Контакт

Свет

Фирмата „Неоком“ ќе стане фиксен оператор?

Објавено пред

Еден од најголемите кинески произведувачи на телекомуникациска опрема "ЗТЕ корп" ќе гради мрежа за оптичка трансмисија во Македонија за потребите на македонската фирма "Неоком".

dobivaj vesti na viber

„ЗТЕ корп“ ќе гради мрежа за оптичка трансмисија во Македонија

Еден од најголемите кинески произведувачи на телекомуникациска опрема "ЗТЕ корп" ќе гради мрежа за оптичка трансмисија во Македонија за потребите на македонската фирма "Неоком". Оваа информација може да се најде на кој било сајт на Интернет. Во "Неоком" ја потврдуваат веста, но никој од надлежните вчера не сакаше да изнесе никакви детали околу мрежата, иако во јавноста се шпекулира дека таа ќе се гради, бидејќи компанијата планира да стане фиксен оператор. Кинеската компанија веќе го добила националниот проект за изградба на мрежата, која може да се користи за Интернет, телекомуникациски услуги, за пренос на звук, говор, слика итн. Предвидено е мрежа за оптичка трансмисија да се изгради во пет големи града во Македонија, со што ќе ја поврзува нашата земја со другите европски држави, вклучувајќи ги Србија, Албанија, Бугарија и Грција.

Во проектот, што се очекува да биде завршен до крајот на годинава, ќе се користат подобрените СТМ 16- уреди и повеќекратната направа ДВДМ за поделба на компактни бранови. Покрај во Македонија, кинеската компанија "ЗТЕ корп" ќе гради мрежи за оптичка трансмисија во Бугарија и во Романија. "Неоком" е вториот најголем дигитален бизнис-оператор во Македонија и обезбедува телекомуникациски услуги за железницата.

"ЗТЕ корп" со седиште во Шенжен Сити, во кинеската провинција Гуангдонг, е една од најбрзо растечките компании во светот за снабдување со опрема за оптичка трансмисија. Компанијата во 2005 година го подобри своето учество на пазарот за оптички мрежи за 20 отсто, што е најголем раст меѓу компаниите во светот кои се занимаваат со продажба на опрема за оптички мрежи.                        (В. Г.)



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Повеќе од 226.000 домови во Тексас без струја по невремето

Објавено пред

Повеќе од 226.000 домови и деловни објекти во Тексас и денеска се без струја откако невремето го погоди регионот минатата недела и викендот, според синоптичарите и PowerOutage.us.

dobivaj vesti na viber

Тоа е помалку од повеќе од 946.000 клиенти во Тексас, Луизијана и Мисисипи кои беа без струја во петокот наутро.

Покрај тоа, невремето на крајот на минатата недела во Тексас и другите држави долж брегот на Персискиот залив остави без струја во текот на викендот повеќе од 44.000 клиенти во Оклахома и Канзас, пренесува Ројтерс.

Прикажи повеќе...

Свет

Лавров: Следната средба меѓу Путин и Шји во јули

Објавено пред

Рускиот претседател Владимир Путин и неговиот кинески колега, Шји Џјинпинг, планираат да се сретнат за време на самитот на Шангајската организација за соработка (ШСО) во јули, кој е дел од претстојниот дипломатски календар меѓу двете земји, изјави рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.

dobivaj vesti na viber

Ова го изјави на денешната средба со кинескиот министер за надворешни работи, Ванг Џи.

„Ве чекаме, драг министере, драг пријателе, на состанокот на министрите за надворешни работи на БРИКС, во Нижни Новгород, за помалку од еден месец. Нашите лидери ќе се сретнат и за време на самитот на SCO во јули во Астана. Подготвуваме настани за одбележување на 75-годишнината од воспоставувањето на нашите дипломатски односи“, му рекол Лавров на Ванг.

На средбата тој изразил благодарност до Пекинг за неговата „урамнотежена позиција“ за решавање на конфликтот во Украина, соопшти денеска руската МСП, пренесува „РИА новости“.

Шефот на руската дипломатија го поздрави предлогот на кинескиот претседател Џјинпинг за организирање мировна конференција со рамноправно учество на Москва и Киев, што ги зема предвид интересите на Русија, додаваат од Министерството.

Прикажи повеќе...

Регион

Дачиќ му упати сочувство на Иран за смртта на претседателот Раиси: Бев шокиран од веста

Објавено пред

Вицепремиерот на Србија и министер за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, упати сочувство до раководството и народот на Иран за смртта на претседателот Ебрахим Раиси и министерот за надворешни работи, Хосеин Амир Абдолахи,ан.

dobivaj vesti na viber

„Бев шокиран од веста за трагичната смрт на претседателот Ебрахим Раиси, министерот за надворешни работи, Хосеин Амир Абдолахи,ан, како и членовите на неговата висока делегација. Иранскиот народ загуби посветен лидер, лојален на својата земја и на високата функција. Србија изгуби докажан пријател и важен партнер со кој искрено работевме во корист на традиционалната блискост на нашите народи“, рече Дачиќ.

Тој додаде дека иранскиот министер за надворешни работи, Хосеин Амир Абдолахијан, е посветен на постојано подобрување на врските со Србија и дека заминувањето на претседателот Раиси и членовите на неговата висока делегација е огромна загуба за Иран, неговиот народ и државното раководство, се вели во соопштението.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ2 часа

За пари, син со нож му се заканувал на таткото во Велешко

Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка против лице од селото Раштани за кое постои сомнение дека сторило кривично дело загрозување...

Македонија2 часа

Шверцувале мигранти од Босна и Херцеговина во Хрватска: на цариниците им плаќале по 1.500 евра

По спроведена истрага, УСКОК поднесе обвинение пред судот во Осиек против групата, во која беа вклучени двајца царински службеници, осомничени...

Економија2 часа

Нови цени на дизелот и бензините од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе одлука...

Македонија3 часа

Данела Арсовска од новата влада ќе бара прв приоритет да ѝ бидат законски измени за зголемување на платите на пожарникарите

За Денот на пожарникарите, 20 Мај, Бригадата за противпожарна бригада на Скопје доби уште едно ветување за поголема плата и...

Македонија3 часа

Владата нема испратено пораки за надомест, граѓаните да не наседнуваат на измамата и да не внесуваат лични податоци на веб-страницата

„Владата на Република Северна Македонија нема испратено СМС и други пораки во кои нуди надомест. Во конкретниот случај, кој се...

Топ4 часа

Загина кумановец, возилото во кое се превезувал излетало од патот

Вчера околу 15.00 часот во СВР Куманово било пријавено дека на автопатот Скопје – Куманово, атар на с.Агино Село, кумановско,...

Македонија4 часа

Комисијата на ЕУ ги повика Скопје и Атина да се држат до преспанскиот договор

Портпаролот на Европската комисија изјави за „Еурактив“ дека договорот од Преспа меѓу Грција и Северна Македонија од 2018 година мора...

Македонија5 часа

Одземени дрога испратена во мала пратка и огнено оружје од скопјанец

Одземени 30 грама дрога и пиштол од скопјанец, по заедничка акција на инспектори од Одделението за истраги при Царинската управа...

Свет6 часа

Путин му изрази сочувство на Иран: „Раиси ѝ беше вистински пријател на Русија“

Рускиот претседател Владимир Путин упати сочувство до иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, опишувајќи го Раиси како вистински пријател на...

Свет6 часа

(Видео) Новинар известува покрај остатоците од хеликоптерот во кој загина претседателот на Иран, багажот на патниците е расфрлан наоколу

Претседателот на Иран, Ебрахим Раиси загина во хеликоптерска несреќа, која се урна во неделата на северозападот на земјата, а спасувачките...

Свет7 часа

Реакции на светските лидери за смртта на иранскиот претседател

Лидерите ширум Блискиот Исток и пошироко го изразуваат своето сочувство откако иранскиот претседател Ебрахим Раиси и уште осум лица загинаа...

Свет8 часа

Новиот претседател на Тајван ѝ порача на Кина: Престанете да ни се заканувате

Претседателот на Тајван, Лаи Чинг-те денеска побара од Кина да ги прекине своите воени и политички закани, велејќи во својот...

Свет9 часа

(Видео) Повеќе торнада ја погодија Оклахома, објавени се снимки

Вчера вечерта се формираа повеќе торнада низ американската сојузна држава Оклахома, вклучително и едно што помина низ Оклахома Сити. Засега...

Свет9 часа

Раиси летал со хеликоптер од американско производство, објави иранска новинска агенција

Иранската државна новинска агенција ИРНА објави дека Раиси летал со хеликоптер Bell 212 од американско производство. Според воениот аналитичар на...

Свет9 часа

(Видео) Нема преживеани во хеликоптерската несреќа со иранскиот претседател, објавија иранските агенции

Иранските агенции јавуваат дека местото на падот на хеликоптерот е пронајдено и дека нема преживеани, пренесува Си-Ен-Ен. „Нема знаци на...

Свет9 часа

(Видео) Објавена снимка од местото на падот на хеликоптерот во кој се наоѓаше иранскиот претседател

Се претпоставува дека иранскиот претседател и министерот за надворешни работи се мртви откако иранските државни медиуми објавија дека не се...

Македонија21 час

Обвинителката собра докази против тројцата осомничени за убиството на Вања и Панче, за Палчо истрагата трае

Скопската обвинителка Жаклина Крстевска-Јосифовска ја заврши истражната постапкa, односно како што појаснуваат од ОЈО Скопје за Макфакс, преземени се сите...

Свет22 часа

Сè уште се трага по хеликоптерот со кој леташе иранскиот претседател Раиси, објави ИРНА

Државната Иранска новинска агенција (ИРНА) објави дека во тек е опсежна операција за пребарување и спасување откако хеликоптерот со иранскиот...

Регион1 ден

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Словачкиот премиер Роберт Фицо е надвор од животна опасност по обидот за атентат, изјави денеска министерот за одбрана и вицепремиер...

Топ1 ден

Во сообраќајката на „Водњанска“ во Скопје со повреди завршија седум лица

Седум лица се повредени во тешката сообраќајна несреќа која синоќа се случи на улица „Водњанска“, пред влезот на Клиничкиот центар...