спорт

Шкотските судии стапија во штрајк

Објавено пред

dobivaj vesti na viber

Асоцијацијата секако нема намера да го одложи фудбалскиот викенд, па доколку судиите останат на својот став, во план е позајмица на интернационални судии од странство.крај/ап/м.н. Фудбалските судии од Шкотска не ја променија одлуката да стапат во штрајк. Здружението на судии од 1 категорија која ги суди првата и втората шкотска лига најави штрајк поради незаштитеноста на судиите од играчите, и од медиумската кампања против нив.Во текот на вчерашниот ден Шкотската фудбалска асоцијација се обиде да ги смири страстите со ветувања дека ќе преземат поригорозни мерки во однос на играчите кои ги навредуваат на било каков начин судиите. Преговорите не вродија со плод. Здружението на судиите остана на одлуката за штрајк се додека не се променат и прописите на Асоцијацијата во која ќе бидат вметнати нови одредби во однос на заштита на судиите.„Ова е тажен ден. Ако ова откажување остане, тоа нема да биде добро ниту за гледачите, ниту за клубовите и спонзорите, па и за самиот фудбал во Шкотска“, изјави извршниот директор на Шкотската фудбалска асоцијација Стјуарт Реган.Асоцијацијата секако нема намера да го одложи фудбалскиот викенд, па доколку судиите останат на својот став, во план е позајмица на интернационални судии од странство.крај/ап/м.н.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Швајцарија ќе игра на СП во ракомет

Објавено пред

Светската ракометна федерација (ИХФ) и врачи специјална покана на Швајцарија за настап на Светското првенство на наредната година. Швјацарците одиграа два драматични натпревар во баражот против Словенија, на крајот Словенците се пласираа на Мундијалот.

dobivaj vesti na viber

Две селекции од регионот, Србија и Црна Гора се надеваа но на крајот извисија за специјалната покана.

Иако претходно беше најавено дека Европската ракометна федерација (ЕХФ) во дописот доставен до ИХФ наведува дека врз основа на пласманот на Европското првенство, Црна Гора е прва на листата на замени, а по неа се Швајцарија, Србија, Грузија и Фарски Острови, сепак ИХФ донесе поинаква одлука.

За потсетување, во баражот Србија по голема борба беше поразена од големиот фаворит Шпанија, додека Црна Гора се изрезил против Италија .

Покрај резултатите и квалитетот на изборот на кандидатите, ИХФ се осврна и на економскиот аспект, поточно можноста за продажба на ТВ правата, а Швајцарија кога сето тоа ќе се собере беше најпосакувана.

Дополнително, треба да се нагласи дека ИХФ воопшто во предвид ги немала Србија и Црна Гора, туку покрај Швајцарија во игра биле Кина и Саудиска Арабија.

Од просторите на поранешна Југославија покрај Македонија пласман изборија Хрватска како еден од домаќините и Словенија.

Прикажи повеќе...

Спорт

Гасперини: На неверојатен начин се запишавме во историјата

Објавено пред

Аталанта го победи Баер Леверкузен со 3:0 во финалето на Лига Европа во Даблин и со тоа стигна до својот прв европски трофеј во историјата.

dobivaj vesti na viber

Стрелец на сите три гола за тимот од Бергамо беше Нигериецот Адемола Лукман. Првиот гол го постигна во 12. минута, вториот во 26., а третиот во 76. минута.

Аталанта одигра совршен натпревар, најзаслужен за тоа е тренерот Џан Пјеро Гасперини кој во целост го надмудри младиот колега Чаби Алонсо.

„Мислам дека испишавме историја, но начинот на кој го освоивме трофејот е неверојатен. Ги повторивме изданијата од Ливерпул и Лисабон. Спортинг ја освои лигата, Ливерпул беше прв во Премиер лигата кога игравме таму, Баер Леверкузен доминираше во Бундеслигата”. рече Гасперини и продолжи:

„Ние често играме со тројца напаѓачи, моравме да одиме на победа во финалето. Моравме да бидеме офанзивни, немаше да биде доволно за победа доколку решевме да се браниме. Знаевме дека овие тимови се одлични кога напаѓаат, но не се толку добри кога ќе ги принудиш да се бранат. Сите мои играчи беа извонредни“.

Прикажи повеќе...

Спорт

Баерн преговара и со Венсан Компани

Објавено пред

Тренерот на Барнли, Венасн Компани, од следната сезона би можел да го предводи Баерн Минхен.

dobivaj vesti na viber

Според новинарот на „Скај спорт Германија“, Флоријан Плетенберг, Баерн е сериозно заинтересиран за Винсент Компани.

Се наведува дека се водени прелиминарни разговори и дека некои од клупските ченици сметале дека Компани има голем потенцијал.

Баерн долго време се мачи да најде нов тренер. Откако донесоа одлука да се разделат со Томас Тухел, не можат да најдат соодветна замена.

Понуда од клубот одбија Јулијан Нагелсман, Чаби Алонсо, Зинедин Зидан, Ралф Рагник.

Наводно, Баер го следи Компани уште од моментот кога влезе во тренерските редови и ја започна кариерата како стратег на Андерлехт.

Моментално е тренер на Барнли, минатата сезона успеа да избори промоција во Премиер лигата, но оваа сезона експресно се врати назад. Неговиот тим заврши на 19. место на табелата во елитното англиско првенство.

Баерн би морал да плати обештетување доколку дојде до договор за соработка.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 минута

Конститутивната седница на Собранието ќе се одржи на 28 мај во 11 часот

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, врз основа на член 9 став (2) од Деловникот на Собранието,...

Топ43 минути

110 пушки од Првата светска војна пронајдени при ископ во старата касарна во Битола

На 21 мај, во 10.48 часот, во СВР Битола, вработен во градежна фирма пријавил дека при вршење ископ во старата...

Македонија2 часа

Милошоски: Новата влада се очекува до 20 јуни, веројатно ВМРО-ДПМНЕ, „Вреди“ и Знам

„Новата влада се очекува до 20 јуни, најверојатно, ВМРО-ДПМНЕ, ‘Вреди’ и Знам“, напиша Антонио Милошоски, актуелен пратеник од редовите на...

Македонија2 часа

Одземен пасошот на Иџет Мемети, ќе треба да се јавува во суд

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје постапи по предлогот на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал...

Македонија3 часа

ЦУК: Поплави и штети од пороен дожд и град и препорака за внимателност при нагли метео-промени

Центарот за управување со кризи информира дека вчера имало повеќе дојави за поплавувања и штети од пороен дожд, град, а...

Македонија4 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Освоивме повеќе гласови од СДС, имаат најмал број пратеници во Собранието и го имаат најслабиот резултат во историјата

ВМРО-ДПМНЕ освои повеќе гласови од СДС. 436 илјади гласа пред 154 илјади на СДС е огромна одговорност за ВМРО-ДПМНЕ. СДС...

Свет4 часа

Кинеската армија го опколи Тајван, почнаа воените вежби: „Ова е казна за сепаратистичките потези“

Источната команда на Народноослободителната војска на Кина соопшти дека почнала заеднички воени вежби во кои учествуваат армијата, морнарицата, воздушните сили...

Македонија4 часа

(Видео) Граѓаните на протест против деструкцијата на ,,Бехтел и Енка”, Левицата дава поддршка

Прилепчани и граѓани од цела Македонија десетина дена прават протесна блокада на патот кон село Ореовец и не дозволуваат машини...

Свет4 часа

(Видео) Најмалку пет лица загинаа, а десетици се повредени во торнадо во Ајова: прогласена вонредна состојба

Пет лица загинаа, а 20-ина се повредени кога торнадо го погоди градот Гринфилд во американската сојузна држава Ајова. Одделот за...

Свет5 часа

Трамп во страв: Сакаат да ме убијат

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп тврди дека Министерството за правда (ДП) сакало да го убие и дека претседателот Џозеф Бајден...

Свет5 часа

(Видео) Се урна бина на изборен митинг во Мексико: има загинати и најмалку 50 повредени

Најмалку девет лица загинаа, а 50-ина се повредени кога се урна бина на предизборен митинг во Мексико, соопштија локалните власти....

Македонија15 часа

„14 пратеници“, обзнанија Таравари и Хасани: Коалицијата „Вреди“ добила пратеник повеќе во однос на Европскиот фронт по прегласувањето

По прегласувањето на избирачко место во Општина Желино, кое е во рамки на изборната единица 6, според претставникот на „Вреди“,...

Македонија19 часа

Ковачевски се повлече од претседателската функција во СДСМ, и го повика целото раководство да го направи истото

На денешната седница на Извршниот одбор на СДСМ, Димитар Ковачевски го потврди повлекувањето од функцијата претседател на СДСМ којашто ја...

Македонија21 час

Директорот на „Идризово“ по пожарот со четворица задушени чувари: Се запали душек од сунѓер, кој може да пламне и од догорче од цигара

Четворицата задушени чувари од затворот „Идризово“ се во добра состојба и се очекува утре да бидат пуштени дома, вели директорот...

Македонија22 часа

Спорните договори за вработување се само со потписот на Иљази – ДСЗИ влезе на Токсикологија

Државниот санитарен и здравствен испекторат извршил контрола на Клиниката за токсикологија во однос на договорите за вработување на лицата за...

Свет23 часа

Кои земји досега ја признаа Палестина

Речиси три четвртини од земјите во светот ја признаа државата Палестина, која ја прогласи палестинското раководство во егзил пред повеќе...

Македонија1 ден

На скопскиот аеродром спречен влез на 1,7 тони медикаменти, кои се штетни за здравјето на граѓаните

Царинските службеници на влез на Меѓународниот аеродром „Скопје“ спречија влез на 1,7 тони медикаменти, „силденафил цитат упс“ и „сибутрамин“, кои...

Македонија1 ден

Велигденов: Владата да се заземе за интересот на „Македонска пошта“ бидејќи 2.000 вработени ќе останеме на улица

Првиот синдикалец на „Пошта“ информира дека и покрај претходните протести не е регулирано прашањето на редовно примање плата и не...

Македонија1 ден

Зголемување на водостојот и излевање на Крива Река во село Опила

По добиената пријава во ЦУК, за зголемување на водостојот и излевање на Крива Река во село Опила во општина Ранковце,...

Македонија1 ден

Граѓаните на Куманово да не ја користат водата за пиење од Водоводот, алармира ЦУК

Денеска, до Центарот за управување со кризи до Секторот за операции и координација е побарана координација помеѓу институциите заради надминување...