Свет
Над 250 странски војници годинава убиени во Авганистан

Од почетокот на годината во Авганистан, загинале 255 припадници на Меѓународните безбедносни сили за помош (ИСАФ), објави авганистанската новинска агенција Pajhwok повикувајќи се на прес-службата на овие трупи.
Според информациите на прес-службата на мисијата ИСАФ во вторникот, во источниот дел на Авганистан, во напад на бунтовниците врз припадници на единиците на меѓународната коалиција бил убиен еден војник чија националност не е соопштено. Меѓутоа, агенцијата забележува дека во северните области од земјата најмногубројни се американските војници.
Според овие информации, бројот на загинувања на странски војници од почетокот на 2012 година достигна 255. Според специјализираниот интернет ресурс iCasualties, од тоа 189 се Американци, 28 се британски и 38 се војници на други национални контигенти.
Според агенцијата, годинава најсмртоносниот месец за припадниците на мисијата ИСАФ е мај, кога загинаа 45 војници и офицери на контингентот. Во јули во оваа трагична бројка на загинати достигна 35 жртви.
Од почетокот на операцијата „Трајна слобода“, која започна во Авганистан во 2001 година со која беше соборен талибанскиот режим, загинати се 3.102 странски војници, од кои 2.053 се американски.
И натаму најсмртоносна за странските војници во Авганистан останува 2010 година со 711 жртви, а втора според смртноста е минатата 2011 година кога животите ги загубија 566 странски војници.
Во последните пет години од почетокот на интервенцијата на меѓународната коалиција во Авганистан од пред 11 години со која беше соборен талабанскиот режим, се зголемува постојано и бројот на цивилните жртви. Така во 2011 година се регистрирани 3.021 цивилна жртва.
Интензивирањето на бунтовничките напади го отежнува подготвувањето на единиците на НАТО за подготовка на авганистанските безбедносни сили да ја преземат обврската за гарантирање на безбедноста во земјата откако кон крајот на 2014 година ќе започне повлекувањето на странските војници од Авганистан./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Путин до Западот: Купија билет и не патуваа, само за да се налутат на кондуктерот: рускиот енергетски систем работи беспрекорно

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека одбивањето на европските земји да се потпираат на руските енергетски ресурси сериозно ја поткопа конкурентноста на нивните економии и доведе до пад на индустриското производство и пораст на цените низ целиот континент.
Зборувајќи на пленарната сесија на Руската недела на енергија во Москва, Путин истакна дека постапките на западните политички елити „ја уништија глобалната енергетска инфраструктура“, нагласувајќи дека политичкиот притисок довел до ирационални одлуки во ЕУ, според западните медиуми.
„Многу европски земји, под политички притисок, одбија да купуваат руски енергетски производи. Веќе неколку пати предупредив за последиците – не за Русија, туку за самите тие земји. Гледаме пад на индустриската активност и пораст на цените поради поскапата нафта и гас од странство“, рече Путин.
Тој додаде дека, по забраната за соработка со Русија, западните компании почнаа да ја губат својата технолошка предност и да го намалуваат производството, додека руските експерти станаа „технолошки лидери“ на пазарот.
„Што направија? Купија билет и не патуваа – само за да се налутат на кондуктерот. Каква глупост.
Нашиот енергетски систем е еден од најголемите во светот. Овој огромен комплекс работи сигурно и ефикасно“, заклучи претседателот на Русија.
Свет
Кремљ: Путин го предупреди Трамп за време на разговорот

Во денешниот телефонски разговор, рускиот претседател Владимир Путин го предупреди американскиот претседател Доналд Трамп дека испраќањето крстосувачки ракети „Томахавк“ во Украина ќе го загрози мировниот процес и ќе им наштети на односите меѓу САД и Русија. Веста беше потврдена од Кремљ во официјално соопштение, пренесуваат медиумите во регионот.
Според Кремљ, Путин изразил загриженост поради можноста напредното американско оружје во рацете на украинските сили да доведе до понатамошна ескалација на конфликтот. Предупредувањето јасно посочи дека таков потег од страна на Вашингтон би имал директни негативни последици врз билатералните односи на двете сили.
Советникот на Путин, Јуриј Ушаков, им изјави на новинарите дека Путин во разговорот нагласил дека руските сили во моментов имаат „целосна стратешка иницијатива“ по целата линија на фронтот во Украина.
Ушаков додаде дека денешниот повик, кој траел речиси два и пол часа, бил инициран од руска страна. Тој, исто така, објави дека на планираниот нов самит меѓу двајцата претседатели ќе му претходи разговор меѓу државниот секретар на САД, Марко Рубио, и рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, кој се очекува да се одржи во наредните денови, пренесува index.hr.
Фото: принтскрин
Свет
Орбан по разговорите Трамп-Путин: Голема вест за мирољубивите луѓе, подготвени сме

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека наскоро повторно ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, а овој пат средбата ќе се одржи во Будимпешта. Двајцата лидери се согласија за нов самит за време на телефонски разговор.
Унгарија е подготвена да биде домаќин на самитот Русија-САД, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан.
„Планираната средба меѓу американскиот и рускиот претседател е голема вест за мирољубивите луѓе низ целиот свет. Подготвени сме!“ напиша тој на X.
Трамп и Путин последен пат се сретнаа пред два месеци во Алјаска, но таа средба не донесе конкретен напредок кон мирот во Украина, по што следеше период на дипломатско затишје меѓу Вашингтон и Москва, анализираат медиумите.
Денешниот телефонски повик не беше објавен со денови, за разлика од некои претходни, а аналитичарите истакнуваат дека времето на неговото случување е исклучително значајно. Имено, Трамп утре треба да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Клучната тема на нивниот разговор ќе биде можното испраќање американски ракети со долг дострел „Томахавк“ во Украина, што би претставувало значително зголемување на воената помош за земјата.
Фото: принтскрин