Надворешна политика
Бесими и Коѕијас ја истакнаа добрата економска соработка
Актуелните предизвици со кои се соочуваат Евроспката унија, Грција и Македонија, како и потребата од двострана соработка во духот на Солунската агенда, како фундамент за пристапување на земјите од Западен Балкан во ЕУ, беа дел од темите на средбата во среата на вицепремиерот Фатмир Бесими, со грчкиот министер за надворешни работи Никос Коциас.
На средбата, одржана без присуство на медиумите, станало збор и за можностите за натамошна економска и развојна соработка во повеќе области.
Од страна на Бесими е истакнато очекувањето дека Грција отворено ќе ја поддржи отворено интеграцијата на земјите од Западен Балкан во ЕУ, што ќе придонесе кон значително зајакнување на стабилноста и економскиот просперитет на целиот регион.
Вицепремиерот истакна дека за македонската страна е особено важно и работи во насока на натамошно зајакнување и развој на добрососедските односи и регионалната соработка. Во рој контекст Бесими го поздрави носењето на мерки за градење на доверба изработени од страна на тимови од двете држави, стои во соопштението.
„Потполно сме свесни за предизвиците кои стојат пред нас на национално ниво и нашата одговорност како политичари и функционери за нивно надминување, очекуваме политичкиот дијалог да продолжи во насока на надминување на политичките препреки и веруваме дека истиот ќе допринесе кон надминување на политичката криза и продолжување на европскиот пат преку имплементација на новите приоритетни реформи“, истакнал Бесими.
Од страна на соговорниците е потенцирана и добрата економска соработка и позитивниот развоен тренд, каде беше напомнато дека Грција е традиционален стратешки трговски партнер на Македонија и еден од најголемите странски инвеститори во државата.
Меѓу другото, беше дискутирана и позитивната развојна динамика на ИПА програмата за преку-граничната соработка помеѓу Република Македонија и Грција. Во рамките на оваа програма, до сега се потпишани 7 финансиски спогодби во висина од 9.93 милиони евра, преку кои се имплементирани или се во фаза на имплементација повеќе од 50 проекти. Двете страни очекуваат позитивен тренд и во наредниот период во развивањето и реализацијата на проекти од взаемен интерес, како дел од ИПА програмата за прекугранична соработка 2014 – 2020, во висина од 45 милиони евра, кои ќе бидат на располагање преку разни проектни повици.
Разговарано беше и за интензивирање на соработката во повеќе области од делот на усогласувањето на нашето законодавство со законодавството на ЕУ и споделување на искуствата на грчката администрација со нивните хомолози од македонска страна, на билатерална основа, но и преку користење на ЕУ инструментите, како што се Twinning, TAIEX и сл.
На крајот соговорниците изразија надеж за понатамошно унапредување на билатералната соработка и поддршка и развој на тековните иницијативи. /крај/мф/ап
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.
Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.
Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.
Македонија
Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.
Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.
„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.
Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.