Македонија
Милошоски:Очекуваме препреки во претседавањето со Советот на Европа
Во однос на самото наше претседавање со Советот на Европа очекуваме одредени препреки на патот, поврзани со различните перцепции на начинот и на насловот со кој што ќе се претседава, во овој случај предизвикани од Република Грција
Во однос на самото наше претседавање со Советот на Европа очекуваме одредени препреки на патот, поврзани со различните перцепции на начинот и на насловот со кој што ќе се претседава, во овој случај предизвикани од Република Грција.
Ова денеска го истакна министерот за надворешни работи Антонио Милошоски одговарајќи на пратеничко прашање поставено од пратеникот Александар Спасеновски од ВМРО-ДПМНЕ за очекувањата од претседателствувањето на Република Македонија со Советот на Европа.
Владата на Република Македонија е длабоко свесна за разликата која што постои меѓу нас и јужниот сосед, но сметавме дека токму заради тоа начинот на претседавањето треба да биде прагматичен и применлив и да не претседава државата со некое име, туку да претседава како и многу други членки држави со изведена придавка „Македонско претседателство“ која што се однесува на нашата држава, на нашата националност, јазик, културен идентитет и слично“, истакна Милошоски.
Тој рече дека Советот за Европа може да биде вистинското место каде една нација, една земја членка може да го промовира својот културен и национален идентитет кој што е дел од богатството на различностите во Советот на Европа.
Милошоски изрази жалење што до сега не се наиде на разбирање од страна на владата во Атина и рече дека постои можност ова прашање да биде дел од оние порано видени редовни попречување, опструкции, преговори за време на самото претседавање.
„Но сепак наша цел е да не внесуваме билатерални расправи и проблеми во Советот на Европа, туку да внесеме една содржина и интерес што ќе можат да и помогнат на самата организација да се движи напред, а се тоа во согласност со духот на Советот на Европа“, рече министерот за надворешни работи Антонио Милошоски./крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството
Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го загубија жена и малолетно дете по пад од зграда.
Од Обвинителството соопштија дека е наредена обдукција на телата, како и обезбедување и анализа на сите траги и материјални докази, со цел да се утврдат причините и околностите на настанот.
„Јавниот обвинител нареди обдукција на телата на починатите и прибирање траги и докази.
Се вршат разговори со повеќе лица кои би можеле да имаат сознанија за причините за настанот“, соопшти обвинителството.
Македонија
„Денес потфрли целиот наш систем“: се огласи братот на жената која заедно со ќерката паднаа од зграда во Карпош
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“.
Ова на социјалните мрежи го објави Александар Стојаноски, брат и вујко на починатите мајка и ќерка кои денеска починаа по пад од зграда во скопски Карпош.
Стојаноски во објавата се обрати во име на семејството, обвинувајќи дека институциите потфрлиле, посочувајќи дека жената пријавувала насилство, а институциите не реагирале.
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство, денес се случи убиство
Денес потфрли МВР, Социјалните служби, денес потфрли целиот наш систем. После години на пријавувано семејно насилство, физичко и психичко насилство врз двете, закани, пријавувања, обид за убиство во сред државна институција, ги загубив внуката и сестрата.
Државата овозможи да згаснат млади животи, ве молам да не шпекулирате што се случило, никој нема да ми ги врати најмилите, но правдата ќе мора да се истера до крај и нема да запреме додека не се случи тоа!
Со оглед на тоа што и покрај сите пријави и случувања, институциите не постапија до сега, барам фокус од јавноста и медиумите за ова, нема да дозволиме да помине само како бројка, правдата мора да го стигне секој еден!
Сестра ми денес требала повторно да иде во социјално, за сите овие работи, а со внуката се слушнавме за Прочка, ми рече – вујче прости ми ако сум ти згрешила нешто … вујчино, прости ми ти, прости на овие неспособни институции, а јас вујче, нема никогаш да простам и да заборавам
Споделете, да не се заборави и изгуби низ нашиот систем“, пишува Стојаноски во објавата.
Македонија
Поради утрешната посета на Руте посебен режим на сообраќај во Скопје
Утре во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, соопшти МВР.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

