Македонија
Деветнаесет години независно новинарство?
Пред деветнаесет години новинарите беа едни од носителите на идејата за независност на Република Македонија, а каде се денес, се прашуваат самите.
Пред деветнаесет години новинарите беа едни од носителите на идејата за независност на Република Македонија, а каде се денес, се прашуваат самите. „Денеска сме компромитирани, понижени, разединети,“ рече за Макфакс, Тамара Чаусидис, една од иницијаторите на новинарското „востание“, на денешната здружена акција на плоштадот „Македонија“ каде беше поставено платно на кое секој можеше да даде свој одговор на темата „19 години независна Македонија!19 години независно новинарство?“. „Мислам дека забелешките што ќе ги видиме на ова платно токму тоа и ќе го отсликаат, таа поделеност, таа политизација и на јавноста, но мислам дека и ние самите сме учесници во таа слика за медиумите и креатори на тој тип на јавност,“ смета Чаусидис. Иницијаторите на идејата за обединување на новинарската фела, велат дека декларацијата која ги содржи целите и амбициите на новинарското „востание“ вчера била доставена и до државниот и политичкиот врв на земјата. Платното пак, заедно со мислењата и проблемите на новинарите и граѓаните ќе биде поставено на следното изборно собрание на ЗНМ. „Ова платно наша идеја е да го сочуваме и да го истакнеме на изборното собрание на ЗНМ кое претпоставувам дека ќе се одржи за некое извесно време, за да ги потсетува колегите кои ќе бираат и ќе бидат бирани каква слика имаме едни за други и каква слика имаат граѓаните на кои ние им се обраќаме, за нас,“ рече Чаусидис за Макфакс и додаде дека активностите за обединување нема да престанат тука. Иницијативата за новинарско „востание“ доби поддршка и од Меѓународната фондација на новинари./крај/ко
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

