Надворешна политика
Проширувањето сепак останува во приоритетите на летонското претседателство со ЕУ
Проширувањето на Европската унија (ЕУ), иако доста ниско пласирано на листата на приоритети за време на летонското претседателство со Унијата, сепак како такво останува важен дел за време на шестмесечното претседавање со Европскиот совет.
Проширувањето на Европската унија (ЕУ), иако доста ниско пласирано на листата на приоритети за време на летонското претседателство со Унијата, сепак како такво останува важен дел за време на шестмесечното претседавање со Европскиот совет.
Летонскиот амбасадор задолжен за Македонија, Алберт Сарканис во понеделникот ги претстави приоритетите на летонското претседателство со Унијата, кое ќе трае до крајот на јуни годинава, а пред ќе се темели на три принципи: создавање на конкурентна Европа, дигитална Европа и ангажирана Европа.
Според Сарканис, во однос на прашањето за членството на Македонија во Унијата и проблемот за името со Грција, кој е главна кочница во овој процес, решението треба да се пронајде во билатералните односи меѓу Скопје и Атина.
„Ова е билатерално прашање со вашиот сосед и тоа не треба да се реши само на ниво на влади, туку и на граѓанските општества, на ниво на научници и историчари од двете земји кои би можеле да работат заедно и да дојдат до некои заеднички решенија. Никој од страна не би можел на маса да ви стави нешто што треба заеднички да го сработите“, порача Сарканис.
Летонскиот амбасадор додаде дека Летонија, како земја претседавач со Европскиот совет сепак не може да носи самата решенија во поглед на процесот на проширувањето и дека стратегијата на заедничките одлуки е таа што преовладува во сите области и сите политики на Унијата.
Во поглед на политичкиот дијалог и останатите области кои беа адресирани во минатогодишниот извештај на Европската комисија (ЕК) за напредокот на Македонија, Сарканис, заедно со евроамбасадорот во земјава Аиво Орав, порачаа дека мора да има напредок во сите нотирани области./крај/мф/бс
Извор: Фото/МИА
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.
Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.
Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.
Македонија
Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.
Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.
„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.
Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.