Контакт

Надворешна политика

Иванов: Македонија успешно се справува со предизвикот од мигрантската и бегалската криза

Објавено пред

Македонија добива комплименти за начинот на справување со мигрантската и бегалската криза, и ние сме една од ретките земји кои успешно се справуваат со овој предизвик, изјави претседателот на Ѓорге Иванов по остварените средби со повеќе учесници на 21-от Самит за климатски промени во Париз.

dobivaj vesti na viber

„Нашиот кризен менаџмент е активиран, имаме прогласено кризна состојба, и постапуваме согласно нашиот закон за сé што е предвидено од тој аспект. Македонија добива комплименти, бидејќи, за разлика од некои други држави кои беа изненадени и не се снајдоа најдобро, Македонија од самиот почеток на кризата прави сé за да нема никакви последици по безбедноста на нашето население“, потенцираше Иванов.

Во разговорите со светските лидери на Самитот се зборувало за македонската евроатлантска интеграција, за состојбите во регионот, како и за предизвиците со мигрантската и бегалската криза.

„Со претседателот Обама зборував за нашата евроатлантска интеграција“, рече Иванов. Додаде дека Македонија го почнува 17-иот акционен план за членство во НАТО, а „стоиме во место и имаме статус-кво состојба во нашата интеграција“. „Со г-ѓа Меркел имавме подолг разговор, кој се однесуваше на проблемот што нé засега сите во нашиот регион, и кој станува сé повеќе глобален проблем. Проблемот со бегалците и мигрантите“, дополни претседателот Иванов.

Говорејќи за средбата со канцеларката Меркел, Иванов истакна дека Македонија има проблеми, односно предизвици кои доаѓаат од територија на Европска унија и од членка на НАТО.

„Разговаравме отворено со г-ѓа Меркел за тоа што сé се подготвува во врска со бегалската криза. Таа информираше за самитот што се одржа меѓу Европската унија и Турција, што е планирано, кои мерки ќе се преземат краткорочно, кои долгорочно, како и за тоа кои се нивните очекувања. Процесите што се почнати со бегалската криза доведоа до тоа што сега коридорите на бегалците ги користат мигрантите од Африка и од Азија и затоа мора да се преземат мерки како што и ние ги преземавме“, појасни македонскиот челник.

Со цел, додаде Иванов, „да се разликуваат тие што бегаат од боиштата, пред сé луѓето од Сирија, Ирак и Авганистан, од оние кои се економски мигранти“.

На средбата со грчкиот премиер која минала во „конструктивна атмосфера“, претседателот Иванов и премиерот Ципрас зборувале за проблемот со бегалците и мигрантите кој претставува продолжение на разговорот што неодамна двајцата го имале во Брисел на лидерскиот состанок посветен на приливот на бегалците низ Балканската рута.

„Oна што го побарав од грчкиот премиер, и во Брисел и сега во Париз, е институциите да соработуваат и да разменуваат податоци, бидејќи тоа е во интерес, пред сé, на нашите држави, на нашите народи, но и на регионот. Голем дел од странските борци кои се на боиштата во Сирија и Ирак сега како бегалци и мигранти се пробиваат низ Европа, и ја загрозуваат безбедноста на самата Европа. Затоа е неопходна соработка на службите, не само меѓу нас и Грција, туку долж целиот коридор и самата Европска унија, затоа што размената на податоци од безбедносен карактер отсуствува и во самата Унија“, рече Иванов.

Додаде оти со премиерот Ципрас разговарале и за мерките за градење доверба меѓу Македонија и Грција, како и за неопходноста од нивната имплементација.

„Мора да посветиме многу повеќе внимание на имплементирање на мерките за градење доверба, кои треба да поттикнат повеќе соработка во областите кои не можат да трпат поради проблемот со името. Тука се, во прв ред, нашата академска и бизнис заедница, како и комуникацијата меѓу населението“, изјави македонскиот претседател, и нагласи дека сето она што како позитивен пример е досега покажано, мора да се поттикнува и што повеќе развива.

За Самитот на климатски промени во Париз, Иванов рече дека бил одлична можност да се слушнат пораките од многу светски лидери и нивната загриженост за сето она што се случува со нашата планета. Според него, климатските промени предизвикуваат такви последици кои не почитуваат државни граници и не ги почитуваат поделбите што се направени од луѓето и од државите.

„Доминира свеста дека сме моќни како цивилизација за еден предизвик, на кој мораме заеднички да наоѓаме одговор. На минатите самити имавме многу декларативен однос кон овие прашање. Сега, конкретно во овој момент е потребно нешто што веќе е најавено. Конкретни иницијативи чија цел e глобалното затоплување да не биде поголемо од 2 Целзиусови степениа, бидејќи последиците за човековата цивилизација се катастрофални“ рече Иванов./крај/мф/бс

Извор: Макфакс

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет5 часа

(Видео) Иран во пламен – објавени нови снимки од протестите, додека бројот на загинати надмина 500

Бројот на загинати во протестите во Иран се искачи на 538 лица, објави Ројтерс. Меѓу нив се 490 демонстранти и...

Свет6 часа

Трамп размислува за можна воена интервенција во Иран, вели Си-Ен-Ен

Претседателот на САД, Доналд Трамп, разгледува низа можни воени опции за Иран по смртоносните протести во земјата, изјавија двајца американски...

Свет13 часа

Стармер преговара со европските сојузници за испраќање на воени сили на Гренланд

Британскиот премиер Кир Стармер е во преговори со европските сојузници за распоредување на воени сили на Гренланд, со цел да...

Свет13 часа

Францускиот министер за надворешни ги повика САД да престанат со „уцената“ за Гренланд

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро ги повика САД да „престанат да ја уценуваат“ Данска за да добијат директна...

Свет13 часа

Иран ги предупреди американската војска и Израел дека ќе бидат „легитимни цели“ ако САД нападне поради протестите

Иранскиот парламент денеска се состана за да разговара за смртоносните антивладини протести кои беснеат повеќе од две недели. За време...

Свет14 часа

Болниците во Иран преплавени со повредени од протестите, доктори опишуваат „ужасни сцени“

Протестите во Иран продолжуваат, а улиците на градовите, особено Техеран, се исполнети со илјадници демонстранти, и покрај блокадата на интернет...

Свет14 часа

Вашингтон одржа „прелиминарни“ разговори за потенцијален удар врз Иран, објави Волстрит журнал

Американски официјални лица разговарале за планови за можни напади врз Иран, вклучувајќи потенцијални цели, објави Волстрит журнал, повикувајќи се на...

Македонија1 ден

Детален список: каде целосно ќе се забранат сите видови цигари со новиот закон за заштита од пушење

Државата подготвува целосно нов и значително построг Закон за заштита од пушење, со кој драстично се заоструваат правилата за употреба,...

Македонија1 ден

Состојба по обилните дождови во Македонија: пресек на ЦУК до 18:30 часот

Центарот за управување со криви направи пресек на состојбата по обилните врнежи до 18:30 часот. Источен регион – Штип Во...

Македонија1 ден

УХМР: Водостоите остануваат високи, вечерва се очекува заладување и снег

Според податоците од хидролошките станици се уште е висок водостојот на река Сатеска, како и на река Коселска кој почнува...

Македонија1 ден

ЈСП Скопје: Ниските температури и снегот може да предизвикаат изменето сообраќање на автобусите

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје ги информира корисниците на јавниот превоз во Градот Скопје дека, поради ниските минусни температури и најавените...

Топ1 ден

18-годишникот кој со автомобил усмрти жена во Капиштец немал возачка, од Македонија избегал преку Табановце

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за – Тешки дела...

Македонија1 ден

Николоски на терен: Сите патишта се проодни, снегот редовно се чисти од Македонија пат

Сите патишта во државата се проодни благодарение на макотрпната работа на луѓето од Македонија пат, кои даваат се’ од себе...

Свет1 ден

Хамнеи ѝ нареди на Револуционерната гарда да ја преземе контролата: Иран во најголема готовност досега

Иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, ѝ нареди на Револуционерната гарда да ја преземе главната улога во справувањето со протестите...

Свет1 ден

Сè што треба да знаете за протестите во Иран

Ако штотуку дознавте за растечките протести во Иран, имаме брз преглед на тоа што стои зад оваа тековна ситуација. Протестите...

Топ1 ден

18-годишниот возач кој вчера прегази жена во Капиштец избегал од државата, МВР распиша потерница

СВР Скопје поднесе кривична пријава против четири лица во врска со вчерашната сообраќајна несреќа на ул. „Народен фронт“ во Скопје...

Македонија1 ден

Денеска гласаат болните и затворениците пред повторните избори за градоначалници во четири општини

Денес се спроведува гласањето на болните или немоќни лица и лицата кои се на издржување на казна затвор за повторните...

Свет2 дена

(Видео) „Се враќам во земјата за да бидам со луѓето“ – синот на поранешниот шах на Иран повика на протести

Реза Пахлави, син на покојниот поранешен ирански шах, кој живее во Вашингтон, ги повика демонстрантите во Иран да продолжат со...

Европа2 дена

Растат цените на становите во ЕУ – Унгарија рекордер со зголемување од 275%

Во периодот од 2015 до крајот на 2025 година, цените на становите во ЕУ во просек пораснале за 63,6%, додека...

Свет2 дена

(Фото+видео) Катастрофа во Викторија: беснеат стотици пожари, уништени куќи, илјадници без струја

Во австралиската сојузна држава Викторија во последните 24 часа избиле повеќе од 250 пожари, од кои 11 се класифицирани како...