Контакт

Спорт

Тотенхем го посакува Мурињо за наследник на Реднап

Објавено пред

Лондонскиот премиерлигаш Тотенхем веќе се подготвува да најде наследник на Хари Реднап, кој по завршување на сезоната најверојатно ќе стане селектор на англиската репрезентација.

dobivaj vesti na viber

Лондонскиот премиерлигаш Тотенхем веќе се подготвува да најде наследник на Хари Реднап, кој по завршување на сезоната најверојатно ќе стане селектор на англиската репрезентација.Британските медиуми наведуваа дека прв на листата желби се наоѓа тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, кој во неколку наврати напомена дека во лето би можел да го напушти кралскиот клуб и да се врати во Англија.Тотенхем во 2008 година веќе се обиде да го донесе Мурињо, веднаш по неговото напуштање на Челзи, но преговорите пропаднаа.Доколку навистина успеат Спарси да го придобијат Мурињо, ќе мора да ги задржат своите двајца најдобри фудбалери, Лука Модриќ и Герет Бејл, шпекулираат локалните медиуми.Покрај Мурињо, на листата желби се и прославениот холандски стручњак Гус Хидик и менаџерот на Евертон, Дејвид Мојс, кој десет години успешно го води клубот од Ливерпул и покрај скромните финансиски средства. /крај/х/ап/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

(Видео) Волтемаде со гол дебитираше а Њукасл, Борнмут победи и се изедначи со Арсенал и Ливерпул

Објавено пред

Во петте натпревари од англиската Премиер лига одиграни од 16 часот, постигнати се само пет гола, од нив три на еден натпревар.

dobivaj vesti na viber

Повеќето работи што вреди да се споменат од денешните натпревари од четвртото коло се случија во Борнмут, каде што истоимениот домашен тим го победи Брајтон со 2:1.

Победата на Борнмут му ја донесоа стрелците Алек Скот и Антоан Семењо од пенал. Голот за Брајтон, за 1:1 во тој момент, го постигна Јапонецот Митома.

Ова беше трета победа на Борнмут од почетокот на сезоната и тие моментално го делат првото место со девет бода со Ливерпул и Арсенал, а „црвените“ имаат натпревар помалку.

Исто така и во Њукасл, каде што „страчките“ го победија Вулверхемптон со 1:0 со голот на најскапото засилување во историјата на клубот, Ник Волтемаде.

Тоа беше првиот гол за поранешниот напаѓач на Штутгарт во неговиот прв натпревар за новиот клуб.

Фулам исто така победи попладнево, и тоа во финишот на натпреварот со автоголот на Габриел Гудмундсон во петтата минута од судиското продолжение за 1:0 против Лидс.

На натпреварите Евертон – Астон Вила и Кристал Палас – Сандерленд немаше голови.

Победата на Борнмут му ја донесоа стрелците Алек Скот и Антоан Семењо од пенал. Голот за Брајтон, за 1:1 во тој момент, го постигна Јапонецот Митома.

Ова беше трета победа на Борнмут од почетокот на сезоната и тие моментално го делат првото место со девет бода со Ливерпул и Арсенал, а „црвените“ имаат натпревар помалку.

Прикажи повеќе...

Спорт

(Видео) Реал со играч помалку победи во Сан Себастијан

Објавено пред

Фудбалерите на Реал Мадрид славеа како гости против Сосиедад (2:1), во четвртото коло од Ла Лига.

dobivaj vesti na viber

Чаби Алонсо, кој е особено поврзан со Сан Себастијан каде што порасна, имаше големи проблеми да триумфира со својот тим.

И покрај фактот дека „кралскиот“ клуб имаше водство од 2:0, отежнувачка околност беше црвениот картон за Дин Хајзен веќе во 32-та минута.

Во тој момент, Реал имаше предност благодарение на голот на Килијан Мбапе во 12-та минута.

Французинот асистираше за вториот гол кој го постигна Арда Гулер во 44-та минута.

Во раната фаза на второто полувреме Сосиедад добија пенал по играњето со рака на Дани Карвахал во сопствениот шеснаесетник, Микел Ојарзабал беше од белата точка во 56-та минута.

До крајот на мечот Тибо Куртоа ја сочува својата мрежа па Реал, кој се бранеше во текот на целото второ полувреме, ја запиша четвртата победа во исто толку натпревари. Негов следен ривал ќе биде Еспањол.

Сосидад остана на само два бода и моментално го зазема разочарувачкото 17-то место во првенството.

Прикажи повеќе...

Спорт

Чебет златна на 10.000 метри, Краузер неприкосновен во фрлање ѓуле

Објавено пред

Неверојатната трка и победа на Беатрис Чебет на 10.000 метри и демонстрацијата на моќ на Рајан Краузер во фрлање ѓуле го одбележаа првиот ден од Светското првенство во Токио.

dobivaj vesti na viber

Повеќе од 65.000 луѓе ја гледаа трката на 10.000 метри за жени на Олимпискиот стадион. Кенијките Чебет и Нгетич, Етиопјанките Цегај и Таџе и Италијанката Надја Батоклети се одвоија во раната фаза на трката.

Расплетот се случи во последниот круг. Чебет, актуелната светска рекордерка и олимписка шампионка, го забрза темпото, но на општо изненадување само Батоклети ја следеше. Кенијката, сепак, имаше поголема сила и го освои светскиот трон со време од 30:37.61.

Пресреќната Батоклети беше втора, 62 стотинки зад победничката, додека Чегај, која ја бранеше круната од Будимпешта, заврши на третото место.

Рајан Краузер, светскиа и олимписки шампион и светски рекордер не фрлаше никаде цела година. Тој дојде на Светското првенство во Токио и речиси рутински победи со 22,34 метри. Дури и неговиот втор најдобра резултат 21,99 ќе му донесеше уште едно светско злато. Ова е негов трет последователен триумф на светските првенства.

Сензација на денот е Мексиканецот Узиел Муњоз, кој го освои среброто. Во последната серија го фрли ѓулето на далечина од 21,97. Италијанецот Фабри стигна до бронзата со три сантиметри полошо резултат од Мексиканецот.

Новозеланѓанецот Волш исто така имаше 21,94, но поради полоша серија, остана без медал.

Денот заврши со победа на мешаната штафетна екипа на Соединетите Американски Држави на 4 x 400 метри. Дидмонд, Ирби-Џексон, Мекивер и Холмс се искачија на највисокото скалило на подиумот со време од 3:08,80.

Во финалето, среброто и го донесе на Холандија големата Фемке Бол, додека Белгија ја освои бронзата благодарение на одличниот финиш на Елен Понет, која ја престигна Понет од Полска во фото-финишот.

Foto/ EPA

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија12 минути

Електронскиот отпад што гори во Трубарево ќе се гасне со песок

Електронскиот отпад што гори во Трубарево ќе се гасне со песок, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче...

Македонија39 минути

ИЈЗ објави препораки: Ако сте во непосредна близина на пожар останете дома и затворете ги прозорците

Институтот за јавно здравје, во насока на заштита на здравјето и благосостојбата на сите граѓани, соопшти дека во случај да...

Македонија1 час

Опасен отпад гори во Трубарево, нема насоки од властите за заштита од чадот

Во Трубарево горат електронски отпад и пластика, во делови од главниот град се чувствува силна миризба, а засега нема предупредувања...

Македонија3 часа

Во Трубарево гори и пластичен отпад, Ангелов рече дека пожарот е подметнат и нема повредени лица

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, изјави дека големиот пожар кој денеска избувна во фабриката „Ф –...

Македонија4 часа

(Видео) Драматични снимки од пожарот во Трубарево кадешто горат објекти за складирање на електронски отпад

Сериозен е пожарот што избувна во Трубарево и ги зафати  објектите на Ф – ГРУПАЦИЈАТА која се занимава со електронски отпад....

Македонија5 часа

(Видео) Ангелов: Се затрупува изворот на чад во Дрисла, термални камери и патроли во Вардариште, нов пожар избувна во Трубарево

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, денеска информираше за повеќе паралелни интервенции поврзани со пожари на скопските...

Македонија6 часа

(Видео) Гори фабрика во Трубарево, црн чад се издигна над Скопје

Голем црн чад се издигна над главниот град, алармираат граѓаните од повеќе скопски населби. Директорот на Дирекцијата за заштита и...

Македонија8 часа

ВМРО-ДПМНЕ со готови листи за советници и кандидати за градоначалници

ВМРО-ДПМНЕ објави дека целосно ги комплетирала листите за советници и кандидати за градоначалници за претстојните локални избори. Генералниот секретар на...

Свет9 часа

Тајлер Робинсон – од стипендист со блескава иднина до осомничен за убиството на Чарли Кирк

Тајлер Робинсон (22) од Јута, кој некогаш важел за одличен ученик и добитник на претседателска стипендија на Универзитетот „Јута стејт“,...

Македонија10 часа

Агелер по повод 30 години дипломатски односи: Македонија и САД покажаа што значи вистинско пријателство

Оваа година се одбележуваат 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи (13 септември 1995) меѓу Република Северна Македонија и Соединетите...

Македонија11 часа

ВМРО-ДПМНЕ го прозва Коцевски: Не молчете за незаконското следење на Мицкоски

ВМРО-ДПМНЕ побара Јавното обвинителство и обвинителот Љупчо Коцевски веднаш да реагираат и да спроведат темелна и транспарентна истрага за, како...

Македонија11 часа

Шабан Салиу – кандидатот за градоначалник на Шуто Оризари официјално е во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ

На свечена церемонија во Скопје, претседателот на Демократските сили на Ромите (ДСР), Шабан Салиу го стави својот потпис на документот „Декларација...

Свет12 часа

(Видео) Вдовицата на Чарли Кирк: Немате поим што ослободивте

Ерика Кирк, сопруга на убиениот десничарски активист Чарли Кирк, одржа емотивен говор во седиштето на „Трнинг поинт УСА“ во Аризона....

Свет13 часа

Бабата на убиецот на Кирк тврди дека нејзиниот внук е невин: Збунета сум, немаме демократи во семејството

Бабата на 22-годишниот Тајлер Робинсон, уапсен под сомнение дека е одговорен за убиството на десничарскиот активист Чарли Кирк, тврди дека...

Македонија14 часа

Денес топло време, од утре нестабилно со локален пороен дожд и грмежи

Времето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно...

Свет1 ден

(Видео) Трамп: Ја решив војната меѓу Албанија и Азербејџан

Американскиот претседател Доналд Трамп, во гостување на „Фокс њуз“, изјави дека успеал да реши војна меѓу Албанија и Азербејџан –...

Македонија1 ден

Имало три нови обиди за палење на „Дрисла“, Ангелов најави засилено обезбедување, полицијата разговара со вработените

Криминалистичката полиција разговара со вработените за можни потпалувачи, чадењето сè уште активно.  Криминалистичката полиција денеска разговара со вработени во ЈП...

Македонија1 ден

Собранието ја усвои Декларацијата за фер, слободни и демократски избори

Собранието на денешната пленарна седница ја усвои Декларацијата за одржување фер, слободни и демократски избори за членови на советите на...

Свет1 ден

Трамп: Губам трпение со Путин

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека му снемува трпение со рускиот лидер Владимир Путин поради неговиот неуспех да ја заврши...

Свет1 ден

Убиецот го критикувал Кирк на вечера, на куршумите изгравирал „Еј фашист“ и „Бела чао“

ФБИ и гувернерот на Јута, Спенсер Кокс, потврдија дека уапсен е 22-годишниот Тајлер Робинсон за убиството на Чарли Кирк. Клучна...