Економија
Зголемен индексот МБИ10

Денес, на Македонска берза за хартии од вредност, беше остварен промет во износ од 11.462.961,25 денари. Од овој промет 7.402.543,25 денари беа реализирани на Официјалниот пазар за хартии од вредност, додека на Редовниот пазар прометот изнесуваше 4.060.418,00 денари.
Денес, на Македонска берза за хартии од вредност, беше остварен промет во износ од 11.462.961,25 денари. Од овој промет 7.402.543,25 денари беа реализирани на Официјалниот пазар за хартии од вредност, додека на Редовниот пазар прометот изнесуваше 4.060.418,00 денари. Индексот МБИ10 и денес се зголеми за 0,98% и изнесуваше 2.686,45 поени. МБИД се намали за 0,36% и изнесуваше 2.816,94 поени, додека ОМБ се намали за 0,10% и изнесуваше од 116,94 поени.На Официјалниот пазар најголем промет беше остварен со акциите на „Алкалоид“ АД Скопје во износ од 1.806.456,00 денари по просечна цена од 4.471,43 денари .Втора од акциите по реализиран промет беше акцијата на „Комерцијална банка“ АД Скопје со која беа остварени 1.126.316,00 денари промет, по просечна цена од 3.897,29 денари.Трета беше акцијата на „Макпетрол“ АД Скопје со остварени 1.029.900,00 денари, кои се тргуваа по просечна цена од 27.835,14 денари .Најтргувана од обврзниците беше Обврзницата за денационализација на Р.М. од деветтата емисија. Оваа обврзница се тргуваше по просечна цена од 87,69% и беа остварени 611.561,75 денари.На Редовниот пазар најтргувана хартија од вредност беше остварен со акцијата на „Просветно дело“ АД Скопје со кои беше остварен промет во износ од 1.264.000,00 денари по просечна цена по 1.600,00 денари по акција. Пет најтргувани хартии од вредност1. Алкалоид АД Скопје2. Просветно дело АД Скопје3. Македонски телеком АД Скопје4. Комерцијална банка АД Скопје5. Макпетрол АД СкопјеХартии од вредност со најголем раст1. Фершпед АД Скопје 3,00%2. Гранит АД Скопје 2,46%3. РЖ Услуги АД Скопје 2,46%4. Комерцијална банка АД Скопје 2,31%5. РЖ Валавница за ленти (ХРМ) АД Скопје 2,29%Хартии од вредност со најголем пад1. Тутунски комбинат АД Прилеп 30,00%2. Винарска визба Тиквеш АД Скопје 5,00% 3. Макошпед АД Скопје 2,76%4. Тетекс АД Скопје 2,62%5. ФЗЦ 11 Октомври АД Куманово 2,18%
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Скенирањето сметки на апликацијата „МојДДВ“ е со прекини, УЈП извести за технички проблеми

Управата за јавни приходи извести дека мобилната апликација „МојДДВ“ во моментов работи со прекини. Тимот на УЈП интензивно работи на отстранување на проблемот, со цел апликацијата да биде целосно функционална.
„Ги информираме корисниците дека, согласно член 6 од Законот за враќање на дел од износот на ДДВ на физичките лица, фискалните сметки можат да се скенираат во рок од 10 дена од датумот на нивното издавање. Тоа значи дека сите сметки, кои се во рамки на овој рок, ќе можат да бидат скенирани веднаш штом апликацијата повторно биде ставена во функција. Ги молиме сите корисници за трпеливост и разбирање. Тимот на Управата за јавни приходи е целосно ангажиран и работи на надминување на техничките пречки“, соопшти Управата за јавни приходи.
Од таму не откриваат за какви технички проблеми се работи, ниту пак кога очекуваат да бидат надминати.
Економија
Мицкоски најави нова инвестиција во Штип

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање во однос на најавата на директорот на Технолошко-индустриските развојни зони за 4 нови странски инвестиции, изјави:
„Во текот на вчерашниот ден, во разговор со директорот, имаме добра вест, нова инвестиција, потврдена во индустриската зона во Штип. Фабрика којашто ќе вработи до 150 луѓе. Фабрика којашто ќе инвестира некаде околу 35 милиони евра. Којашто во својот пик за три години од денес ќе извезува 300 милиони евра коишто ќе влезат во Бруто домашниот производ и ќе произведува батерии и тоа е добро. И тоа е добро, а за сите овие други, да имаме и потврди и полека ќе ги објавуваме. Ова е веќе договорено со инвеститорот и заради тоа го кажав, инаку фабриката е од земја од Европска Унија, да немаме дилема.“
Економија
Дизелот поевтинува за 2,5 денари

Од ноќеска на полноќ дизелот ќе поевтини за 2,5 денари, додека цените на бензините остануваат исти, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ).
Од 28.6.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 77,50 (денари/литар)
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 79,50 (денари/литар)
– Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 70,50 (денари/литар)
– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 72,00 (денари/литар)
– Мазут М-1 НС – 40,188 (денари/килограм)
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 1,499 ден/кг.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), не се менуваат.