Македонија
Денеска пред пратениците измените на Законот за минимална плата
На третото продолжение на 84 седница во Собранието на Република Македонија пратениците ќе расправаат по Предлог – законот за изменување на Законот за минимална плата во Република Македонија, по скратена постапка.
Предвидена е пратеничка дискусија и за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата во периодот од 2000 до 2004 година, исто така по скратена постапка.
На дневен ред пред пратениците ќе се најдат и Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за постапување со бесправно изградени објекти, како и Предлог-законот за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, двата по скратена постапка како и Предлог-законот за дополнување на Законот за земјоделското земјиште, предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за трговските друштва, Законот за медицинските студии и континуираното стручно усовршување на докторите на медицина, Законот за семејството и Законот за заштита на културното наследство, сите во прво читање.
Во средата во Собранието на Република Македонија во рамки на второто продолжение на 84 седница пратениците го донесоа дополнетиот Законот за служба во Армијата на Република Македонија и Националната програма за железничка инфраструктура 2014-2016 година.
Народните избраници ги донесоа и изменетите и дополнети Закон за учебници за основно и средно образование и Законот за стечај. Заклучија дека е прифатлив и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за превоз на опасни материи во патниот и железничкиот сообраќај и може да се даде во натамошна постапка./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Законот за високо образование нема да биде повлечен, јавнaта расправа продолжува
Министерката за образование и наука Весна Јаневска на пленарна седница изјави дека нема да го повлече нацрт-законот за високо образование.
Таа посочи дека во моментов се одржуваат јавни расправи на сите универзитети и дека нацрт-текстот е објавен на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР), каде што сите засегнати страни можат да достават коментари.
На прашање од пратеничката од СДСМ, Бисера Костадиновска-Стојчевска, која изнесе забелешки, Јаневска одговори дека законот е „за добробит на сите“ и дека реакциите не можат да се генерализираат.
Според министерката, предлог-законот е усогласен со европски и светски стандарди и предвидува подобрување на студентските права, двегодишен мандат за универзитетските тела, можности за ангажман на демонстратори и вработување на студенти на проекти, како и поддршка за најдобрите студенти.
Јаневска нагласи дека членот 13 се однесува на заштита на автономијата на универзитетите и дека во изработката на текстот учествувале над 60 професори.
Македонија
Гаши во Стејт департментот: Верската хармонија во земјава како модел за општеството
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари средба со Мајкл Дозлер, раководител на Одделот за европски и евроазиски прашања во Канцеларијата за меѓународни верски слободи, како и со други претставници во Стејт департментот на САД.
За време на средбата, претседателот Гаши нагласи дека нашата земја ужива верска хармонија, која треба да служи како модел за унапредување на другите општествени односи. Беше дискутирано за важноста на толеранцијата и негувањето на верските вредности, а воедно и зачувувањето на секуларниот карактер на државата.
Дозлер изрази благодарност за моделот на хармонија што постои во земјата и нагласи понатамошна поддршка за иницијативите што промовираат мир и соработка.
Меѓу другото, беа дискутирани и искуствата и средбите одржани за време на последната посета на претседателот во Вашингтон (февруари 2026 година), каде што Гаши изрази благодарност за меѓудржавната соработка и партнерство.
Македонија
Гоце Наумовски стана нов уставен судија
Собранието со 63 гласа „за“, седум „против“ и без воздржани го избра професорот Гоце Наумовски за нов уставен судија, по што тој даде свечена изјава дека функцијата ќе ја извршува совесно, одговорно и во согласност со Уставот и законите.
Наумовски е редовен професор по римско право на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ – Скопје.
Доаѓа на местото на судијката Јадранка Дабовиќ-Анастасовска, која во декември поднесе оставка од функцијата судија на Уставниот суд, поради здравствени и лични причини.

