Македонија
Експлозија во Железарница го вознемири Скопје
Според последните официјални информации, неисправен вентил од боца со ацетилен која се користи за заварување, е причина за експлозијата и летечкиот објект кој утрово ги вознемири скопјани кои
Од експлозијата еден работник е тешко беше повреден. Триесет и три-годишниот Димо Пигуловиќ, кој со тешки изгореници беше префрлен во Градската болница се наоѓа во критична состојба. Санирани се изгорениците на неговото тело, но докторите стравуваат од можни компликации во следните 24 часа, карактеристични за овој вид изгореници, рече директорот на Градска, др. Виктор Ќамиловски . Како што информираат од Градска болница, работникот во моментот се наоѓа на Одделот за интензивна нега и е свесен и контактабилен. Инаку утринава нешто пред осум часот, граѓани очевидци се дека над скопската населба Скопје Север забележале летечки објект проследен со силен звук кој според нивните согледувања се урнало кај клучката во населбата Бутел. Според описот на очевидците, сомневањата беа насочени кон мал авион или беспилотно летало, што беше неофицијално демантирано од Агенцијата за цивилно воздухопловство и министерствата за внатрешни работи и за одбрана, од каде извори соопштија дека тие во тој момент не употребувале беспилотни летала. Но, за разлика од Генералштабот на АРМ и АЦВ , кои демантираа каква и да е активност на летала во дадениот период над Скопје, од министерството за внатрешни работи не излегоа со изјава за што станува збор. Според, МВР, тоа ќе го сторат откако крим-техника која од утрово била излезена на терен ќе го заврши својот дел од работата. На репортерите на теренот, работник од Железарница кој сакаше да остане анонимен рекол дека дошло до експлзоија на ацетиленска боца која летнала во височина до 300 метри. До вакви експлозии, како што велат многу работници кои работата секојдневно со оваа апратура, може да дојде но потешко, но сепак се случуваат, доколку сигурносните вентили се дотраени или неправилно користење на самите боци или обид за нивно пробивање. Од Макстил пак официјално одговорија дека била запазена процедурата за заштита при работа, при што компанијата нагласуваат дека при настанувањето на несреќата биле почитувани се сите процедури од Законот за заштита при работа, работникот ја имал соодветната заштитна опрема и постапувал според процедурата за работа. „Од досега утврдената состојба со жалење констатираме дека АД Макстил и уште еднаш ги чуствува последиците на несоодветното работење на дел од добавувачите на старо железо.“, стои во соопштението на компанијата во кое сепак не се анведува што е причината за експлозијата.Ова, како и измерената траекторија од речиси два километра од местото на кое наводно се случила експлозијата до местото на кое се урнала, ги подгреваат соменвањата за каков предмет се работи, односно дека станува збор за експлзовна направа, најверојатно гранат, која најверојатно се нашла во отпадот на некој од добавуачите. „Ако направата полетала два до три километри во висина, сигурно имала експлозивно полнење“, изјави Нове Георгиевски, заменик-генерален директор на Рудници и Железарница, за Макфакс.Според Георгиевски, секое возило со старо железо што влегува во Железарница се контролира на влезот и излезот, но дека има случаи кога влегува и по некоја експлозивна направа. И претхопдно неофицијално се шпекулираше и дека станува збор за експлозивна направа, најверојатно граната или ракета, за која не се знае како се нашла во кругот на фабриката. Соговорници чија стручност е балистиката на проектили велат дека боца тешко би можела да прелета толакво растојание искачувајќи се до тристотини метри во височини и да има кривулеста патека на пад како што ја забележале многу граѓани. Покрај тоа, истите извори велат дека е многу тешко ацетиленска боца да создаде толку остар звук што во времето на најголемиот сообраќаен метеж во Скопје, ќе се слушне на повеќе до десет километри оддалеченост. Исто така, постојат и верзии дека сепак станува збор за беспилотно летоло, како и дека можеби станува збор за направа која имала експлзовно полнење, како што изјави Томче Божиновски, инспектор од Дирекција дека најверојатно меѓу старото железо имало предмет со експолизвно полнење кое при сечењето било активирано, што ги потврди претходните информации на Форум.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДУИ за една изборна единица со праг од 5 проценти, за укинувањето на техничката влада предложи консултација со ЕУ и САД
Претседателот на Демократска унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, по лидерската средба изјави дека партијата се залага за една изборна единица со изборен праг од пет проценти и со отворени листи.
Во однос на иницијативата на премиерот Христијан Мицкоски за укинување на техничката, односно Пржинската влада, Ахмети рече дека е потребна дополнителна консултација со Европска унија и Соединети Американски Држави, како коавтори на моделот.
Во врска со измените на Изборниот законик, Ахмети посочи дека ДУИ ги презентирала своите предлози и дека прашањето останува отворено за понатамошни дискусии.
Околу изборот на Народен правобранител, Ахмети изјави дека побарал дополнителни консултации, нагласувајќи дека не бил обезбеден потребниот консензус. За законите за „Сејф сити“, за кои е потребно Бадентерово мнозинство, Ахмети рече дека координаторите на пратеничките групи треба да изнајдат решение.
За останатите прашања, како што наведе, било договорено тој дополнително да се сретне со премиерот Мицкоски.
Македонија
Димитар Апасиев по лидерската средба: До јуни можен нов Изборен законик, се разговара за една изборна единица
Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, по завршувањето на лидерската средба изјави дека, изненадувачки, за првпат станувало збор за конструктивен состанок, на кој начелно било договорено до крајот на пролетта, односно до јуни, да се донесе нов Изборен законик.
Како што рече Апасиев, на средбата се дискутирало за различните модалитети на изборниот модел – воведување една изборна единица, со или без изборен цензус, како и за можноста за отворени или затворени листи. Тој најави дека комуникацијата ќе продолжи на ниво на координаторите на пратеничките групи во Собранието, заедно со дел од министрите во Владата.
На лидерската средба било разговарано и за укинување на техничката, односно Пржинската влада, и тоа во две варијанти – или веднаш, или не на наредните, туку на парламентарните избори по нив, во зависност од ставот на СДСМ.
Како последна политичка тема, Апасиев наведе дека се разговарало и за изборот на Народен правобранител, при што Левица предложила, како што рече, „соломонско решение“.
„Тоа е припадник на ромската заедница да биде избран бидејќи сметаме дека се најдискриминирана заедница која нема никакви полуги на власта – ниту министри, ниту пратеници, еден градоначалник, ако не се лажам, и сметаме дека ова е уставна категорија која треба да ѝ припадне на ромската заедница“, изјави Апасиев.
Левица ги наметнала прашањата за минималната плата, која, според него, е оправдано барање на работниците и синдикатите, како и за апанажа и патни трошоци на пратениците и јавните функционери.
„И за овие две теми не наидовме на разбирање. Иако имаше различни варијанти кои се дискутираа, сепак мислам дека овие се неприфатливи“, изјави Апасиев.
Како дополнително прашање отворено од Левица, Апасиев наведе дека било разговарано и за обештетување на семејствата на жртвите од Кочани, но, како што истакна, за тоа немало слух.
Македонија
Движењето ЗНАМ е за укинување на Пржинската влада и воведување една изборна единица
На денешната лидерска средба, одржана на иницијатива на претседателот на Владата, Движењето ЗНАМ – За наша Македонија беше претставено од генералниот секретар на партијата и министер за јавна администрација Горан Минчев, како и од координаторот на пратеничката група на ЗНАМ, Бобан Карапејовски.
Движењето ЗНАМ ја поздравува иницијативата за одржување лидерска средба како одговорен и државнички чекор, насочен кон стабилност, дијалог и политичка зрелост во период кога пред државата стојат клучни одлуки од стратешко значење.
Во однос на Законот за Влада и постоењето на техничката, односно таканаречената Пржинска влада, ставот на Движењето ЗНАМ е јасен – таа треба да биде укината.
„Таканаречената Пржинска влада беше воведена како привремено решение и со јасна задача. Денес таа е анахрона и претставува кочница за функционирањето на институциите. Македонија има капацитет самостојно да организира кредибилни избори и затоа ова решение мора да биде укинато“, изјави Бобан Карапејовски, координатор на пратеничката група на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија.
По однос на Изборниот законик, Движењето ЗНАМ се залага за суштинска и праведна реформа со воведување една изборна единица, која ќе обезбеди еднаква вредност на гласот на секој граѓанин и пофер политичка застапеност. Истовремено, ЗНАМ инсистира на јасно и транспарентно уредување на финансирањето на политичките партии.
Во делот на реформските закони од областа на правосудството, како и останатите закони од реформската агенда, Движењето ЗНАМ дава силна и недвосмислена поддршка, со јасен повик за политички консензус околу овие прашања, како предуслов за владеење на правото и европската иднина на државата.
Во однос на изборот на Народен правобранител, ставот на ЗНАМ е дека оваа функција мора да ја извршува лице со висок професионален и морален интегритет, кое ќе биде вистински и независен заштитник на правата на граѓаните.
Дополнително, Движењето ЗНАМ се залага за побрзо донесување на Законот за прекршоци, со што ќе се зајакне правната сигурност и безбедноста на граѓаните.
„Лидерската средба ја гледаме како можност сите релевантни политички фактори да покажат зрелост и одговорност. Потребни ни се храбри, но државнички одлуки, изборни и правосудни реформи и јасен консензус околу европската иднина на Македонија. Интересот на државата и граѓаните мора да биде над сè“, посочи Карапејовски.

