Свет
На Урал собир за поддршка на Путин
Повеќе од 15 илјади луѓе во саботата излегле на улиците на градот Екатеринбург во уралскиот дел на Русија, за да ја поддржат кандидатурата на актуелниот премиер Владимир Путин за претседателските избори, пренесува AFP повикувајќи се на локалната полиција.
Повеќе од 15 илјади луѓе во саботата излегле на улиците на градот Екатеринбург во уралскиот дел на Русија, за да ја поддржат кандидатурата на актуелниот премиер Владимир Путин за претседателските избори, пренесува AFP повикувајќи се на локалната полиција. „На собирот учествуваа 15 илјади луѓе. Собирањето мина како што беше најавено“, изјавил портпаролот на полицијата за областа Свердловск, Валериј Горелик, додавајќи дека не биле регистрирани нарушувања на јавниот ред и мир. Демонстрантите кои се собрале и покрај ниската температура од минус 15 Целзиусови степени, носеле транспаренти со натписот „Ние сме за стабилна иднина“.Овој, како и некои други најавени собири на поддржувачите на претседателската кандидатура на Владимир Путин, доаѓаат како одговор на низата протесни митинзи по парламентарните избори од 4-ти декември, кога опозицијата тврдеше дека неговата владејачка партија Единствена Русија освоила повеќе од 50отсто од гласовите со изборна измама. Странските набљудувачи и невладините здруженија тврдат дека на гласањето биле регистрирани голем број прекршувања на изборните закони, особено при пребројувањето на гласовите. Според странските медиуми, на 24-ти декември во Москва протестирале меѓу 70 и 100 илјади луѓе, коишто бараа поништување на изборните резултати, додека руските медиуми соопштија дека нивниот број не надминувал 50 илјади. Руската опозиција планира нови демонстрации на 4-ти февруари во Москва. Владимир Путин беше претседател на Руската Федерација од 2000 до 2008 година, од кога ја извршува функцијата премиер, а неговата партија Единствена Русија кон крајот на минатата година едногласно го истакна за претседателски кандидат за изборите коишто ќе се одржат на 4-ти март./крај/афп/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Руте: Разговарав со Трамп за Гренланд
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп за безбедносната состојба на Гренланд и Арктикот. Разговорот се одржал телефонски, но Руте не наведе детали за содржината.
Тој најави дека ќе се сретне со Трамп следната недела на Светскиот економски форум во Давос, каде се очекува присуство на политичката и бизнис елита.
Контекстуално, разговорот доаѓа во време кога Трамп бара целосно сопствеништво над Гренланд, кој е автономна територија на Данска. Претходно, тој се закани со зголемени царини за осум земји што одлучија да испратат војници како поддршка на НАТО-вежбата на Гренланд.
Свет
Данска се обидува да го одврати Трамп од идејата дека мора да биде сопственик на Гренланд
Данскиот министер за надворешни работи, Ларс Леке Расмусен, изјави дека Копенхаген се обидува да го разубеди американскиот претседател Доналд Трамп од идејата дека мора да го поседува Гренланд.
Расмусен го изјави ова на прес-конференција во Осло, по средбата со својот норвешки колега. Тој нагласи дека вниманието кон Гренланд не треба да го засени фактот дека во Украина сè уште се води војна и дека е во критична фаза.
И покрај заканите од Вашингтон, Данска, според Расмусен, сака да продолжи со дипломатски пристап. По средбите во Вашингтон со потпретседателот на САД, Џеј Ди Ванс, и со државниот секретар Марко Рубио, решено е да се формира работна група на високо ниво која ќе разгледа дали постои заедничко решение. Првата средба се очекува во наредните недели.
Свет
Орбан доби покана од Трамп да се приклучи на мировниот совет за Појасот Газа
Унгарскиот премиер Виктор Орбан добил покана од американскиот претседател Доналд Трамп да учествува во Советот за мир за Појасот Газа, соопшти денеска унгарскиот министер за надворешни работи и трговија Петер Сијарто.
„Премиерот доби покана од американскиот претседател Доналд Трамп да се приклучи на Советот за мир за Појасот Газа. Според нас, оваа покана е признание за унгарскиот премиер, и тој, секако, ќе учествува во работата на тој совет. Премиерот ми наложи да ја информирам американската администрација“, изјави Сијарто, пренесе официјалниот портал на унгарскиот јавен сервис Hirado.hu.
Тој истакна дека мировните иницијативи на Трамп се високо ценети во светот и додаде: „Американскиот претседател претставува надеж за мировниот процес“.
Според Сијарто, Унгарија е заинтересирана за мир на Блискиот Исток, бидејќи безбедносната состојба во регионот има значително влијание врз Централна Европа.
Орбан веќе присуствуваше на церемонијата за потпишување на мировниот договор во Шарм ел Шеик, Египет, на 13 октомври. Советот за мир за Појасот Газа ќе биде задолжен за надгледување на втората фаза од планот за прекин на војната во палестинската енклава.

