Контакт

Свет

Анализа на СТРАТФОР: Зошто се разменуваат шпионите?

Објавено пред

Сите поголеми глобални медиумски куќи Си-Ен-Ен, Еј-Би-Си и ИТАР-Тас, на 8 јули најавија размена на шпиони помеѓу САД и Русија, во која би биле вклучени и некои од 11-те осомничени руски агенти кои беа уапсени на 27 и 29 јуни.

dobivaj vesti na viber

Сите поголеми глобални медиумски куќи Си-Ен-Ен, Еј-Би-Си и ИТАР-Тас, на 8 јули најавија размена на шпиони помеѓу САД и Русија, во која би биле вклучени и некои од 11-те осомничени руски агенти кои беа уапсени на 27 и 29 јуни. Ниту една од владите не ја потврди размената, што самото по себе води кон нови прашања.Гласините за размената започнаа кога адвокатите на затворените во Русија ја навестија таа можност. Адвокатот и семејството на Игор Сутјагин, руски истражувач за разоружување обвинет за шпионирање во 2004 година, на 7 јули почнаа да најавуваат дека е нареден некаков вид на размена и дека Игор бил префрлен во Виена. Анонимни извори во медиумите почнаа да шпекулираат дека уште тројца Руси, кој се затворени во Русија поради шпионирање, биле земени предвид за размената: Сергеј Скрипал, поранешен полковник во рускиот Директорат за воено разузнавање, Александар Сипачев, поранешен полковник во руската служба за странско разузнавање (СВР) и Александар Запорожски, уште еден поранешен полковник на СВР. Сите се обвинети за шпионирање во корист на ЦИА. Ништо од ова не беше потврдено ниту од Вашингтон, ниту од Москва и отпрвин се чинеше дека сета работа е само претерување од страна на адвокатите на затворениците. Сепак, Сутјагин наводно бил префрлен во Виена, а американските судови набрзина ги префрлија десетте осомничени руски агенти во суд во Њујорк за да се појават првичното сослушување. Медиумите го цитираат адвокатот на осомничената руска шпионка Ана Чапман, кој изјавил дека Ана ќе се изјасни како виновна и веднаш ќе биде депортирана, под претпоставка во замена за оние кои  се затворени во Русија. Непосредно пред почетокот на сослушувањето, еден од обвинителите ги потврди шпекулациите дека сите десетмина ќе се изјаснат како виновни. Се навестува дека многу повеќе наводни шпиони ќе бидат вклучен во размената, но останува нејасно кој ќе биде испратен во Русија и како. Деветмина од  осомничените (сите освен Вики Пелаез) се родени во Русија и повеќето од нив имаат деца во САД. Размената на шпиони помеѓу Русија и САД не е ништо ново. Можеби најпрочуена размена беше онаа на полковникот во руското разузнавање, Рудолф Абел (вистинското име му беше Вилијам Фишер), за пилотот на американското шпионско летало „У-2“, Гери Пуерс во 1962 година. Последната позната размена се случи во 1986 година, кога американскиот новинар и обвинети шпион Николас Данилоф беше заменет за рускиот дипломат и обвинет шпион Генадиј Захаров. Ова, исто така, ќе биде прва јавна размена по речиси 25 години, но и најбрзата: осомничените Руси во притвор се наоѓаат само 11 дена. Овие размени обично се случуваат откако и двете страни повеќе немаат разузнавачка корист од оние кои ги држат во заробеништво. Обвинетите американски агенти се во затвор повеќе од пет години или повеќе и најверојатно биле темелно испрашани, за да можат Русите темелно да ја сфатат нивната разузнавачка вредност за САД, како и нивните тактики и професионална вокација. Многу е тешко Американците да го спровеле сето ова со десетмината уапсени за толку кратко време. Најпопуларната теорија за брзината на оваа размена е дека со тоа се прави обид да се одржат затоплените односи помеѓу двете земји, пред се бидејќи Русија сега се потпира на американската помош при нејзиниот обид за модернизација на економијата. Не претставува изненадување ниту за една од владите (иако Русите беа изненадени од апсењата) тоа што и шпионите во Русија и оние во Америка се свесни за ризикот од тоа да бидат фатени. Ако се земе предвид дека Белата куќа не крена голема врева околу случајов, а апсењата му годат на гордиот руски народ, тогаш навистина не постои дипломатско оправдување за ургентноста.Разузнавачките операции се одвиваат независно од односите помеѓу државите. Вистинското прашање е што се случува зад сцената при ваквите разузнавачки и контраразузнавачки операции. Многумина од осомничените Руси не биле дел од ист  окружок, како што известуваат медиумите, па така апсењето на неколкумина од нив со цел да бидат вратени во Русија не значи дека требало сите да бидат уапсени. Сепак, апсењата од висок профил честопати ги плашат другите шпиони и потенцијално водат кој избрзани акции или комуникација со нивните претпоставени. Ако руските агенти бргу бидат ослободени, тогаш целата акција најверојатно била тресење на дрвото за да испадне нешто друго. Тоа би можело да биде се, од откривање на други разузнавачки операции во САД, до спречување разузнавачките информации собрани од Русите да бидат испратени во Москва., одговор на некој шпионски настан во Русија (како на пример затскриено апсење на некој американски шпион), или здобивање со предност при некоја друга истрага.Ослободувањето на некој од десетте Руси ќе значи дека ФБИ ги собрал сите разузнавачки информации за кои мисли дека му се потребни или може да ги добие, затоа што има поврзани случаи кои тие се уште не сакаат да бидат откриени преку јавното судско сослушување. /крај/сс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Трамп привремено го затвора Центарот Кенеди: „Ќе изградиме глобален бастион на уметноста“

Објавено пред

Американскиот претседател Доналд Трамп објави планови за привремено затворање на Центарот Кенеди во Вашингтон за голема реконструкција, два месеци откако предизвика контроверзии со додавањето на своето име на културната знаменитост.

dobivaj vesti na viber

Трамп изјави на својата платформа Truth Social дека „Центарот Трамп Кенеди“ ќе се затвори во јули за околу две години. Тој рече дека реновирањето ќе го трансформира центарот во „бастион од светска класа на уметност, музика и забава“.

Владата на САД повеќе пати повтори дека комплексот на Центарот Кенеди, кој се наоѓа на реката Потомак, има потреба од поправки и модернизација.

Центарот Кенеди е домаќин на театарски, танцови и музички претстави и е именуван по поранешниот претседател Џон Ф. Кенеди (1917-1963). Името на Трамп беше официјално додадено во декември, предизвикувајќи протести и откажување на настапите од страна на некои изведувачи и групи во институцијата.

Кратко по преземањето на функцијата, Трамп отпушти неколку членови на одборот на директори на центарот и го презеде неговото раководство. Центарот традиционално е домаќин на над 2.000 настани годишно, вклучувајќи го и доделувањето на наградите „Почести на Центарот Кенеди“, кое обично се одржува секој декември.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Американските ѕвезди на Греми наградите му испратија порака на Трамп: „Ние не сме животни, ICE надвор“

Објавено пред

Музичарот од Порторико, Бед Бани, повика на „исфрлање“ на американската Служба за имиграција и царина (ICE) додека ја примаше наградата за најдобра латино урбана музика на доделувањето на наградите Греми во Лос Анџелес.

dobivaj vesti na viber

Бед Бани, кој ќе биде главен изведувач на полувремето на Супербоул следната недела, се осврна на мерките на администрацијата на Трамп против имиграцијата во страсниот говор на доделувањето на наградите Греми.

„Пред да му се заблагодарам на Бога, ќе кажам „ICE надвор!““, рече тој, осврнувајќи се на американските службеници за имиграција, по неколку недели тензии во Минеаполис каде беа убиени двајца цивили.

„Ние не сме дивјаци, ние не сме животни, ние не сме вонземјани, ние сме луѓе и ние сме Американци“, продолжи тој, додека ја примаше наградата.

Многу членови на публиката стоеја додека тој зборуваше. Порториканскиот уметник се смета и за фаворит за главната награда на вечерта, албум на годината. Неговиот говор беше најочигледно политичкиот момент на церемонијата, каде што многу уметници, вклучувајќи ја и Р&Б ѕвездата Кехлани, носеа значки „ICE out“ на црвениот тепих.

Прикажи повеќе...

Свет

Премиерката Такаичи би можела да оствари убедлива победа на изборите во Јапонија

Објавено пред

Партијата на јапонската премиерка Санае Такаичи веројатно ќе обезбеди убедлива победа на изборите за долниот дом на парламентот следната недела, покажа анкета на весникот „Асахи“.

dobivaj vesti na viber

Силниот настап на изборите би го зацврстило влијанието на Такаичи врз партијата и би ѝ ги ослободил рацете за експанзивна фискална политика, што би можело да ги зголеми загриженостите за финансиите на Јапонија и да ги зголеми приносите од обврзниците.

Либерално-демократската партија на премиерката Такаичи веројатно ќе освои повеќе од 233 од 465 места во долниот дом, според анкетата на „Асахи“ објавена вчера.

Тоа би било зголемување во однос на сегашните 198 места. Заедно со коалицискиот партнер на ЛДП, Јапонската партија за иновации, или Ишино, владејачката алијанса веројатно ќе достигне 300 места, покажа анкетата.

Најголемата опозициска партија, Центристичкиот реформски сојуз, е во проблеми и би можела да изгуби половина од своите 167 места, објави „Асахи“. Владејачката коалиција на Такаичи моментално има тесно мнозинство во моќниот долен дом и малцинство во горниот дом.

Премиерката ги распиша новите избори со надеж дека ќе ја консолидира власта откако ја презеде функцијата од сопартиецот Шигеру Ишиба, кој поднесе оставка по лошите изборни резултати.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет33 минути

(Видео) Американските ѕвезди на Греми наградите му испратија порака на Трамп: „Ние не сме животни, ICE надвор“

Музичарот од Порторико, Бед Бани, повика на „исфрлање“ на американската Служба за имиграција и царина (ICE) додека ја примаше наградата...

Свет51 минута

Премиерката Такаичи би можела да оствари убедлива победа на изборите во Јапонија

Партијата на јапонската премиерка Санае Такаичи веројатно ќе обезбеди убедлива победа на изборите за долниот дом на парламентот следната недела,...

Свет57 минути

Иранскиот демонстрант Ерфан Солтани ослободен со кауција

Иранскиот демонстрант Ерфан Солтани, кој беше уапсен за време на антивладините протести и се стравуваше дека ќе биде осуден на...

Свет1 час

Трамп: Мислам дека ќе постигнеме договор со Куба

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД се во дијалог со кубанските власти што би можел да доведе до договор,...

Македонија9 часа

(Видео) Безбеден град денес регистрираше 500 казни

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вечерва преку објава на социјалната мрежа Фејсбук им порача на граѓаните дека треба да бидат горди...

Свет15 часа

Бројот на жртви во пожарот во Швајцарија се искачи на 41, меѓу жртвите и 18-годишно момче

Почина осумнаесетгодишно момче кое беше повредено во пожарот во барот во Кран-Монтана, соопшти денеска швајцарската новинска агенција Keystone-SDA, повикувајќи се...

Регион16 часа

Од денеска во Бугарија задолжително плаќање во евра, левот излегува од употреба

Од денеска, 1 февруари, еврото станува единствена официјална валута во Бугарија, додека левот повеќе нема да биде прифатлив за плаќање...

Македонија18 часа

Мицкоски најави дека ќе се чека уште 11 месеци да стигнат нови камиони на Комунална хигиена

Преку Министерството за транспорт и во соработка со Светската банка ќе се набават 40 нови возила за потребите на ЈП...

Свет20 часа

(Видео) Сведоштво на мајката и сопруга на уапсените за марихуаната поврзана со Македонија

Членови на семејството Спасојевиќ и нивни соседи се огласија по заплената на повеќе од пет тони марихуана на семеен имот...

Македонија21 час

Петте тони марихуана откриени кај Крушевац биле набавени во Македонија

Вишиот суд во Белград синоќа им одреди притвор на тројца уапсени по заплената на пет тони марихуана во селото Коњух...

Македонија24 часа

Од денес Безбеден град казнува, со три забрани за возење ја губите возачката дозвола

На територија на Скопје, Куманово и Тетово и на коридорите 8 и 10 од денеска стартува имплементацијата на системот за...

Свет2 дена

(Видео) Извлечени 51 лице заглавени на жичница на планината Улудаг во Турција

Технички дефект на жичницата на планината Улудаг, во близина на северозападниот турски град Бурса, предизвика блокирање на 51 лице кои...

Македонија2 дена

По реакции од граѓани, се чисти Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информираше дека денеска градот е целосно мобилизиран во сеопфатна и темелна акција за чистење на...

Македонија2 дена

Скопјани бараат од Цементарница Усје да работи според еколошките стандарди

Еколошките активисти од иницијативата „Стоп за Усје“ и граѓани денеска протестираа поради загадувањето на воздухот и бараа од Цементарница „Усје...

Македонија2 дена

Во Кочани ќе се гради патека на бесконечност за загинатите во Пулс

Советот на Општина Кочани на вчерашната 9. седница едногласно ја поддржа иницијативата за изградба на спомен-обележјето „Патека на бесконечноста за...

Свет2 дена

Момче во Германија повлекло девојка под воз што доаѓал од спротивен правец, двајцата се мртви

Во Хамбург во четврток, две лица загинаа на метро станицата Вандсбек Маркт откако маж влечеше жена на шините пред воз...

Македонија2 дена

Од утре внимавајте, Безбеден град почнува официјално да казнува со суми од 20 до 500 евра и одземање на возачката дозвола

Од утре официјално започнува примената на системот Безбеден град, со што автоматското снимање и санкционирање на сообраќајните прекршоци влегува во...

Свет2 дена

Во текот на изминатото деноноќие, Русија извршила вкупно 1.019 напади врз Украина

Украинската противвоздушна одбрана соборила 64 од 85-те дронови што Русија синоќа ги лансирала, соопштија утрово Воздухопловните сили (ВВС) на Украина....

Регион2 дена

Државна секретарка од Црна Гора сакала да се самоубие поради секс скандал

Мирјана Пајковиќ, до неодамна државна секретарка во Министерството за човекови и малцински права на Црна Гора, поднесе оставка откако нејзините...

Свет2 дена

Нови откритија за Епстин и елитата: објавени документи за контакти со Бил Гејтс, политичари, принц – тврдел и дека цимерот во затворот сакал да го убие

Американското Министерство за правда објави нови милиони документи поврзани со случајот на Џефри Епстин, со што повторно се отворија прашањата...