Контакт

Надворешна политика

Иванов побара од Туск да го отвори прашањето за Македонија пред Европскиот совет

Објавено пред

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов му упати писмо на новиот претседател на Европскиот совет, Доналд Туск, честитајќи му за изборот на оваа функција и истовремено му порача дека Унијата треба да посвети поголеми внимание на евроинтеграциите на Македонија.

dobivaj vesti na viber

 

„По повод Вашиот избор на функцијата претседател на Европскиот совет, дозволете ми од свое лично име и од името на граѓаните на Република Македонија, да Ви упатам најискрени честитки и желби за успех во извршувањето на одговорната должност. Сакам да Ве уверам дека во вршењето на Вашата исклучително значајна функција, секогаш можете да сметате на мојата и од Република Македонија цврста и принципиелна поддршка“, порача македонскиот претседател.

 

 … Дозволете ми да ја искористам оваа прилика да Ве запознам со актуелната состојба на интеграцискиот процес на Република Македонија и воедно да замолам за Вашиот ангажман. Во изминатиов период Република Македонија искрено и посветено ги исполнуваше преземените обврски и постигна виден напредок. Како што веќе знаете Република Македонија е земја кандидат од 2005 година, a од 2009 година континуирано добива позитивни препораки од Европската комисија за одредување на датум за почеток на преговори за членство во Европската унија. Овие препораки, за жал, не се валоризираат во Европскиот совет поради блокирањето на Грција. Како што бевме блокирани на крајот од нашиот пат кон членство на НАТО, така сега сме блокирани на средина на нашиот пат кон членство во Европската унија, и тоа од една земја-членка која ги доведува во прашање колективните интереси и темелни принципи на организациите кон кои сакаме да се приклучиме. Еден од тие темелни принципи е почитувањето на меѓународните договори и меѓународното право“, стои во писмото на Иванов до Туск.

 

 „На 5 декември 2011 година, Меѓународниот суд на правдата пресуди дека грчката блокада на интеграцијата на Република Македонија во НАТО е нелегална и дека се прекршени меѓународно преземени обврски. Судот истакна дека очекува Грција да не го повтори нелегалното однесување од Букурешт. После три години ние сè уште чекаме да се испочитува пресудата на Меѓународниот суд на правдата. Пресудата е констатација на нелегално однесување, но и очекување и повик да се стави крај на кршењето на меѓународното право. А почитувањето на меѓународното право важи и за државата што нè блокира, но и за сите држави-членки на меѓународните организации во кои и натаму сме блокирани. Во 2008 година нашиот процес на интеграција во НАТО беше блокиран од другата страна со оправдување дека блокадата ќе биде фактор за мотивација за решавање на билатералниот спор со Република Грција. Во 2009 година, истото се случи и со процесот за интеграција во Европската унија. Сепак, после шест години, очигледно е дека овој пристап не го отвори патот за решавање на билатералниот спор. Веќе е проверено дека ваквата политичка рецепта не создаде услови за постигнување на взаемно прифатливо решение. Напротив, овој пристап фрли сенка на кредибилноста на процесот на проширување на НАТО и на Европската унија. Како резултат на овој пристап, Република Грција наместо да бара решение на спорот со Република Македонија, прифати дека блокадата на Република Македонија е најдобро решение само по себе. Досегашното искуство недвосмислено зборува дека без промена на пристапот, невозможно е да се дојде до решение“, порачува Иванов.

 

„Затоа, во пресрет на Европскиот совет сакам да побарам поддршка за деблокадата на нашата држава, бидејќи поради предолгата статус кво состојба Република Македонија се соочува со сериозни предизвици кои создаваат фрустрации во македонското општество, нестабилност во политичкиот живот и тензичност во меѓуетничките односи. Дополнително на тоа, се создава негативна слика за кредибилноста на политиката на проширување на Европската унија. Сето ова е резултат на двојните стандарди и недоволното внимание и посветеност на Унијата кон Република Македонија и нејзините напори и постигнати резултати“, вели македонскиот претседател.

 

 „Во изминатиот период, во нашиот регион на југоисточна Европа имаше два позитивни примера на паралелно движење на преговорите за членство и надминување на билатералната разлика. За жал, позитивните искуства од паралелното движење во интеграциите меѓу Словенија и Хрватска и дијалогот меѓу Белград и Приштина што дадоа резултати не се применуваат во случајот со Република Македонија и Грција. Бевме сведоци дека во двата случаи функционерите на Унијата и лидерите на земјите-членки беа активно ангажирани. Убеден сум дека ако Баронесата Ештон посветеше на Република Македонија барем една третина од нејзиното време што го посвети на дијалогот Приштина-Белград, до сега ќе имавме видлив напредок во надминувањето на разликата. За жал, во нашиот случај, од 2009, па до сега, освен напорите на Комесарот Штефан Фуле, не видовме сериозен ангажман. Сакам да побарам од Вас, како пријател на двете држави, прашањето за деблокада на status quo состојбата во која се наоѓа Република Македонија да го отворите пред Европскиот совет. Клучно прашање што верувам дека треба да се постави до Премиерот Самарас е: што ќе изгуби Грција доколку Република Македонија добие датум за почеток на преговорите? Зарем не е во интерес на Грција на својата северна граница да има европски сосед со повисоки европски стандарди, критериуми и вредности, кои би важеле не само за македонските граѓани, туку и за грчките туристи и стопанственици кои доаѓаат во Република Македонија? Ве уверувам дека Република Македонија сака најдобри можни односи со нашиот јужен сосед. Нашите две општества немаат никакви проблеми. Република Македонија и Република Грција се политички и стратегиски поврзани“, потенцира Иванов.

 

 „Со само еден гест, како што е деблокадата на Република Македонија, би се создала поголема доверба и атмосфера во која билатералната разлика ќе биде надмината. Тоа недвосмислено ќе придонесе кон стабилноста, просперитетот и благосостојбата на целиот регион на Југоисточна Европа. Господине Туск, сакам да знаете и дека поканата од Премиерот на Република Македонија, господинот Никола Груевски до Премиерот на Грција господинот Самарас за директни разговори не беше прифатена. Ве охрабрувам Вие лично или Високиот претставник за надворешна политика и безбедност г-ѓа Могерини,  повеќе да бидете ангажирани за деблокирањето на Република Македонија и да ги мотивирате двата премиери да се сретнат за да се надмине билатералната разлика. Во такво очекување, со надеж дека ќе наидам на разбирање, Ве молам да ги примите изразите на моето највисоко почитување, како и топлите и искрени поздрави од Република Македонија“, заклучува Иванов во своето писмо до новиот претседател на Европскиот совет./крај/мф/бс

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Стојаноски: СДСМ ја напуштија седницата кога требаше да се разговара за Резолуцијата за наводни мигранти

Лицемерието на СДС излезе на виделина, ја напуштија собраниската седница кога требаше да се разговара за Резолуцијата за наводни мигранти,...

Топ3 часа

Уапсен возачот кој денеска со камион усмрти велосипедист во Гостивар

Полицијата го уапси возачот кој денеска со товарно возило усмрти велосипедист во Гостивар. Според информациите на МВР, денеска (16.12.2025) околу...

Македонија5 часа

(Видео) СДСМ бара оставка од директорката на ГАК по смртта на новороденчето: „Има сомнежи за лекарска грешка“

СДСМ бара оставка од директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство по смртта на новороденчето. „Денеска со огорченост стоиме пред...

Македонија6 часа

Јавниот обвинител Љупчо Коцевски поднесе оставка

Републичкиот обвинител Љупчо Коцевски денеска поднесе неотповиклива оставка од функцијата. Тој кажа дека од почетокот тврдел дека евентуалната постапка за...

Македонија6 часа

ДЗР утврди неправилности во финансиското работење на АД „Државна лотарија“ и можни злоупотреби со паричните средства во готово

Со извршената ревизија во АД Државна лотарија за 2024 година, утврдени се сериозни неправилности кои се поврзани со нелогични и...

Топ6 часа

При претреси во Виница и Виничко пронајдени шест метални детектори, кутија со 43 златни и сребрени монети: петмина уапсени

Вчера полициски службеници од ОВР Виница поради основано сомнение за сторено кривично дело „присвојување на добра под привремена заштита или...

Македонија6 часа

(Видео) Манасиевски: Никој не сака да биде во тимот на Заев и Филипче

„Никој не му се нафаќа на Филипче да му биде дел од тимот, затоа што со Зоран Заев ја држат...

Македонија6 часа

(Видео) Антикорупцискиот тим на СДСМ ја претстави новата платформа против корупција – МИЦКО: Пријавувајте!

„Антикорупцискиот тим на СДСМ, АКТ, ја претставува новата дигитална платформа за борба против корупцијата и криминалот. Македонски истражувачки центар за...

Свет8 часа

(Видео) Четворица херои се обидоа да ги спречат терористите во Сиднеј, само Ахмед преживеа

Црното знаме на Исламската држава, закачено на шофершајбната на сребрена „хонда“ паркирана покрај пешачкиот мост „Бонди бич“, беше злокобен вовед...

Европа9 часа

(Видео) Трамп: Искрено, Украина веќе изгуби територија

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека договорот за завршување на војната во Украина е „поблиску од кога било“ откако...

Свет10 часа

(Видео) Државата Вашингтон нареди итна евакуација во три предградија на Сиетл

Властите во американската држава Вашингтон издадоа наредба за итна евакуација за три јужни предградија на Сиетл во понеделник откако попушти...

Свет10 часа

(Видео) Трамп ја тужи Би-би-си: бара 5 милијарди долари отштета

Американскиот претседател Доналд Трамп поднесе тужба од 5 милијарди долари против Би-Би-Си за манипулирање на неговиот говор на 6 јануари...

Свет10 часа

(Видео) Синот е одговорен за смртта на Роб Рајнер и неговата сопруга, соопшти полицијата во Лос Анџелес

Ник Рајнер е одговорен за смртта на неговите родители, Роб Рајнер и Мишел Сингер Рајнер, соопшти Полициската управа на Лос...

Свет11 часа

Австралискиот премиер: „Нападот беше мотивиран од ИСИС“; Сведоците опишуваат детали од ужасот

Новите изјави на австралискиот премиер Ентони Албанез, штотуку објавени од неговата канцеларија, произлегуваат од радио интервју за ABC Sydney. „Се...

Европа11 часа

Германија има план од 10 точки за Украина, објави „Ројтерс“

Германија ќе ја засили својата поддршка за одбраната на Украина преку план од 10 точки што вклучува заеднички инвестиции, понатамошна...

Македонија21 час

Светна новогодишната елка! Отворен и Божиќниот маркет во Скопје

Во Скопје вечерва светна новогодишната елка и официјално беше отворен Божиќниот маркет, со што симболично беше означен почетокот на празничната...

Свет21 час

Зеленски: Не е постигнат компромис за територијалното прашање за време на преговорите во Берлин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека позициите на САД и Украина за поделбата на териториите сè уште се разликуваат. Тој...

Свет24 часа

Херојот Ахмед од Сиднеј би можел да ја загуби раката: „Сè би повторил“

Ахмед ал Ахмед, случаен минувач кој вчера херојски совлада и разоружа еден од напаѓачите на плажата Бонди, порача дека и...

Свет1 ден

(Фото) Фудбалер на македонскиот клуб „Рокдејл Илинден“ меѓу жртвите во нападот на плажата Бонди во Австралија

Меѓу убиените во вчерашниот терористички напад на плажата Бонди е и фудбалер на Рокдејл Илинден – клуб на македонската дијаспора...

Економија1 ден

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...