Свет
ЕП усвои резолуција со која го повикува сирискиот претседател да поднесе оставка

Резолуција со којашто се повикува сирискиот претседател Башар ал-Асад да ја напушти власта, е усвоена во четвртокот на пленарната седница на Европскиот парламент во Стразбур, изјави портпаролот на ЕК.
Резолуција со којашто се повикува сирискиот претседател Башар ал-Асад да ја напушти власта, е усвоена во четвртокот на пленарната седница на Европскиот парламент во Стразбур, изјави портпаролот на ЕК.„Парламентот го повика претседателот Башар ал-Асад и неговиот режим да се повлечат од власта веднаш, и побара независна, транспарентна и ефективна истрага за убиствата, апсењата и тортурата спроведувани од страна на сириските безбедносни сили и изведување на извршителите пред лицето на правдата“, го цитира РИА Новости портпаролот на европарламентот Според него, европратениците, исто така, побарале од властите во Сирија веднаш да престанат со употреба на сила против демонстрантите чијашто храброст и одлучност тие ја поздравуваат. Европските парламентарци истовремено го поддржаа и предлогот на Советот на ЕУ за новиот пакет санкции против Сирија, вклучувајќи и забрана за увоз на сурова нафта од оваа земја. Покрај тоа, во резолуцијата се повикуваат членките на Советот за безбедност на Обединетите нации, особено Русија и Кина, да ја осудат употребата на сила против демонстрантите во Сирија, и доколку тоа не биде прекинато, да се воведат санкции против Дамаск. Според високиот комесар на Обединетите нации за човекови права, Нави Пилај, во протестите во Сирија досега загинале околу 2.600 луѓе.Сириските власти и натаму тврдат дека бунтот од 15-ти март го почнале „вооружени терористички банди кои доаѓаат надвор од земјата“ и дека во судирите со нив досега се убиени повеќе од 550 припадници на сириската полиција и на војската./крај/рн/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Евакуирани семејствата на персоналот во британската амбасада во Израел

Членовите на семејствата на британскиот персонал во амбасадата во Тел Авив и конзулатот во Ерусалим се привремено повлечени.
Амбасадата и конзулатот остануваат отворени, но овој потег ги отсликува чекорите преземени од другите дипломатски мисии додека борбите продолжуваат.
Американската амбасада во Ерусалим е затворена барем до петок, според соопштението на Стејт департментот.
Европа
Путин денес ќе одржи прес-конференција за западните медиуми

Рускиот претседател Владимир Путин денес ќе одговара на прашања од западни новинари во Санкт Петербург, додека неговата војна против Украина беснее, а непријателствата меѓу Иран и Израел ескалираат.
На првиот ден од годишниот Меѓународен економски форум во Санкт Петербург (СПИЕФ), Путин ќе се сретне со претставници на меѓународни новински агенции за да ја презентира својата перспектива за глобалните прашања, соопшти Кремљ.
Во минатото ваквите сесии со прашања и одговори беа познати по тоа што траеја со часови. Војната на Путин против Украина, веројатно, повторно ќе биде во центарот на вниманието.
Русија го користи СПИЕФ за да се претстави пред светот и да се спротивстави на меѓународната изолација што ја бара Западот. Форумот се смета и за место за заобиколување на санкциите против богатата со ресурси нација. Според организаторите, најголемиот економски настан минатата година привлече речиси 22.000 учесници од 139 земји.
Путин планира да одржи говор за економската политика в петок, како што прави секоја година, и да одговори на прашања на панел.
И покрај ограничените економски контакти, на форумот присуствуваат многу претприемачи и говорници од западните земји.
Свет
Иран: „Воцап“ ја испраќа вашата локација до ционистите; „Воцап“: Не споделуваме информации со никого

„Воцап“ денес ги негира обвинувањата дека ги споделува личните податоци на своите ирански корисници со Израел.
Иранската државна телевизија вчера ги повика луѓето да ја избришат апликацијата „Воцап“ од своите телефони тврдејќи дека собира лични податоци, вклучувајќи ги и локациите на корисниците, и ги споделува со, како што велат, ционистичкиот непријател.
„Загрижени сме дека овие лажни извештаи би можеле да се искористат како изговор за блокирање на нашите услуги во време кога луѓето имаат најголема потреба од нив“, изјави портпаролот на „Воцап“, во сопственост на „Мета груп“.
„Сите пораки што ги испраќате до вашето семејство и до пријателите на ‘Воцап’ се енкриптирани од крај до крај, што значи дека никој, освен испраќачот и примачот, нема пристап до тие пораки, дури ни ‘Воцап’“, увери тој.
„Ние не даваме информации на ниедна влада“, инсистира портпаролот на „Воцап“ додавајќи дека „повеќе од десет години ‘Мета’ обезбедува извештаи за транспарентност, што ги вклучуваат ретките околности во кои се барани информации од ‘Воцап’“.
Во петокот, по избувнувањето на непријателствата во Израел, иранското Министерство за комуникации објави привремени ограничувања на интернет во земјата. Многу веб-страници и апликации оттогаш се делумно или целосно недостапни.
Иранските власти го повикаа населението да ја минимизира употребата на уреди поврзани со интернет и да биде претпазливо онлајн, според новинската агенција ИНСА.
На државните службеници и на нивните безбедносни тимови им е забрането да користат какви било поврзани уреди, вклучувајќи мобилни телефони, паметни часовници и лаптопи, според упатството од властите.
Иран, денес, исто така објави апсење на пет лица, идентификувани како агенти на Мосад, израелската разузнавачка служба, обвинети за оцрнување на имиџот на Исламската Република на интернет, објавија неколку локални медиуми.