Свет
Бројката загинати во Лахоре достигна 80 но ќе се зголеми

Во нападот на две џамии во градот Лахоре во североисточен Пакистан досега се убиени најмалку 80 лица, но се смета дека конечната бројка загинати ќе биде многу поголема откако полицијата ќе ги извлече сите тела од зградите
Како што пренесовме претходно две групи вооружени напаѓачи во два синхронизирани напада влетале во две џамии во кои во тек биал вообичаената петочна молитва на околу две илјади верници од муслиманската секта „ахмади“, прито астрелајќи од автоматско уружје и користејчи фрлачи на гранати и бомби. Пакистанската полиција успеа брзо да ја преземе контролата врз една џамија, но во втората напаѓачите успеаја да се одбранат и да земат како заложници речиси илјада лица. Оваа џамија била освоена дури по повеќечасовни жестоки борби.Како што потврди во петок доцна попладне полицијата во Лахоре, еден од напаѓачите е убиен и идентификуван а двајца се заробени живи. На заробените биле откриени самоубиствени експлозивни појаси. За овој крвав напад врз „ахмадите“ во осум милионскиот Лахоре е осомничени радикалната исламистичка група Лашкар-е Џангави.Во Пакистан се активни неколку сунитски терористички групи кои се залагаат Пакистан да стане држава во која ќе се почитува сунитскиот „правоверниот ислам“. Тие често преземаат крвави напади врз припадниците на другите муслимански секти, како што овој случај против „ахмадиите“. Во последните неколку години, ове радикални групи воспоставија блиски врски со талибаните а најверојатно и со терористичката мрежа Ал Каеда.Една од најпознатите милитантни групи во Пакистан е Лaшкар-е Џангави (Војската на Џангави во превод), која е именувана во чест на еден од најпознатите сунитски радикали во земјатаСектата „ахмади“, во некои источни извори позната и како „кадиани“ или „ахмадија“, има почетоци во областа Пенџаб од крајот на 19-от век а за нејзин основач се смета Мирза Ахмад Ѓулам кој се обидувал да изгради верско движење кое ќе почива на синкретичката доктрина која нема да им се обраќа само на муслиманите, туку и на претставнциите на другите религии. Според различни проценки, денес оваа секта има четири милиони припадници во 170 милионскиот Пакистан.Пакистанските власти инаку на припадниците на сектата „ахмади“ не им ја признаваат припадноста на муслиманската вера и им забрануваат така да се изјаснуваат, поради што се често цел на нападите од припадниците на радикалните сунити.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Турист падна во базен откако му се откопча падобранот за време на парасејлинг во Црна Гора

Турист доживеа опасен инцидент за време на парасејлинг во Бечичи, откако поради силен ветер му се откопча падобранот.
Снимка од инцидентот кој можел да заврши трагично беше објавена на популарната страница Подгорички времеплов, со опис:
„Туристот имал многу среќа што поминал без повреди. Имено, станува збор за странски државјанин кој во Бечичи останал неповреден кога поради силен ветер се откопчал падобранот што го влечел глисер. Туристот паднал во базен. Станува збор за адреналинскиот спорт парасејлинг.“
View this post on Instagram
Полицијата, според досегашните информации, не добила пријава за овој инцидент.
Свет
(Видео) Огромни поплави во Пекинг, триесет загинати

Триесет лица загинаа вчера во Пекинг кога обилни врнежи ја погодија кинеската престолнина, јави денес официјалната новинска агенција.
Смртни случаи се регистрирани во планинските северни окрузи на Пекинг – 28 во Мијун и двајца во Јанќинг. Државните медиуми не прецизираа на кој начин луѓето загинале. Обилните врнежи почнале за време на викендот и вчера се засилиле околу Пекинг и околните провинции. Во северните окрузи на главниот град наврнале до 543,4 мимиметри врнежи, објави државната агенција.
#WATCH 30 people were killed after the mountain torrents in #Beijing. #miyun #flood pic.twitter.com/kYsEkllAmY
— Ifeng News (@IFENG__official) July 29, 2025
Поради дождот, Пекинг пресели 80.322 жители, соопшти новинската агенција Синхуа. Патиштата и комуникациската инфраструктура се оштетени, а 136 села останале без струја од полноќ.
Доцна синоќа, кинескиот претседател Си Џинпинг нареди сопфатна потрага и спасување со цел да се намали бројот на жртви на минимум. Пекинг вчера издаде предупредување за врнежи и поплави од највисок степен и ги советуваше граѓаните да не ги напуштаат своите домови.
Свет
Северна Кореја: Вашингтон да ја прифати реалноста дека состојбата е сменета

Северна Кореја смета дека желбата на САД за дијалог со неа ќе остане само „надеж“ сè додека Вашингтон не успее да ја прифати реалноста дека состојбата се изменила од времето на претходните самити меѓу двете земји, пренесе државната агенција „КЦНА“.
Ким Јо-џонг, моќната сестра на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, за која се верува дека зборува во име на својот брат, рече дека признава оти личниот однос меѓу Ким и американскиот претседател Доналд Трамп „не е лош“.
Но, ако Вашингтон има намера да го искористи тој личен однос како начин за ставање крај на севернокорејската нуклеарна програма, таквиот напор ќе биде само предмет на „исмевање“, изјави Ким Јо-џонг во соопштение пренесено од „КЦНА“.
Американскиот претседател Доналд Трамп останува отворен за соработка со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун со цел целосно укинување на севернокорејската нуклеарна програма, изјави вчера функционер од Белата куќа, откако Северна Кореја рече дека го отфрла секој обид за оспорување на нејзиниот статус на нуклеарна држава.