Контакт

Економија

Основана компанијата Јужен тек транспорт

Објавено пред

Извршните директори на трите најголеми европски енергетски корпорации и на руски Гаспром денеска потпишаа договор за основање на компанијата Јужен тек транспорт АГ, соопштено е од Извршниот одбор на проектот Јужен тек.

dobivaj vesti na viber

Извршните директори на трите најголеми европски енергетски корпорации и на руски Гаспром денеска потпишаа договор за основање на компанијата Јужен тек транспорт АГ, соопштено е од Извршниот одбор на проектот Јужен тек.Дефинирана е и сопственичката структура на компанијата основана за потребите на проектот, а која ќе биде задолжена за изградба на подводната делница на гасоводот Јужен тек.Договорот го потпишаа Хенри Проглио од компанијата ЕДФ, Паоло Скарони од Ени, Алексеј Милер од Гаспром и Рајнер Сил од Винтершел, во присуство на Марсел Крамер, претседател на Извршниот одбор на проектот.Согласно договорот, 20 отсто од акциите во компанијата задолжена за подводниот сегмент на Јужен тек припаѓаат на италијанската компанија Ени, додека француската ЕДФ и германски Винтершел имаат по 15 отсто од акциите. Преостанатите 50 отсто од акциите припаѓаат на Гаспром.Подводната делница на Јужен тек ќе оди под Црното море во должина од 900 километри и ќе ги поврзува големите руски резерви на гас директно со потрошувачите во Европската унија(ЕУ).Почетокот на комерцијалните активности во рамки на проектот Јужен тек е планиран за крајот на 2015 година.Компаниите членки на проектот Јужен тек транспорт АГ конечната одлука за инвестициите ќе ја донесат до крајот на 2012 пред почетокот на изградбата на гасоводот во 2013 година.Откако ќе биде завршена интегрираната студија за изводливост што ќе ја одреди конечната траса на подводните и копнените делници на гасоводот, ќе почне изработката на студија за влијанието на Јужен тек врз животната средина, како и процедурата за добивање на потребните дозволи. /крај/б/ст



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

ФЕРОИНВЕСТ ќе ги воведе батериските системи на WEIHENG во Македонија

Објавено пред

Фероинвест постигна договор за застапништво за Македонија на батериските системи на компанијата Weiheng, која е глобално препознатлива по иновативни решенија за складирање енергија. Таа се рангира меѓу водечките компании во оваа индустрија и има рејтинг ААА според независните анализи на Bloomberg.

dobivaj vesti na viber

Асортиманот на производи на Weiheng вклучува високонапонски хибридни системи за складирање енергија, кои се идеални за фотоволтаици за фабрики, комерцијални објекти и електрани.

Брендот нуди и модуларни решенија за фотоволтаици со интегрирана моќност до 5 MW, како и напредни фабрички системи за енергетска ефикасност.

Во наредниот период, Фероинвест со Weiheng ќе организира специјализирана презентација во Скопје, која ќе биде од голема важност за сите заинтересирани, со фокус на големите системи за складирање енергија и нивните предности, како и можностите за изведување на проекти по принципот ,,клуч на рака” од страна на Фероинвест.

Високи претставници на Фероинвест и на Weiheng во моментот се присутни на престижниот саем KEY – The Energy Transition Expo во Римини, Италија, кој е фокусиран на високи технологии, особено во областа на складирање на електрична енергија.

ПР текст

Прикажи повеќе...

Економија

Кочоска: 10,4 милиони евра е вредноста на првата транша што ја исплати Министерството за финансии за поддршка на компаниите од унгарскиот заем

Објавено пред

Министерството за финансии денеска од централниот Буџет до Рзвојната банка ја префрли првата транша од 10,4 милиони евра средства наменети за поддршка на домашните компании. Трансферот беше реализиран по доставено барање на Развојната банка за повлекување на средствата, а по одобрување на проектите од страна на деловните банки. Имено, во Буџетот за 2025 година се планирани 250 милиони евра средства за поддршка на домашните компании со кои ќе се поттикне реализација на нов инвестициски циклус во приватниот сектор, којшто ќе влијае на поттикнување на економската активност.

dobivaj vesti na viber

„Министерството за финансии денеска до Развојната банка ги префрли средствата од централниот Буџет, кадешто се планирани вкупно 250 милиони евра наменети за поддршка на домашната економија. Очекуваме компаниите да ги препознаат поволните услови кои ги обезбедивме со оваа кредитна линија и планираните средства да се искористат во целост. Тоа ќе биде силен поттик на домашната економија и поддршка особено имајќи ги предвид понеповолни услови во глобални рамки“, напиша министерката за финансии Гордана Дмитриевскса Кочоска и додаде:

„Министерството за финансии и Владата остануваат посветени партнери на бизнис секторот“.

Поради големиот интерес од компаниите, премиерот Христијан Мицкоски вчера рече дека добил инспирација Владата да обезбеди уште „евтини пари“ како оние од унгарскиот кредит оти, како што рече, „бизнисот е гладен“.

 

Прикажи повеќе...

Економија

„Трајни културни вредности“ на Халкбанк прогласен за најдобар корпоративен настан во 2024

Објавено пред

Скопје, 5 март 2025 „Трајни културни вредности“, настан на Халкбанк, кој на впечатлив и автентичен начин ја негува македонската култура и традиција, е прогласен за најдобар корпоративен настан во 2024 година, во рамки на манифестацијата „Best Event Awards Macedonia – BEAM“. Станува збор за настан кој се одржа во рамки на поширока иницијатива на Халкбанк, а креативниот и организацискиот потпис е на маркетинг агенцијата Ефектива.

dobivaj vesti na viber

„Трајни културни вредности“ го претвори прекрасниот амбиент на Чифте Амам во храм на македонското културно наследство. Преку совршен микс од храна од речиси сите региони на државата, уметност и мелодиите на Дуке Бојаџиев, гостите имаа можност да отпатуваат назад во времето и со сите сетила да ја почувствуваат македонската традиција.

Гастрономското наследство, покрај на трпезата, беше пресликано и во изложба на графики од шест уметници, инспирирани од боите и вкусовите на најпрепознатливите македонски специјалитети. На настанот беше промовирано исклучително вредното дело „Патување низ гастрономското наследство“ – уметничка книга со ретки рецепти прикажани преку приказни и илустрации од пет македонски реномирани илустратори.

„Оваа награда е прекрасна потврда за целата иницијатива, ангажман и за ентузијазмот кој Халкбанк го вложи во проектот Трајни Културни Вредности, во чии рамки се реализираше и конкретниот настан минатата година. Навистина сме горди на ова признание, а истовремено и благодарни на комисијата на БЕАМ која ги препозна овој настан, целата организација околу истиот, креативноста и неговата вредност. И секако, неизмерно сме благодарни на нашите соработници од агенцијата Ефектива со кои го заживеавме и развиваме проектот Трајни Културни Вредности низ годините,“, вели Маја Наумовска Савеска, директор на маркетинг и корпоративни комуникации во Халкбанк.

„Трајни културни вредности“ е иницијатива на Халкбанк започната пред две години, чија главна цел е промоција и зачувување на културното наследство, а ваквите признанија се доказ дека тоа го прави на инспиративен и успешен начин.

ПР текст

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 час

(Видео) Министерот на Трамп се појави на телевизија со крст на челото

Американскиот државен секретар Марко Рубио се појави на „Фокс њуз“ вчера со крст на челото. Христијанската традиција налага дека свештеникот...

Македонија2 часа

Незгода на патниот правец Крива Паланка – Куманово, сообраќајот во прекин

Сообраќајот на патниот правец Крива Паланка – Куманово од 10:10 часот е во прекин. Како што извести АМСМ, на излезот...

Македонија3 часа

„Како Заеви од просечно земјоделско семејство стасаа до сопствеништво на авиокомпании“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Чудна е пасијата на СДС да води полемика за авио сообраќајот и да спомнува авио летови. Можеби таа пасија доаѓа...

Македонија3 часа

„Зошто Владата три дена крие колку платила за приватниот лет за Будимпешта“, прашува СДСМ

„Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, кои тврдат дека платите се доволно високи и не треба да се зголемуваат, немаат никаков проблем да...

Свет4 часа

(Фото) Разорени куќи, уништени возила: како изгледа селото во Јужна Кореја каде што воен авион случајно фрлил бомби

Разорени куќи, уништени возила… Ова се ужасните сцени во Почеон, Јужна Кореја, каде воен авион случајно исфрли бомби, при што...

Европа4 часа

Орбан му напиша на шефот на Европскиот совет: „Мораме директно да преговараме со Русија“

Лидерите на Европската унија денеска се собираат во Брисел за да најдат одговор на драстичната промена на САД во поддршката...

Европа5 часа

Денеска е големиот самит на ЕУ: „Европа е пет минути до полноќ“

Додека 27-те лидери на ЕУ се собираат во Брисел, тие се свесни дека безбедносниот поредок воспоставен по 1945 година –...

Свет5 часа

(Видео) Корејски воен авион случајно фрли осум бомби, при што беа повредени најмалку седум лица

Најмалку седум лица се повредени откако јужнокорејски воен авион случајно фрли бомби надвор од полигонот Сеунџин во Почеон, Јужна Кореја....

Свет6 часа

Трамп му се закани на Хамас: Веднаш вратете ги сите тела на луѓето што ги убивте или за вас е готово

Американскиот претседател Доналд Трамп му се закани на Хамас со „последно предупредување“ и ги повика да ги ослободат сите заложници...

Свет6 часа

(Видео) Канаѓаните масовно ги бојкотираат американските производи: „американото“ стана „канадијано“

Во незапаметено прикажување на националното единство Канаѓаните се здружуваат во бојкот за да одговорат на ескалацијата на трговските тензии со...

Свет16 часа

(Видео) Макрон: Мора да се подготвиме, САД можеби повеќе нема да бидат со Европа

Францускиот претседател Емануел Макрон  и се обрати на јавноста пред утрешниот самит на Европската унија во Брисел. Макрон утрово на...

Свет17 часа

Зеленски: Очекуваме позитивни вести од САД почнувајќи од следната недела

Киев очекува позитивни вести од САД почнувајќи од следната недела, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски. Во своето ноќно обраќање, Зеленски...

Топ18 часа

Обвинителството предложи одземање на пасошот за двајцата возачи поради сообраќајката на автопатот Гостивар-Тетово во која загина жена

Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка и предложи мерки на претпазливост за двајцата возачи по вчерашната сообраќајна несреќа на автопатот...

Македонија19 часа

Напаѓачите се осудени, но мотивот омраза не е докажан, oбјави адвокатот на Пендиков

Двајцата обвинети за претепувањето на Христијан Пендиков – Илија Спасески и Борче Ангелов, од Основниот суд во Охрид се осудени...

Македонија21 час

Адвокатите на Палчо со уплатница докажуваат дека за време на убиството на Вања тој бил во банка

Со прикажување уплатница од една банка во Скопје адвокатите на првообвинетиот Љупчо Палевски на денешното рочиште за убиствата на Вања...

Македонија22 часа

Мицкоски инспириран да бара уште евтини пари како унгарските поради огромниот интерес: Бизнисот ни е гладен

Бизнис-заедницата покажала интерес за повеќе од 250 милиони евра, пари од унгарскиот кредит, кои Владата ги намени за компаниите во...

Македонија1 ден

Мицкоски не се сретнал со Груевски во Будимпешта, но рече дека набргу и со докази ќе покаже дека функционери од СДСМ и ДУИ се среќавале

Премиерот Христијан Мицкоски при посетата на Будимпешта изминативе денови не се сретнал со избеганиот поранешен премиер од ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски....

Македонија1 ден

Запленети 18 килограми сребро, облека, обувки и играчки со потпис на заштитени трговски марки

Царинските службеници на влез во државата на граничен премин Богородица спречија обид за криумчарење на околу 18 килограми сребрен накит...

Македонија1 ден

Детето врз кое падна гранка од дрво во Карпош е хоспитализирано и сè уште е под опсервација

Во координација со јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје екипи на Министерството за внатрешни работи извршија увид во Општина...

Македонија1 ден

Разрешен Сашо Дранго, кој се фотографира со убиена мечка, на негово место во „Македонијапат“ доаѓа Александар Шуковски

Сашо Дранго е разрешен од функцијата заменик-директор на ЈП „Македонијапат“, а на негово место е назначен Александар Шуковски, економист од...