Свет
Најмалку 200 загинати во рудник за злато во Сиера Леоне
најмалку 200 рудари загинале во уривање на копот во нелегален рудник за злато во Сиера Леоне, соопшти министерство за минерални богатства
Несреќата се случила во јужниот регион на земјата, 290 километри од главниот град Фритаун.Несреќите во рудниците на драгоцени камења и благородни метали во Сиера Леоне се многу чести, бидејќи има многу нелегални копови во кои луѓето кои се ангажирани за ниски надници работат без искуство и потребна опрема во речиси никакви безбедносни услови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Сопругата на Асад побара развод, не сака да живее во Москва
Сопругата на соборениот сириски претседател Башар ал Асад, Асма ал Асад, поднесе барање за развод откако во Москва изрази незадоволство од својот живот, објавија вчера турските и арапските медиуми, додавајќи дека наводно сака да се пресели во Лондон.
Асма се обрати до рускиот суд и побара посебна дозвола да ја напушти Москва. Нејзината пријава моментално ја оценуваат руските власти.
Асма е двојна британско-сириска државјанка која е родена и израсната во Лондон, објави Би-би-си. Асма се преселила во Сирија во 2000 година и се омажила за Асад истата година на 25-годишна возраст.
Иако неговото барање за азил во Москва беше прифатено, Башар ал Асад, наводно, се уште е под строги ограничувања. Нему не му е дозволено да ја напушти Москва или да се занимава со какви било политички активности.
Руските власти го замрзнаа и неговиот имот и пари. Неговиот имот вклучува 270 килограми злато, 2 милијарди долари и 18 станови во Москва.
Регион
Ранетата учителка од Пречко закрепнува: „Со телото спасила можеби 10 животи“
Незапаметената трагедија во петокот ја шокираше, разбесне и најмногу ја растажи Хрватска, но и многу соседни земји.
19-годишен млад ментално болен упаднал во основното училиште Пречко и почнал да ги боде учениците. Едно 7-годишно дете почина. Станува збор за ученик од прва одделение во кое упаднал напаѓачот. Според родителите, и тој ученик му се спротивставил на убиецот за да ги заштити своите соученици.
Тешко повредена е и неговата учителка која има 62 години и за која ова беше последна генерација пред пензија. И таа била избодена со нож во обид да спречи напад врз учениците. Ранети се уште три деца. Тешко е повреден и напаѓачот, кој по нападот побегнал во блискиот Здравствен дом и таму се обидел да се самоубие. Полицијата го спречила во тоа.
На социјалните мрежи се објавуваат пораки за поддршка за храбрата учителка која застанала пред напаѓачот со нож во рака. Таа се обидела со своето тело да го спречи и да го држи што подолго, а со тоа им дала можност на децата да избегаат. Децата ги искористија тие неколку моменти и побегнаа како и каде знаеја, некои низ прозорец, некои низ врата, објави Индекс.хр.
Како што објавија некои медиуми, наставничката имала над 30 убоди.
Повредената наставничка е извадена од механичка вентилација и добро закрепнува. Како што објавија хрватските медиуми, од болницата соошштиле дека таа е стабилна, а вчера веќе и била пружена психолошка помош.
Трогнат сум од храброста и смиреноста на ранетиот наставник, кого се надевам дека ќе го посетам кога е можно, но и на другите наставници и вработени во училиштето во овој трагичен настан, се вели во пораката на градоначалникот на Загреб, Томислав Томашевиќ, упатена до родителите и вработените на основното училиште каде што се случи трагедијата.
Регион
(Видео) Српската полиција: На протестот имаше помалку од 30.000 луѓе; Архивата на јавни собири: Имаше 2-3 пати повеќе
Архивата на јавни собири во Србија објави проценка колку луѓе учествувале на протестот што се одржа вчера на белградскиот плоштад Славија. Врз основа на достапните снимки и фотографии, Архивата на јавните собири утврди дека се собрале меѓу 100.000 и 102.000 луѓе.
Beograd, Slavija, protest. pic.twitter.com/PWI4t9on5r
— Petervujin (@Petervujin61176) December 22, 2024
Да потсетиме, тоа беше заеднички протест на студентите среде блокадите на факултетите, каде тие бараат одговорност од властите за несреќата во Нови Сад.
Na današnjem protestu na Slaviji demonstranti su zauzeli površinu od oko 45.000 kvadratnih metara, što znači da je broj prisutnih bio između 2 i 3 puta veći od službene procene MUP-a. Arhiv javnih skupova radi na konkretnijoj proceni, što je u ovom slučaju posebno obiman posao. pic.twitter.com/CgCCLWCryG
— Arhiv javnih skupova (@javniskupovi) December 22, 2024
Српското МВР претходно соопшти дека во моментот на најголемата посетеност на протестот имало од 28.000 до 29.000 граѓани. Снимките со кои се пребројувале учесниците се снимени во периодот од 16:45 до 17:00 часот, објаснуваат од Архивот.